Контакт

Свет

Папата со вечерната миса ги воведе католиците во Велигден

Објавено пред

Папата Бенедикт XVI при синоќешната миса го честиташе Воскреснувањето Исусово, повикувајќи ги католиците да се издигнат, како што рекол, над заблудите на ова време

dobivaj vesti na viber

Папата Бенедикт XVI ја служел вечeрната празнична миса во атриумот на затемнетата базилика „Свети Петар“ во Ватикан, врежувајќи ги на големата велигденска свеќа грчките букви „алфа“ и „омега’. Саботната миса е последната која се прави во текот на Вела недела преде главната велигденска миса во недела.Базиликата потоа одеднаш засветила, откако илајдниците католички верници во најголемата црква на христијанскиот свет ги запалиле своите свеќи. Или, како што велат репортерите на Reuters, пред да биде запалено електричното осветлување, базиликата заличила на разбранувано огнено море.Палењето на свеќите ја симболизира победата над темницата, во која претходно се чита псалмот, што, пак, го симболизира мракот што го обземал светот по распнувањето на Исус Христос, а свеќите се симбол на светлото, надежта која се раѓа со неговото воскреснување.Псламот „Lumen Christi“ (светлото Исусово) се слушнал од илјадниците усти во базиликата, откако ги запалиле свеќитe, а кардиналите и свештениците тоа го чинат палејќи ги своите свеќи од големата велигденска свеќа што ја држи Папата. Потоа свеќите биле изгасени и Бенедикт XVI ја почнал мисата облечен во златно-бела папска одора.„Божјето создавање почнува со библиската заповед: ’Нека биде светло’. Таму каде што е светлото таму е и животот, а хаосот тренсформиран во космос. Бројните следбеници на Исус биле збунети со противречните пораки од тоа време и не знаеле по кој пат да тргнат. Колкаво големо сожалување Исус чувствуа сега во нашето време, кога многумина се кријат зад мноштвото празни зборови, а всушност се збунети“, нагласил Папата според Reuters.Во петокот Папата одржа специјална молитва за преживеаните од земјотресот барајќи тие да ја најдат надежта, по катастрофата во Лаквила во која загинаа 293 лица а 40 илјади останаа бездомници.Инаку, датумот за празнување на Велигден на католичката и православната христијанска црква се одредува според календарот, бидејќи се смета дека Исус Хиристос воскреснал во првата недела на полна Месечина по пролетната рамноденица. И во двете цркви се водело сметка тој да не се совпадне со еврејската Пасха, но иам години кога тоа не мже да се одбегне.  Православните христијански цркви и оние кои го прифатиле Грегоријанскиот календар, заедно го слават Велигден според истиот природен календар, но датумот на нивното велигденско славење се одредува по еврејската Пасха, бидејќи се смета дека не може да се слави во исто време со Евреите кои порано биле сметани за одговорни за смртта на Исус.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад

Објавено пред

Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.

dobivaj vesti na viber

На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Свет

Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.

dobivaj vesti na viber

„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.

Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.

Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.

Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

Прикажи повеќе...

Свет

Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати

Објавено пред

Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.

dobivaj vesti na viber

Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.

Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.

Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.

Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.

Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија11 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија17 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија18 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија18 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија18 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија19 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија19 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија20 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија21 час

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија22 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија22 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет24 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет24 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет24 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет1 ден

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет1 ден

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет1 ден

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет1 ден

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија1 ден

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...