Контакт

Свет

Верушевски оди во амбасадата во Рим

Објавено пред

Зоран Верушевски е официјално именуван за "советник одговорен за безбедносни прашања" во македонската амбасада во Рим, каде МНР го упатува по предлог и избор на директорот на Агенцијата за разузнување Лазе Китановски

dobivaj vesti na viber

ПРЕКОМАНДА НА РАЗУЗНУВАЧОТ

Зоран Верушевски е официјално именуван за "советник одговорен за безбедносни прашања" во македонската амбасада во Рим, каде МНР го упатува по предлог и избор на директорот на Агенцијата за разузнување Лазе Китановски

Разузнувачот Зоран Верушевски е официјално именуван за советник во македонската амбасада во Рим. Во Министерството за надворешни работи вчера ни потврдија дека решението за негово упатување на дипломатска служба е веќе потпишано. Верушевски во амбасадата се упатува како "советник одговорен за безбедносни прашања".

Според објаснувањето што го добивме од МНР, целата постапка околу именувањето на контроверзниот разузнувач е завршена од Агенцијата за разузнување. Верушевски за Рим патува како предлог и избор на директорот на Агенцијата Лазе Китановски, а МНР има обврска само да ја заврши постапката околу неговото формално упатување на служба во странство. Во Министерството тврдат дека ваквото овластување на Агенцијата доаѓа од договор потпишан меѓу двете институции во времето кога шеф на разузнувачите била Доста Димовска, а МНР го водеше Слободан Чашуле. Со ваква постапка, која се спроведува со формална одлука на Владата, досега веќе биле испратени 6 разузнувачи во македонските дипломатски претставништва.

Во описот на работното место на Верушевски, во МНР објаснуваат дека ќе биде грижата за безбедноста во амбасадата, соработката со безбедносните служби на земјата во која е на работа, и координација со нив околу современите закани по безбедноста – како што се тероризмот, трговијата со дрога, бело робје, оружје за масовно уништување. За својата работа ќе го информира и ќе се координира со амбасадорот, но директен претпоставен ќе му биде директорот на Агенцијата за разузнавање.

Верушевски со одењето во Рим се здобива со статусот дипломат и ќе ги ужива правата и привилегиите што за дипломатите ги предвидува Виенската конвенција, објаснуваат во МНР. Меѓу нив е и дипломатскиот пасош, кој по службена должност и по интерните правилници, велат во Министерството, може да им биде издаден и на членовите на неговото семејство доколку живеат со него, или одат да го посетат додека е во Рим.

Нашите соговорници велат дека ваков пасош веројатно ќе може да добие и неговиот син Александар, кој минативе две години е постојано во фокусот на јавноста заради проблемите што ги има со законот во Македонија. Младиот Верушевски е осуден на една година затвор за обид за изнуда во струшкото кафуле "Адмирал", има уште една пресуда за една година затвор, а меѓу кривичните дела му се запишани и обид за убиство, газење човек со автомобил и носење пиштол. Во МНР велат дека децата на македонските дипломати на служба во странство добиваат дипломатски пасош ако се на редовни студии, ако се стари до 26 години или не се во брак. Понатаму не сакаа да коментираат, додавајќи само дека по овие основи и на Верушевски би му следувала повластена патна исправа.

Постариот Верушевски од почетокот на годинава ги полнеше весниците и телевизиите со изјавите дека сакаат да го ликвидираат структурите во државата што шверцуваат нафта, цигари и акцизна стока. Не наведуваше имиња, но тврдеше дека има документација за заканите, и за нив разговараше со Јавниот обвинител Александар Прчески. Разузнувачот постојано повторуваше и дека син му го местат, и ги оспоруваше судските одлуки како неосновани.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Избран е новиот врховен лидер на Иран

Објавено пред

Од

Иранското Собрание на експерти го избра Моџтаба Хосеини Хамнеи за нов врховен лидер на Исламската Република, објавува Иран Интернешнл.

dobivaj vesti na viber

Овој историски и клучен политички потег за иднината на земјата дојде само неколку дена откако неговиот татко, долгогодишниот ајатолах Али Хамнеи, беше убиен во разорен израелски воздушен напад рано наутро во саботата.

