Свет
РАИ: Папата во кома, Ватикан демантира

Папа Јован Павле Втори е во кома, јави италијанската државна телевизија РАИ.Извори во Ватикан демантираа дека поглаварот на римокатоличката црква е во кома.
Папа Јован Павле Втори е во кома, јави италијанската државна телевизија РАИ. Извори во Ватикан демантираа дека поглаварот на римокатоличката црква е во кома. “Светиот Отец не во кома. Тоа е апсолутна бесмислица. Нема да паднеме толку ниско за да играме такви игри“, ги пренесува Ројтерс зборовите на неименуван ватикански претставник. Италијанскиот кардинал Камило Руини, викар на Рим, кој според каноните на Римокатоличката црква има обврска да ја соопшти смртта на папата Јован Павле Втори, пристигна во Ватикан. Папата добил последна причест, што се дава на оној чиј живот е во опасност. /крај/хн/ил/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
НАТО заостанува зад Русија и Кина во однос на производството на оружје, рече Руте

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави денеска за време на посетата на Белата куќа дека членките на Aлијансата мора да произведат повеќе оружје.
Алијансата заостанува зад Русија и Кина во однос на производството на оружје, рече Руте за време на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе „Ројтерс“.
Руте минатиот месец истакна дека членките на Алијансата ќе мора да ги зголемат трошоците за одбрана „многу над три проценти“ од БДП, објави бриселскиот „Политико“.
„Во следните месеци ќе договориме цел буџет“, рече Руте за време на интервјуто на Минхенската безбедносна конференција.
Тој додаде дека зголемувањето на распределбите „ќе бара приоритет на одбраната во однос на другите области“.
Алијансата поставува нови цели за способност, кои ќе дефинираат каде треба да се насочат дополнителни ресурси.
Руте нагласи дека веќе е јасно оти има недостиг од системи за противвоздушна одбрана, ракети со долг дострел и тенкови за одржување на воените сили.
„Не инвестиравме доволно во последните 40 години, особено по падот на Берлинскиот ѕид. САД со право бараат рамнотежа во овој поглед. Тоа е сосема логично“, рече Руте за трошоците за одбрана во Европа и Канада.
Руте додаде дека САД остануваат посветени на НАТО, и покрај неодамнешните изјави на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, кој рече дека европските сојузници „не можат да очекуваат присуството на Америка во Алијансата да трае вечно“.
САД придонесуваат повеќе од 50 отсто од својот БДП во НАТО, така што Алијансата е „првенствено американска организација“, рече Руте, додавајќи дека постои „јасна посветеност од НАТО кон Соединетите држави“.
Американскиот претседател Доналд Трамп побара од сојузниците да трошат пет отсто од својот БДП за одбрана, што е големо зголемување од два отсто на кои алијансата се согласи пред една деценија, што сега се смета за недоволно за да се спротивстави на заканата од Русија и потребата од повторно вооружување, а во исто време испраќање оружје во Украина, пишува Политико.
Новата цел, според бриселскиот портал, треба да биде усвоена на самитот на лидерите на НАТО во јуни во Хаг.
Регион
Унгарскиот министер за надворешни работи: Украина се турка во ЕУ, додека Западен Балкан чека 15 години

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ги критикуваше двојните стандарди на Европската унија, посочувајќи дека таа инсистира на членство на Украина, додека земјите од Западен Балкан чекаат повеќе од 14,5 години.
„Додека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен инсистира на членство на Украина до 2030 година, земјите од Западен Балкан чекаат повеќе од 14,5 години“, рече Сијарто на прес-конференција по средбата со црногорскиот вицепремиер за надворешни и европски прашања Филип Ивановиќ.
Сијарто истакна дека „интеграцијата на овој регион ќе ја зајакне ЕУ, додека членството на Украина би претставувало економски и земјоделски ризици“.
Тој истакна дека е горд на напредокот на Црна Гора кон членството во ЕУ за време на унгарското претседателство со Советот на ЕУ, истакнувајќи ја неговата поддршка за понатамошни преговори под полското претседателство.
Сијарто најави и зајакнување на економската соработка меѓу Унгарија и Црна Гора, нагласувајќи дека унгарскиот извоз во Црна Гора лани надмина 100 милиони евра, со значителни инвестиции во ИТ, телекомуникациите и финансискиот сектор.
Свет
Советникот на Зеленски: Нема да се согласиме на замрзнат конфликт со Русија

Aндриј Јермак, шеф на кабинет и советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека Украина нема да се согласи на замрзнат конфликт со Русија.
„Нема да прифатиме замрзнат конфликт, против такво сценарио се и нашите американски партнери. Ние сме против „Минск 3“, а Европа ќе биде вклучена во мировниот процес“, рече Јермак.
Јермак дополнително нагласи дека Украина и САД се договориле европските претставници дефинитивно да учествуваат во мировниот процес.