Свет
Бивши дипломати се противат на кандидатурата на Болтон во ООН

Околу 60 поранешни американски дипломати синоќа се спротивставија на кандидатурата на Џон Болтон за нов американски амбасадор при Обединетите нации.
Околу 60 поранешни американски дипломати синоќа се спротивставија на кандидатурата на Џон Болтон за нов американски амбасадор при Обединетите нации. Претседателот Џорџ Буш го кандидираше Болтон на почетокот од март, и покрај тамошните критики дека овој невообичаено отворен дипломат и жесток критичар на ООН не е вистинскиот човек за таа функција. “Ве повикуваме да ја одбиете кандидатурата“, напишале бившите дипломати во писмото до претседателот на Одборот за надворешни односи на американскиот Сенат Ричард Лугар, што требаше да му биде врачено синоќа. Тие му забележуваат на Болтон, кој моментно ја врши функцијата потсекретар за контрола на вооружување и меѓународна безбедност во Стејт департментот, дека не се откажува од неговиот став оти “ООН има вредност само кога им служи директно на интересите на САД“. Дипломатите наведуваат дека Болтон работел како платен истражувач за Тајван и оти се залагал таа земја да се признае како суверена држава./Крај/хи/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
ЕУ: Ќе престанеме да увезуваме руски гас; Кремљ: Си пукаат во нога

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес за Ројтерс изјави дека Европската Унија си пука во нога со својот предлог да го запре целиот увоз на руски гас до крајот на 2027 година.
Европската комисија соопшти дека следниот месец ќе предложи законски мерки за постепено запирање на целиот увоз на руски природен и течен природен гас, во обид да се прекинат децениските енергетски односи со својот поранешен главен снабдувач со гас.
„Тие ја намалуваат конкурентската средина со тоа што претпочитаат поскапи стоки од САД и други земји. Можеме само да се надеваме дека следната генерација европски политичари ќе ја процени ситуацијата потрезвено“, рече Песков.
Европската комисија следниот месец ќе објави законски предлог за забрана на нови договори и раскинување на постојните краткорочни договори за снабдување со гас преку цевководи и течен природен гас со руски компании, што би стапило на сила до крајот на 2025 година.
Ова ќе ги намали испораките на руски гас за една третина до крајот на оваа година. После тоа, увозот на руски гас постепено ќе се намалува во текот на следните две години, а до крајот на 2027 година, ЕУ дефинитивно ќе престане да биде зависна од рускиот гас.
„Сега е време Европа целосно да ги прекине своите енергетски врски со несигурен снабдувач. Енергијата што доаѓа на нашиот континент не треба да биде надомест за агресивна војна против Украина. Им го должиме тоа на нашите граѓани, нашите бизниси и нашите храбри украински пријатели“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Од почетокот на руската инвазија на Украина, ЕУ значително го намали увозот на руски гас преку гасоводи. Во 2021 година, 45 проценти од потрошениот гас во ЕУ доаѓаше од Русија, а во 2024 година ова беше намалено на 19 проценти. Од друга страна, ЕУ продолжи да увезува руски течен гас.
Планот на Комисијата предвидува и мерки во областа на увозот на руска нафта, чиј удел веќе се намали од 27 проценти на почетокот на 2022 година на сегашните три проценти поради европските санкции.
Меѓу другото, ЕК планира дополнителни мерки насочени кон таканаречената флота во сенка. Станува збор за бродови под знамиња на трети земји што Русија ги користи за да го заобиколи ограничувањето на цените наменето за ограничување на извозот на руска нафта во трети земји.
Регион
(Видео) Силно невреме во Хрватска: падна град со големина на лешник, дождот ги блокираше улиците

Денес попладне, Хрватска беше погодена од силно невреме.
Град со големина на лешник паѓаше неколку минути, и предизвика штета врз овошните насади и растенијата.
Според прогнозата, невремето би требало да се смири до вечерта.
„Истрамет“ пишува дека огромни количини дожд наврнале на крајниот југ од Истра. Тие забележуваат дека дождот предизвикал и поплави.
Општината апелира до жителите да не користат лични возила, освен ако не е потребно, со цел да се овозможи непречено работење на службите за итни случаи и да се избегнат доцнења и евентуални оштетувања на возилата поради поплави.
ДХМЗ издаде жолто предупредување за грмотевици за крајбрежната област и регионот Осиек за вторник, додека истото предупредување за среда важи само за крајбрежјето.
Регион
Шмит: Додик ја загрозува безбедноста на БиХ

Високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, денес пред Советот за безбедност на ОН изјави дека постапките на властите на Република Српска опасно го загрозуваат уставниот поредок на Босна и Херцеговина и Дејтонскиот договор.
На сесијата одржана во Њујорк, високиот претставник го презентираше својот редовен шестмесечен извештај за ситуацијата во Босна и Херцеговина и истакна дека Дејтонскиот договор бил нападнат, што довело до невидена криза.
„Да бидеме јасни. Тековната криза е резултат на сериозни напади од страна на одредени политичари врз Дејтонскиот договор и правниот поредок во БиХ“, рече Шмит на седницата на Советот за безбедност.
Тој посочи дека овие напади уследија по пресудата на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, кој беше осуден на една година затвор, кога властите на РС се обидоа со своите закони да го спречат работењето на државните судски органи и безбедносните агенции во тој ентитет.
„Тој (Додик) дури и ја посочи можноста за отцепување“, рече Шмит, предупредувајќи дека е во тек „кулминација на долго планираните политики“.
„Станува збор за загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на земјата“, оцени високиот претставник, додавајќи дека е охрабрувачки што најголемиот број Срби вработени во властите на БиХ не ја следеле реториката на Додик.
Тој оцени дека во такви околности е важно меѓународната заедница јасно да ја поддржи територијалната целовитост и суверенитет на БиХ врз основа на Дејтонскиот договор.
Американскиот амбасадор Џон Кели потврди дека САД и администрацијата на Доналд Трамп остануваат посветени на стабилноста на Босна и Херцеговина и на Дејтонскиот договор. „САД цврсто се спротивставуваат на сецесијата и дестабилизирачката реторика“, рече Кели, изразувајќи јасна поддршка за високиот претставник.
Претставничката на Велика Британија и воедно специјална пратеничка на земјата за Западен Балкан, Карен Пирс, изјави дека прашањето за БиХ е клучно за стабилноста на Европа, а Додик ГО оцени како личност која претставува закана за суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ. Таа силно го поддржа Високиот претставник и потребата тој да ги користи своите овластувања во сегашните околности.
Рускиот амбасадор Василиј Небензја се спротивстави на тоа што на Шмит му беше дозволено да се појави како висок претставник уште на почетокот на седницата, но неговиот приговор беше одбиен. Потоа Небензија ја напушти салата во знак на протест, а кога се врати, за време на дискусијата го обвини Шмит за дестабилизација на БиХ по наредба на Западот и ја бранеше политиката на Милорад Додик и неговите соработници.
„Би било добро да се ослободат жителите на БиХ од надворешни влијанија што ја трујат атмосферата“, рече рускиот амбасадор.