Свет
Папата со вечерната миса ги воведе католиците во Велигден
Папата Бенедикт XVI при синоќешната миса го честиташе Воскреснувањето Исусово, повикувајќи ги католиците да се издигнат, како што рекол, над заблудите на ова време
Папата Бенедикт XVI ја служел вечeрната празнична миса во атриумот на затемнетата базилика „Свети Петар“ во Ватикан, врежувајќи ги на големата велигденска свеќа грчките букви „алфа“ и „омега’. Саботната миса е последната која се прави во текот на Вела недела преде главната велигденска миса во недела.Базиликата потоа одеднаш засветила, откако илајдниците католички верници во најголемата црква на христијанскиот свет ги запалиле своите свеќи. Или, како што велат репортерите на Reuters, пред да биде запалено електричното осветлување, базиликата заличила на разбранувано огнено море.Палењето на свеќите ја симболизира победата над темницата, во која претходно се чита псалмот, што, пак, го симболизира мракот што го обземал светот по распнувањето на Исус Христос, а свеќите се симбол на светлото, надежта која се раѓа со неговото воскреснување.Псламот „Lumen Christi“ (светлото Исусово) се слушнал од илјадниците усти во базиликата, откако ги запалиле свеќитe, а кардиналите и свештениците тоа го чинат палејќи ги своите свеќи од големата велигденска свеќа што ја држи Папата. Потоа свеќите биле изгасени и Бенедикт XVI ја почнал мисата облечен во златно-бела папска одора.„Божјето создавање почнува со библиската заповед: ’Нека биде светло’. Таму каде што е светлото таму е и животот, а хаосот тренсформиран во космос. Бројните следбеници на Исус биле збунети со противречните пораки од тоа време и не знаеле по кој пат да тргнат. Колкаво големо сожалување Исус чувствуа сега во нашето време, кога многумина се кријат зад мноштвото празни зборови, а всушност се збунети“, нагласил Папата според Reuters.Во петокот Папата одржа специјална молитва за преживеаните од земјотресот барајќи тие да ја најдат надежта, по катастрофата во Лаквила во која загинаа 293 лица а 40 илјади останаа бездомници.Инаку, датумот за празнување на Велигден на католичката и православната христијанска црква се одредува според календарот, бидејќи се смета дека Исус Хиристос воскреснал во првата недела на полна Месечина по пролетната рамноденица. И во двете цркви се водело сметка тој да не се совпадне со еврејската Пасха, но иам години кога тоа не мже да се одбегне. Православните христијански цркви и оние кои го прифатиле Грегоријанскиот календар, заедно го слават Велигден според истиот природен календар, но датумот на нивното велигденско славење се одредува по еврејската Пасха, бидејќи се смета дека не може да се слави во исто време со Евреите кои порано биле сметани за одговорни за смртта на Исус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот “Погледај дом свој анџеле“
Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан. Семејството, колегите, но и бројни пријатели и обожаватели се собраа на Градските гробишта во Чачак за да го кажат последното збогум и да се простат од него.
Хорот на гимназијата од Чачак по црковниот обред го испеа најголемиот хит на Бора „Погледај дом свој анџеле“, а овој момент расплака многумина и тоа беше најтажната сцена од гробиштата.
Рокерот Бора Ѓорѓевиќ (72) почина во средата на 4 септември во Љубљана по тешко боледување.Легендарниот рокер ќе почива во родниот Чачак, што му беше и последна желба.
Роден е на 1 ноември 1952 година.
Свет
Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж
Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж во пустината во Ново Мексико, со што заврши тримесечната пробна мисија отежната од технички проблеми.
Вселенското летало доцна синоќа самостојно го почна своето шестчасовно патување до Земјата, а астронаутите Буч Вилмор и Сани Вилијамс, првиот екипаж што леташе со Старлајнер, останаа на Меѓународната вселенска станица (МВС).
Беше одлучено Вилмор и Вилијамс да останат на МВЦ до февруари 2025 година, бидејќи Старлајнер се врати на Земјата користејќи маневри премногу опасни за екипажот.
Леталото повторно влезе во атмосферата на Земјата околу 5 часот утрово по средноевропско време, со орбитална брзина од приближно 27.400 километри на час.
Вилмор и Вилијамс ќе продолжат да спроведуваат научни експерименти додека се во вселената, а се очекува да се вратат на Земјата во февруари 2025 година со вселенско летало на компанијата СпејкИкс.
Свет
Регистриран прв случај на детска парализа во Пакистан по 16 години
Пакистан планира итна акција за вакцинација следната недела, откако беше пријавен првиот случај на детска парализа во главниот град во последните 16 години, во услови на пораст на болеста во другите делови на земјата, соопштија денеска властите.
Повеќе од 33 милиони деца на возраст под 5 години ќе бидат вакцинирани од врата до врата почнувајќи од понеделник, рече шефот за полио Ајеша Раза, затоа што вкупниот број на нови случаи годинава се искачи на 17.
Ширењето на вирусот во регионот кој претходно беше прогласен за област без детска парализа претставува нов предизвик за програмата за искоренување финансирана заеднички од ОН и Фондацијата Гејтс, пренесува ДПА.
Случаите со детска парализа во Пакистан го достигнаа врвот од 147 болни во 2019 година, но се намалија на само шест минатата година.