Свет
Вен Џибао: Тибет е мирен и стабилен!

Хималајскиот регион во Тибет е мирен и стабилен, тврди кинескиот премиер Вен Џибао за светските медиуми
Неделава што помина ја обележа 50-годишнината од првите протести против кинеските власти во Тибет. Демонстрации и протести се одржуваа низ целиот свет, а особено во азиските земји и Австралија. „Ситуацијата во Тибет во целина е мирна и стабилна“, изјавил Вен за медиумите во Пекинг на крајот од годишната парламентарна сесија на Кина. Вен застана во одбрана на кинеската политика во Хималајскиот регион, тврдејќи дека кинеските власти ја обезбедуваат стабилноста и ги подобруваат животите на жителите на Тибет. „Изминатите неколку години владата го зголеми фискалниот внос во Тибет за да овозможи развој во економијата и работеше на подобрување на животните стандарди на тибетските фармери и сточари“, изјавил Вен. Кина ги запечати тибетските региони за да спречи немири за време на неделните одбележувања на 50-годишнината од првиот бунт против нејзиното владеење. Тогашните бунтувања придонесоа да биде протеран духовниот лидер Далај Лама, со што кинеската власт се зацементира на територијата. Во својот говор од првата негова база во егзил, Дарамшала, во вторникот, Далај Лама рече дека кинеското владеење од неговата родена земја направило „пекол на земјата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна станбен блок во Индија

Четири лица загинаа, а уште 10 се водат за исчезнати откако денеска се урна повеќекатен станбен блок во близина на Њу Делхи, јавија индиските медиуми повикувајќи се на полицијата.
Според извештаите, спасени се 14 лица. Блокот се урнал во Мустафабад во североисточниот дел на државата Делхи. Ограничените услови ја попречуваат спасувачката работа, изјави портпаролот на Националните сили за одговор при катастрофи.
Причината за уривањето се уште не е позната. Локалните медиуми јавуваат дека неодамна биле извршени градежни работи во приземјето на зградата.
Главниот министер на Делхи, Река Гупта нареди истрага за инцидентот.
Свет
Во сообраќајка загина поранешен хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во Карловац, загинаа 2 лица, меѓу кои и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо, Никола Покривач, јавуваат хрватските медиуми.
Полицијата во краткото соопштение наведува дека несреќата се случила на обиколницата Турањ и дека во неа учествувале 4 патнички возила.
Три лица се пренесени на лекување во медицинска установа.
Свет
Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници

Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.
Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.
За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници