Свет
Власта подготвува напад врз антикорупционерите
По непотврдените сознанија дека тиквата пукнала во институцијата за борба против корупцијата
По непотврдените сознанија дека тиквата пукнала во институцијата за борба против корупцијата
Годишниот извештај на Државната комисија за 2005 одличен повод за дебата околу политизираноста на одделни членови, велат во СДСМ
КАТИЦА ЧАНГОВА
На власта Ј пукна филмот со Антикорупциската комисија. Чашата се прелеа со прогласувањето ненадлежност во случајот со имотната состојба на семејството Груевски. Пратениците од најголемата владејачка партија на големо се острат да ги распнат антикорупционерите. Шансата ќе ја искористат кога на 129. седница ќе се дебатира за годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2005 година.
Во ВМРО-ДПМНЕ се воздржани и немаат коментар за внатрешните проблеми со кои се соочува Антикорупциската комисија. Меѓутоа, велат дека се работело за оркестрирана хајка на власта.
"И ние во СДСМ имаме неофицијални информации за навистина големи проблеми во Антикорупциската комисија. Поради однесувањето на некои членови, а особено поради внесувањето политика, се блокира работата на важна институција. Во овој момент не би сакале јавно да ги коментираме овие состојби, но ќе ги отвориме најсериозно кога парламентот ќе го разгледува извештајот на Државната комисија", изјави вчера портпаролот на Социјалдемократскиот сојуз, Борис Кондарко. За тоа дека Антикорупциската комисија се најде на тапет шест месеци пред да Ј заврши мандатот, во СДСМ се категорични дека ќе бидат доследни секогаш кога станува збор за примена и за постапување по закон.
Кондарко вели дека во СДСМ се проценуваат правните можности и се бараат законските начини за разрешување на Слаѓана Тасева од директорската позиција во Полициската академија или од волонтерското членство во Антикорупциската. Нема да биде поштеден ниту Михајло Маневски. "Таа како функционер има приходи од две државни институции. Се преиспитува судирот на интереси. Доколку има можности, не е исклучено да побараме од министерот за внатрешни работи, Љубомир Михајловски, да ја разреши Тасева од Полициската академија", објаснува Кондарко, ставајќи ја во контекст и нејзината работа во "Транспарентност – Македонија".
За неколкумесечните атаки на СДСМ адресирани до Антикорупциската комисија во партијата на Никола Груевски не се многу зачудени, бидејќи велат дека таа партија сў уште не излегла од комунистичка матрица. Што се однесува до најавите за бркање на Тасева од Академијата, објаснувањата се дека тоа има врска со отворањето повеќе случаи на приватизација што се посочени како криминални и незаконски. "Фрапантно е што СДСМ сў уште размислува дека институциите во државата се создадени за да служат за дневнополитички потреби. Сега, кога некоја институција ќе каже онака како што е напишано во закон, СДСМ веднаш ја прогласува за општествено неподобна", потенцира Оливер Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ, одговорен за комуникација со јавноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Детали од пропаднатиот мировен договор меѓу Русија и Украина: „Киев да гарантира трајна неутралност, а Москва да не напаѓа“
Русија и Украина беа блиску до постигнување мировен договор во пролетта 2022 година, според кој Киев бил подготвен да се посвети на неутралност, пренесува „Велт“ повикувајќи се на нацрт-договорот.
Повикувајќи се на документ од 17 страници од 15 април 2022 година, германскиот весник наведува дека Москва и Киев постигнале начелен договор и дека преостанатите разлики ќе бидат „измазнети“ на самитот меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски.
Според „Велт“, Украина тогаш се обврзала на „постојана неутралност“ без присуство на странско оружје или војници, како и да не „прима, произведува или стекнува“ нуклеарно оружје. Киев, наводно, гарантирал и дека нема да одржува воени вежби со други земји.
