Свет
"Случајот тетовски "Интерпромет" без завршница
Само затоа што премногу се администрира и притоа се компликува постапката, нема завршница во “случајот тетовски †Интерпрометти, се жалат акционерите.
И покрај пресудата да се поништи приватизацијата
Администрирањето ја сопира ефикасноста, велат акционерите
ГОЈКО ЕФТОСКИ
ТЕТОВО – Само затоа што премногу се администрира и притоа се компликува постапката, нема завршница во “случајот тетовски †Интерпрометти, се жалат акционерите. По барање на државниот обвинител, Врховниот суд на Македонија ја поништи приватизацијата и пресуди 41,01 отсто од капиталот на “Интерпромет° што бил во општествена сопственост, да се одземе од Фадил Алили од селото Порој и да се врати на државата. Во донесувањето ваква пресуда, Врховниот суд ги имал предвид сите претходни неправилности, особено неоснованото намалување на вредноста на делот на општествениот капитал, кој иако достигнал пет милиони евра, бил продаден за околу 400.000 евра.
“Никако да ја истераме правдата на чистина и да се спроведе пресудата на Врховниот суд°, вели Благоја Серафимовски, еден од ополномоштените што ги застапува акционерите на “Интерпромет°. “Месеци поминуваат, а сў тече по старо, како да не се огласил Врховниот суд°. Според него, сў е заглавено на релација Јавно правобранителство, како застапник на државниот капитал, Министерството за финансии, Централен депозитар, Агенција за приватизација.
Пресудата за поништување на приватизацијата на делот од државниот капитал, Врховниот суд ја донел уште на 24 ноември минатата година. Според документацијата на акционерите на “Интерпромет°, таа била доставена во Јавното правобранителство на 18 јануари годинава. Тогаш требало да ја добијат и оние во “Интерпромет°, но и другите што треба да ја реализираат. “Не бевме уверени дека во “Интерпромет° ќе признаат дека ја добиле пресудата, па писмено ги известивме на 1 февруари годинава и побаравме на собрание на “Интерпромет° да се разгледа и да се конституираат органи според новонастанатата состојба. Наместо тоа, на 19 февруари, кога се одржа Собрание, ништо не беше пријавено и ние четворица застапници, заедно со уште 20 акционери, го напуштивме ова собрание. Во меѓувреме, ние одржавме собир под ведро небо, застапувајќи ги интересите на 275 акционери. Откако сў беше обелоденето и познато, не можеме да обезбедиме легитимно спроведување на пресуда на Врховниот суд°, вели Серафимовски. Тој додава дека “во меѓувреме во “Интерпромет° самонаречените газди продолжуваат со реконструкции на објектите, уривајќи доградби и со издавање под долгогодишен наем, што не смее да се прави. Продолжуваат да се однесуваат како ништо да не се случило°, продолжува Благоја Серафимовски.
Тој вели дека на 9 март годинава од јавниот правобранител писмено побарале да издаде предлог за привремена мерка, за да се спречат манипулациите со објектите на “Интерпромет°. Десетина дена подоцна, Јавното правобранителство писмено известува дека “барањата спаѓаат во доменот на управувањето и одлучувањето на акционерите и дека ги има известено сите надлежни органи по однос на исходот од спорот°.
“Не ни е јасно зошто во Централниот депозитар сў уште не е извршено бришење на сопственоста на 28.708 акции од Фадил Адили на државата Македонија, односно Агенцијата за приватизација, иако од одлучувањето на Врховниот суд се поминати повеќе од четири месеци. Не знаеме и зошто Јавното правобранителство ја доставува пресудата на Врховниот суд до Министерството за финансии, а тие во Депозитарот, кога има поедноставна процедура. Ние лично врачивме примерок од пресудата до Централниот депозитар, но сў уште се чека на нејзиното спроведување°, револтирано коментира Благоја Серафимовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

