Свет
Кога би можел да биде беатифициран Јован Павле Втори
И покрај желбите на верниците Јован Павле Втори веднаш да се прогласи за светец, како што тоа беше побарано за време на неговиот погреб во петокот, времето за беатификација е подолго и сигурно ќе минат неколку години пред Карол Војтила да стане блажен.
И покрај желбите на верниците Јован Павле Втори веднаш да се прогласи за светец, како што тоа беше побарано за време на неговиот погреб во петокот, времето за беатификација е подолго и сигурно ќе минат неколку години пред Карол Војтила да стане блажен. Шефот на канцеларијата за печат на Светата Столица Жоакино Навари Валс потсети дека некого за светец може да го прогласи само папата, па според тоа, се додека не се избере наследникот на Јован Павле Втори, не може да стане збор за беатификација. Според повеќе од илјада години старата одреба, постојат правила според кои некој може да се прогласли за светец. До Јован Петнаесети (985-996), папите можеле некого да го прогласат за светец без каква и да е процедура. Со папската Була од 993 година, Јован Петнаесети определи дека за кандидатот за светец мора да се утврдат силата на доблеста, како и силината на знаците по неговата смрт- virus morum и virus signorum. Тоа значи дека по нечија смрт мора да се утврди дали со негово повикување се случило чудо. Објаснувањето е дека ако и имало лица кои оздравеле откако Јован Павле Втори ги бакнал или благословил, тие не влегуваат во докажувањето на чудотворството, бидејќи тоа мора да биде утврдено по смртта на лицето кое треба да биде беатифицирано. Процесот на беатификација може да почне пет години по смртта, но папата има пораво со посебен декрет да го скуси рокот на нокого. Така Јован Павле Втори постапи по смртта на Мајка Тереза, потпишувајќи декрет за покренување постапка за нејзина беатификацвија, до која дојде по пет години. Мајка Тереза почина 1997 година, а беше прогласена за блажена во 2003 година. Значи, за Јован Павле Втори да се крене на олтар на светец, мора да минат најмалку неколку, можеби пет години./крај/ хин/тт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos

