Свет
18-годишно момче уаспено во Франција, Израел загрижен: „Иран планира напади за време на Олимписките игри во Париз“
Шефот на израелската дипломатија, Израел Кац, денеска во дипломатска нота го предупреди француското Министерство за надворешни работи за потенцијална закана од тероризам и се заблагодари на француската влада за дополнителната безбедност за заштита на израелските спортисти и туристи.
„Имаме разузнавачки информации кои укажуваат дека ирански оперативци и други терористички групи планираат да нападнат членови на израелската делегација и израелски туристи“, рече Кач.
Предупредувањето дојде откако полицијата во Франција уапси џихадист под сомнение дека планирал терористички напад на Олимпијадата.
18-годишен џихадист е уапсен во регионот Жиронд, департман на крајниот запад на Франција, пренесуваат тамошните медиуми. Уапсен е утрово и кај него полицијата пронашла докази за џихадистичка идеологија.
Инспекторите потврдија за локалните медиуми дека тој е поврзан со друг маж, исто така 18-годишен, кој беше уапсен во вторникот. Двајцата комуницирале преку шифрирана услуга за пораки. Тие напишаа дека сакале да извршат напад за време на Олимписките игри.
Апсењето на џихадистот го потврди и Жералд Дарманин, францускиот министер за внатрешни работи. Тој не кажа дали цел на нападот требало да биде Париз или некој друг град во кој се одржуваат натпревари.
„Сè уште работиме на случајот, избегнуваме да даваме детали, но има поврзаност“, рече министерот.
Предупредувањето од израелските власти дојде откако Иран го осуди приемот и заштитата на израелските спортисти за време на натпреварот во Париз, барајќи тие да бидат исфрлени од Олимпијадата поради војната во Појасот Газа.
„Да се објави прием и заштита на делегацијата на терористичкиот ционистички режим на апартхејдот е да се даде легитимитет на убијците на деца“, соопшти иранското Министерство за надворешни работи и додаде:
„Тие не заслужуваат да бидат на Олимпијадата во Париз поради војната против невиниот народ во Газа.
Француските власти спречија неколку заговори за извршување напади за време на Олимпијадата, вклучително и апсење на руски заговор за „дестабилизација на Олимпијадата“ која трае до 11 август.
Тој беше обвинет дека извршувал разузнавачка работа по налог на странска земја со цел да предизвика непријателства во Франција. За ова дело е предвидена казна од 30 години затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

