Свет
Три години затвор за атентаторот со чевли

Ирачкиот новинар кој со своите чевли фрлаше по американскиот претседател Џорџ Буш, е осуден на три години затвор.
Ирачкиот централен суд денеска го осуди Мунтадар Ал Зеиди на три години затвор. Новинарот во судот рекол дека фрлал со чевлите по Буш како „природен одговор на окупацијата“. Ал Зеиди беше притворен откако на заедничката конференција за новинари со ирачкиот премиер Нуријем Ал Малики во декември го гаѓаше американскиот претседател, а обвинението го товареше за напад на странски државник. Одбраната на Ал Зеиди тврди дека обвинението не е применливо, поради тоа што Буш не бил на службена посета во Багдад, туку дошол ненајавено и без покана. Судијата изјавил дека кабинетот на премиерот соопштил дека се работело за службена посета. Адвокатот на Ал Зеиди најави дека ќе поднесе тужба на пресудата, пренесува Ројтерс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна станбен блок во Индија

Четири лица загинаа, а уште 10 се водат за исчезнати откако денеска се урна повеќекатен станбен блок во близина на Њу Делхи, јавија индиските медиуми повикувајќи се на полицијата.
Според извештаите, спасени се 14 лица. Блокот се урнал во Мустафабад во североисточниот дел на државата Делхи. Ограничените услови ја попречуваат спасувачката работа, изјави портпаролот на Националните сили за одговор при катастрофи.
Причината за уривањето се уште не е позната. Локалните медиуми јавуваат дека неодамна биле извршени градежни работи во приземјето на зградата.
Главниот министер на Делхи, Река Гупта нареди истрага за инцидентот.
Свет
Во сообраќајка загина поранешен хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во Карловац, загинаа 2 лица, меѓу кои и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо, Никола Покривач, јавуваат хрватските медиуми.
Полицијата во краткото соопштение наведува дека несреќата се случила на обиколницата Турањ и дека во неа учествувале 4 патнички возила.
Три лица се пренесени на лекување во медицинска установа.
Свет
Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници

Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.
Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.
За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници