Свет
Цигарите за извоз завршуваат дома

Камиони со пратки на сите брендови на цигари што ги произведува Тутунскиот комбинат во Прилеп редовно исчезнуваат на својата маршрута кон Скопје, тврдат извори на „Време“, упатени во бизнисот со цигари.
Камиони со пратки на сите брендови на цигари што ги произведува Тутунскиот комбинат во Прилеп редовно исчезнуваат на својата маршрута кон Скопје, тврдат извори на „Време“, упатени во бизнисот со цигари.
Како доказ за своето тврдење тие ја наведуваат продажбата на цигари низ скопските зелени пазари.
Нашите извори велат дека целиот бизнис минува со премолчено одобрение на властите во земјава.
Упатените во бизнисот со цигари велат дека ова е т.н. внатрешен шверц, а се врши така што цигарите од прилепскиот комбинат се облепуваат со бандероли за извоз. Комбинатот легално си нарачува такви контролни маркици од Министерството за финансии и плаќа за нив. Потоа се изработува фиктивна документација за дестинацијата каде што треба да замине стоката.
Исто така, фиктивно се прави и извоз на цигарите, но тие никогаш не излегуваат од Македонија туку мистериозно завршуваат на скопските пазари.
Сите брендови на цигари што ги произведува Тутунскиот комбинат во Прилеп може да се купат на црно на зелените пазари, и тоа за многу пониска цена од редовната. Една кутија „бренд“ во редовна продажба чини 45, а на пазар може да се купи за 30 денари.
Извори на „Време“ тврдат дека ниту една земја во светот, освен Македонија, не прави бандероли што означуваат дека акцизната стока е за извоз, од проста причина што земјата-увозник на тие цигари мора да стави свои контролни маркици. Како доказ за ова, изворите на „Време“ го објаснуваат т.н. полушверц со цигарите „бос“, кои се произведуваат во Тутунскиот комбинат – Скопје. Овој бренд цигари, кои се произведуваат за потребите на пазарот во Косово, легално се извезуваат во протекторатот.
Потоа тамошната административна управа на Обединетите нации им става свои бандероли, кои се со одличен квалитет и е речиси невозможно да се фалсификуваат. Македонските шверцери легално ги купуваат цигарите „бос“ од Косово, но илегално ги враќаат во земјава и ги пласираат на црно.
Една кутија од овие цигари на црно чини 50 денари, а нивната набавна цена на Косово е 35 денари. Во редовна продажба во земјава една кутија „бос“ чини 65 денари.
Изворите на „Време“ велат дека голем дел од шверцот на цигари во земјава се врши преку границата со Србија и Црна Гора, бидејќи моментно на Балканот оваа земја имала најниски цени на цигарите.
Екипа на „Време“
МВР ДЕМАНТИРА
Во шверцот нема полицајци
МВР вчера преку соопштение до јавноста ги отфрли сите обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ дека полицајци се вмешани во шверцот со цигари. Во соопштението се вели дека таквите информации се евтини обиди за политички профит и претставуваат удар врз безбедносниот систем на државата.
„Станува збор за класична дезинформација, која има цел да го искористи МВР за дневнополитички цели. Јавното изнесување имиња и презимиња на вработени во МВР што вршат специфични работи претставува закана за нив и за нивните семејства, дотолку повеќе што се работи за професионалци, кои во Министерството работат повеќе години и успешно ги извршуваат своите работни задачи. МВР сфаќа дека во предизборниот период политичките партии ќе се служат со разни игри, трикови, па дури ќе пласираат и дезинформации, но смета дека освојувањето власт со вакви методи претставува загрозување на безбедносните институции, а со тоа и на стабилноста на државата“, се вели во соопштението.
Шверцот го изеде данокот
Шверцот со цигари е причина што Управата за јавни приходи (УЈП) во првите три месеци од годинава собрала помалку пари од планираните во буџетот од акцизи и од ДДВ, вели Петра Митева, директорка на УЈП.
– Заклучно со 28 март годинава, а во споредба со истиот период лани наплатата е зголемена за 2,5 отсто. Во споредба со планираното за годинава имаме потфрлање од 2 отсто и тоа токму поради шверцот со цигари – рече Митева.
Никола Поповски, министерот за финансии вчера, пак, изјави дека потфрлањето воопшто не е драматично.
Митева информира дека во последната акција, инспекторите одзеле 1.580 кутии цигари без бандероли што слободно се продавале во продавниците. Управата затворила 45 дуќани во Гостивар.
А.К.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Стотици луѓе на улиците на Израел: протестираат поради одлуката за продолжување на војната во Газа

Израелската полиција употреби воден топ против демонстрантите кои трет ден по ред протестираа против одлуката на премиерот Бенјамин Нетанјаху да го смени шефот на домашната разузнавачка служба Шин Бет Ронен Бар, а неколку демонстранти беа уапсени, пренесоа светските медиуми.
Израелците протестираат и поради одлуката за продолжување на војната во Појасот Газа, со која беше прекршен двомесечниот прекин на огнот, а Хамас се уште држи 59 израелски заложници.
„Многу сме загрижени бидејќи нашата земја се претвора во диктатура“, изјави Ринат Хадаши (59) во Ерусалим. „Тие ги напуштаат нашите заложници, игнорирајќи се што е важно за оваа земја.
Стотици демонстранти денеска отидоа во официјалната резиденција на премиерот, каде се обидоа да ги пробијат безбедносните кордони и се судрија со полицијата. Планирани се и протести пред воениот штаб во Тел Авив.
Дури и пред војната во Појасот Газа, десетици илјади Израелци учествуваа на редовни протести против напорите на владата да ги ограничи овластувањата на судството.
Од почетокот на војната, има редовни протести на семејствата и поддржувачите на заложниците кои ги држеше Хамас.
Регион
Пленковиќ до Вучиќ: Бараj проблеми на друго место

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во четвртокот во Брисел изјави дека разбира оти во Србија се обидуваат да ги бараат проблемите на друго место, но дека не се во меморандумот за соработка во областа на одбраната, кој го потпишаа Хрватска, Косово и Албанија.
„Тоа е меморандум за заедничка соработка, нема непријателски карактер, затоа разбирам дека сега треба да ги бараме проблемите на друго место, но во овој текст ги нема“, рече Пленковиќ запрашан да ја коментира изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ во средата изјави дека ова е кршење на т.н субрегионалниот договор за контрола на оружјето од 1996 година и дека е речиси сигурно дека НАТО не бил информиран за тоа. Пленковиќ додаде дека овој меморандум ги помага напорите на Косово и Албанија во нивните реформи и размена на искуства.
Хрватска, Албанија и Косово потпишаа Декларација за зајакнување на одбранбената соработка, по што Србија најави дека ќе побара итно објаснување од министерствата за надворешни работи на Хрватска и Албанија во врска со потпишаниот документ.
„Тие отворија трка во вооружување во нашиот регион, тоа е тешка ситуација за нас, но ја разбравме нивната порака. Ќе ја спасиме нашата земја, ќе ги одвраќаме и секогаш успешно ќе ја браниме од секој потенцијален агресор, дури и од ваков моќен“, им рече Вучиќ на српските новинари по разговорите во НАТО со генералниот секретар Марко Руте.
Регион
Земјотрес на Крит

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, четврток, 20 март 2025 година во 18 часот и 27 минути на подрачјето на Крит, Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во област со географски координати од географска ширина 35,56 и географска должина 24,64.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 35 километри под површината на земјата.