За возврат, Русија се обврза да не ја напаѓа Украина, а Киев можеше да добие безбедносни гаранции од САД, Велика Британија, Франција и Кина. Доколку Украина биде нападната, нејзините гаранти ќе го поддржат нејзиното право на самоодбрана во рок од три дена, со ратификација на соодветните договори од секоја држава учесничка, што ќе ги направи правно обврзувачки.
„Велт“ наведува и дека договорот го исклучил рускиот полуостров Крим, како и делови од Донбас од какви било безбедносни гаранции дадени на Украина.
Сепак, не е јасно кои делови на Донбас беа опфатени со клаузулата. Весникот наведува дека иако Русија сакала да се утврдат точните граници на самитот Путин-Зеленски, Киев одбил, инсистирајќи дека тие се засновани на украинско толкување.
Во исто време, Москва наводно сигнализирала дека е подготвена да ги повлече своите војници од украинска територија, но не и од Крим и Донбас. И тоа требаше да разговараат Путин и Зеленски.
Двете страни, исто така, наводно имале големи несогласувања околу големината на украинската војска, бидејќи Киев сакал да задржи многу повеќе војници отколку што Москва била подготвена да дозволи.
„Велт“ објави дека Москва бара рускиот да стане втор официјален јазик во Украина. Русија, наводно, побарала укинување на сите меѓусебни санкции и отфрлање на тужбите, истовремено повикувајќи го Киев да го забрани нацизмот и „агресивниот национализам“. Украина ги одби тие барања, пишува весникот.
Коментирајќи го сега пропаднатиот договор, еден украински преговарач за „Велт“ изјави: „Тоа беше најдобриот договор што можевме да го постигнеме“. Преговарачот исто така изјави дека Киев бил во посилна преговарачка позиција во 2022 година отколку сега.
Руските власти претходно потврдија дека Украина и Русија се блиску до мировен договор, но тврдеа дека напредокот е закочен од тогашниот британски премиер Борис Џонсон, кој наводно го советувал Киев да продолжи со борбите. Џонсон ги отфрли обвинувањата.
Свет
„Смрт за Америка и Израел“: Хутите тврдат дека собориле американски борбен дрон
Јеменската милитантна група Хути соопшти дека соборила американско борбено беспилотно летало MQ-9 Reaper и објави видео на кои се прикажани делови од дронот.
Хутите тврдат дека го собориле дронот со проектил земја-воздух, дел од новата серија напади на бунтовниците оваа недела, по релативно затишје во војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.
Пентагон, Централната команда на САД и американските воздухопловни сили не ја коментираа изјавата на милитантите, но Си-Би-Ес Њуз цитираше неименуван американски функционер кој потврдил дека дронот се урнал во Јемен.
Видеото објавено од Хутите вклучува ракета која е лансирана кон беспилотно летало, а во позадина се слуша како човек го рецитира слоганот на групата по ударот на авионот: „Господ е најголем, смрт за Америка, смрт за Израел, проклетство на Евреи, победа на исламот“.
На видеото се прикажани и неколку главни делови од дронот, вклучувајќи го и логото на General Atomics, која го произведува авионот, како и серискиот број.
Свет
Апокалипса во Кина: силно торнадо руши се’ пред себе, 5 загинати и многу повредени
Најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени во силно торнадо што денеска го погоди јужниот кинески град Гуангжу, јави кинескиот јавен сервис CGTN.
Сеизмолошкиот институт соопшти дека торнадото било на ниво 3, што е две нивоа под највисокото, а увидот за материјалната штета е во тек, објави државната новинска агенција Ксинхуа.
Метеоролошката станица во селото Лијангтиан во округот Бајин, на околу три километри од местото каде што потекнува торнадото, попладнево забележа максимален удар на ветер од 20,6 метри во секунда.
Претходно во текот на денот, градските власти издадоа предупредувања за можна појава на грмотевици, дожд, град и торнада во многу окрузи.
Ова доаѓа додека провинцијата Гуангдонг се бори со рекордни поплави предизвикани од обилните дождови, кои однесоа најмалку четири животи и раселени десетици илјади луѓе низ неколку градови.
Најмалку 10 лица се водат како исчезнати.