Свет
Процедура во случај на смрт на Папа
Римокатоличката црква има јасно и прецизно утврдена процедура на верификување на смртта на папата, како и за избор на нов поглавар.
Римокатоличката црква има јасно и прецизно утврдена процедура на верификување на смртта на папата, како и за избор на нов поглавар. Во случај на смрт на Папата Јова Павле Втори, префектот на домаќинството на папата бискупот Џејмс Харви, го известува коморникот кардиналот Едуард Мартинез Собал, кој мора да ја верификува смртта на Поглаварот на Римокатоличката црква. Коморникот во присуство на членовите на Апостолската комора и шефот за церемонии на папата архиепископот Пјеро Марини ја составува умреницата. Во 20 век е воведено симболично проверување на смртта на папата со три удари со сребрен чекан по челото. Секретарот потоа го издава сертификатот за смртта на папата. Коморникот потоа го известува викарот на Рим, кардиналот Камилио Руини, а тој ја објавува веста за смртта на Папата на народот на Рим. Истовремено префектот го известува деканот на Колегиумот на кардиналите, сега Јозеф Рајцингер, а тој го информира Колегиумот, амбасадорите акредитирани во Ватикан и шефовите на државите. Приватните одаи на папата за тоа време се запечатуваат, неговиот прстен и печат се кршат со што симболично се става крај на неговото владеење и се отстранува опасноста од нивна злоупотреба. Аутопсија на телото на папата не се врши. Погребот трае девет денови, а го организираа кардиналите. Датумот на погребот мора да биде меѓу четвртиот и шестиот ден по смртта, а папата се погребува во Базиликата на свети Петар во ковчег од чемпрес, кој се става во поголем оловен ковчег, а потоа и во сандак од борово дрво. Сите кардинали и надбискупи ја продолжуваат својата секојдневна работа, но нивните овластување се ограничени. Колегиумот на кардиналите секојдневно се состанува. Конклавата за избор на нов поглавар на Римокатоличката црква почнува во сикстинската капела во Ватикан и тоа 15 до 20 денови по смртта на папата. Членови на конклавата се 120 кардинали помлади од 80 години. Тие се собираат во капелата на молитва,а за нов папа можат да гласаат веќе првото попладне. Ако ниту еден кандидат не одвои две третини од гласовите плус еден, кардиналите се состануваат наредниот ден. Кога папата ќе биде избран тој потврдува дали ја прифаќа одлуката и соопштува кое име сака да го земе. Потоа се облекува во папска одежда и седнува на папскиот престол во Сикстинската палата. Според традицијата народот за изборот на новиот папа дознава кога од капелата се издигнува бел чад, од запалените ливчиња на кои гласале кардиналите. Се додека не е избран папата во горењето на ливчињата се додава хемикалија која произведува црн чад. Деканот на колегиумот потоа од балконот на базиликата свет Петар со зборовите “хабемус папам“, им соопштува на насобраните дека е избран нов папа, кој се појавува на балконот и на верниците им упатува благослов./крај/бна/м
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.

