Свет
Хопман: ОБСЕ е во криза и треба да се трансформира
Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) се наоѓа во криза што мора да ја надмине со јакнење на флексибилноста и спроведување реформи, изјави денеска во Виена, професорот во Комисијата Фулбрајт и на Универзитетот Браун Теренс Хопман.
Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) се наоѓа во криза што мора да ја надмине со јакнење на флексибилноста и спроведување реформи, изјави денеска во Виена, професорот во Комисијата Фулбрајт и на Универзитетот Браун Теренс Хопман. “На ОБСЕ и е потребна поголема приврзаност на главните земји-членки, а неопходно е и да се отстранат пречките во работата, како што е консензусот“, рече Хопман во излагањето на Дипломатската академија. Тој оценува дека Русија гледа опасност во ОБСЕ по однос на својот суверенитет, оти САД не покажуваат голем интерес за оваа Организација, односно поголемо внимание му посветуваат на НАТО кога станува збор за безбедноста, додека ЕУ поголемо значење и дава на својата заедничка безбедносна политика. “Потребно е јасно ограничување на работите меѓу многуте меѓународни организации за да се избегне поклопување“, додаде Хопман. Американскиот експерт оценува дека ОБСЕ своето внимание треба да го насочи на централна Азија и на Кавказ бидејќи има големо искуство со кризни ситуации, како што се сецесии, борба против илегална трговија со дрога како и со “неуспешни“ држави./Крај/б/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Премиерката на Естонија: Немаме план Б ако Украина ја загуби војната
Естонската премиерка Каја Калас изјави дека Естонија нема план Б доколку Украина ја загуби војната.
„Не треба да се предаваме на песимизмот. Победата во Украина не е само територија. Ако Украина влезе во НАТО, дури и без одредена територија, тогаш тоа е победа бидејќи ќе биде ставена под чадорот на НАТО“, рече Калас во интервју за Би-Би-Си.
Владата на Естонија одвои повеќе од еден процент од естонскиот БДП за воена и финансиска помош за Украина.
„Ако секоја земја на НАТО го направи тоа, Украина ќе победи“, посочува Калас.
Естонија, мала балтичка држава која некогаш беше дел од Советскиот Сојуз, е уверена дека откако ќе завршат борбите во Украина, рускиот претседател Владимир Путин ќе го сврти своето внимание кон Балтикот, барајќи да ги врати земјите како Естонија под контрола на Москва.
Свет
(Видео) Поплави во јужна Германија, жителите евакуирани со хеликоптери
Невреме вчера и денеска погоди големи делови од јужна Германија, предизвикувајќи прекин на сообраќајот, а некои жители мораа да бидат евакуирани со хеликоптер.
Во областа на баварскиот град Аугсбург, жителите мораа да бидат евакуирани поради дефект на насип и брана, соопштија властите.
Поради поплавите, во прекин е железничкиот сообраќај меѓу главниот град на Баварија, Минхен, Брегенц во Австрија и Цирих во Швајцарија.
Во прекин беше и линијата меѓу Улм и Аугсбург, а меѓуградските возови на релација Штутгарт-Минхен беа пренасочени.
Жителите на баварскиот град Фишах, западно од Минхен, биле изнесени со хеликоптер од своите домови откако се излеа реката Шмутер.
Update zum Wehr#Hochwasser pic.twitter.com/lX5hrZp46M
— Bummibaer 🐻 🇺🇦 (@MrBummiBinBaer) June 1, 2024
Водостојот расте, дождот не престанува да паѓа. Прогласена вонредна состојба
Мештаните поинаку не можеа да ги напуштат своите домови, изјави портпаролката на окружните власти. Според полицијата, службите за итни случаи и чамците ќе ги преземат луѓето во поплавените домови. Неколку соседни окрузи прогласија вонредна состојба бидејќи дождот продолжува да паѓа и нивото на водата расте.
Во сојузната покраина Баден Виртемберг, западно од Баварија, ситуацијата брзо се влоши откако реката Ротум почна да се излева на неколку места.
Во малиот град Рајнштетен, 150 служби за итни случаи работат повеќе од 22 часа за да ја ублажат поплавата што се случи по пукањето на браната, изјави градоначалникот Филип Буеркл за ДПА.
Буеркл рече дека противпожарните служби од блиската област пумпаат вода од подрумот и дистрибуираат вреќи со песок. Досега е евакуиран само еден дом за стари и изнемоштени лица во кој престојувале 15 лица.
Училиште во селото Мекенбеурен, во близина на езерото Констанца, мораше да биде евакуирано откако локалната река проби вреќи со песок поставени околу него.
Германската метеоролошка служба предвиде дополнителни грмежи и до 80 литри дожд на метар квадратен во јужните делови на Германија. Невремето се очекува да продолжи и утре.
Свет
Пукање во западна Германија, ранети четири лица, напаѓачот е во бегство
Четири лица се ранети денеска во престрелка во Хаген, во западна Германија, а осомничениот сторител е во бегство, соопшти полицијата. Во потрагата бил вклучен и полициски хеликоптер.
Властите претходно потврдија за ДПА дека двете места на злосторството вклучуваат фризерски салон и блиска станбена зграда во Хаген, јужно од Дортмунд.
Полицијата е на местото на злосторството, а на граѓаните им се препорачува да го избегнуваат просторот околу местото на злосторството.