Моџтаба Хамнеи е најстариот син на убиениот врховен лидер и личност со исклучително длабоки корени во безбедносниот и воениот апарат на државата.

Уште како млад човек, тој активно учествувал во крвавата војна Иран-Ирак, борејќи се токму во редовите на Револуционерната гарда. Неговото влијание особено се зајакна кога го презеде оперативното водство на озлогласената паравоена организација Басиџ, милиција која одигра клучна и брутална улога во насилното задушување на масовните антивладини протести по спорните претседателски избори во 2009 година.

Неговото официјално назначување на највисоката верска и политичка позиција во земјата испраќа недвосмислена порака до Западот, но и до домашната јавност, дека иранското раководство не планира никакви отстапки или поумерени политики во наредните денови.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ лут на граѓаните: „Отидоа да се сончаат во Дубаи и не ме слушаа што зборував“

Објавено пред

Од

Првиот авион со патници од Дубаи слета во Белград рано утрово, а вториот се очекува во текот на ноќта. Српскиот претседател Александар Вучиќ е лут на граѓаните кои, како што вели, не го послушале, иако немало официјално државно предупредување против патување на Блискиот Исток, пишува N1 Белград.

dobivaj vesti na viber

„Сите оние кои се сончаа во Дубаи и не ме слушаа што зборував сега ќе ги бараат виновниците во нас, кои им помагаат да се извлечат од сето ова“, рече српскиот претседател.

Првото враќање од Емиратите до Србија беше успешно, иако летот беше одложен за неколку часа и помина подолг пат преку Оман. Патниците ја опишуваат хаотичната ситуација.

„Никој не не контактираше. Неколку пати се јавив во амбасадата, но немаа информации. Бевме сами“, рече еден од патниците. Други додадоа: „Не излеговме ниту се движевме многу. Амбасадорот не посети и тоа беше тоа.“

Еден патник рече: „Беше хаотично и воопшто не беше безопасно. Никој не ни зборуваше, но ниту ние не го очекувавме тоа. Сè решивме во лет.“ Сите се согласуваат за едно: „Секој може да каже што сака, но ситуацијата не беше безопасна.“

Дека ситуацијата не беше безопасна потврдуваат и експертите кои го следеа летот. „Безбедносните услови за тој лет не беа добри. Само 25 минути по полетувањето, целиот воздушен простор на Емиратите беше затворен бидејќи Министерството за одбрана објави дека бараж од балистички ракети се движи кон Емиратите“, вели Петар Војиновиќ од порталот „Танго Сикс“.

Ситуацијата на терен е непредвидлива, но оние што живеат и работат во Емиратите ја доживуваат поинаку од туристите.

„Градилиштето работи, има повеќе сообраќај на улиците, трговските центри се отворени, Бурџ Калифа не е евакуирана. Фала му на Бога, сè е нормално“, вели агентот за недвижности Милан Станиќ.

ИТ експертот Милан Шариќ размислува слично: „Жал ми е за туристите, нивната ситуација е поинаква. Тие се на аеродромот, слушаат звуци, не ѝ веруваат на владата тука, а за нив сè е различно“.

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Иран: Сè уште не сме го употребиле нашето најнапредно оружје

Објавено пред

Од

Иран е подготвен за долга војна против САД и Израел и сè уште не го употребил своето најнапредно оружје, соопшти денес иранското министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

„Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивната одбрана подолго отколку што непријателот планираше за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник, цитиран од официјалната новинска агенција ИРНА.

„Немаме намера да го распоредиме целото наше напредно оружје и опрема во првите неколку дена“, додаде тој.

Во меѓувреме, Револуционерната гарда вечерва објави дека испалила уште еден пламен од ракети кон Израел.

„Шеснаесеттиот бран на „Операција Вистинско ветување 4“ започна со голем број ракети и беспилотни летала лансирани од Воздухопловните сили на Револуционерната гарда кон срцето на окупираните територии“, се вели во соопштението, осврнувајќи се на Израел.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија10 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија16 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија16 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија17 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија17 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија17 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија17 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија18 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија20 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија20 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија20 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет22 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет22 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет22 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет23 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет23 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет23 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет23 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија1 ден

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...