Свет
На Исус му треба помош да ја зацврсти победата со неговото оружје
Во годинашнава Велгиденска порака Urbi et Orbi, Папата Бенедикт XVI од ватиканскиот плоштад Свети Петар повика на мир на Блискито исток и во Африка
Пред недоброен народ на централниот ватикански плоштад, Папата Бенедикт XVI уште еднаш им испратил поздрави на преживените од неодамнешниот катастрофален земјотрес во Лаквила. Папата на сите што стравуваат за иднината им порачал да не ја губат надежта, макар што и да се сличи.„Во време на светскиот недостиг од храна, финансиските проблеми, старите и новите облици на сиромаштија, пресудно е одново да се отркие основата за надеж“, рекол Бенедикт XVI.Во празничната порака до градот Рим и до целиот Свет, Папата додал дека пораката за измирување ќе ја понесе и на својот пат најавувајќи ја својата посета на Светата земја. Германецот Бенедикт XVI првпат како Папа ќе го посети Ерусалим и Израел од 8-ми до 15-ти мај. Папата по Велигденската порака дал апостолски благослов за целиот свет и го честитал Велигден на 63 светски јазици, меѓу кои и на макеоднски јазик, практиока што ја воспостави неговито претходник Папата Јован Павле Втори. Претходно Папата на истоимениот полоштад ја завршил празничната миса, на која говорел што за човештвото и за светот значи Христовото воскресение. „Иако Христос со воскреснувањето го уништи коренот на злото, тој и натаму ја бара помошта од мажите и жените, секогаш и насекаде, кои ќе му помогнат да ја зацврсти својата победа со своето оружје. Тоа оружје е правдата, вистината, молосрдноста, простувањето и љубовта“, рекол Бенедикт XVI пред илјадниците верници дојдени од сите страни на светот со развиорени национални и знамиња на Ватикан. Новинските агенции забележуваат дека Папата се сопнал подготвувајќи се да го одржи велигденскиот говор од ложата на базиликата „Свети Петар“. Неговите помошници потрчале да му помогнат, но Бенедикт XVI самиот успеал да остане на нозе и да продолжи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот “Погледај дом свој анџеле“
Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан. Семејството, колегите, но и бројни пријатели и обожаватели се собраа на Градските гробишта во Чачак за да го кажат последното збогум и да се простат од него.
Хорот на гимназијата од Чачак по црковниот обред го испеа најголемиот хит на Бора „Погледај дом свој анџеле“, а овој момент расплака многумина и тоа беше најтажната сцена од гробиштата.
Рокерот Бора Ѓорѓевиќ (72) почина во средата на 4 септември во Љубљана по тешко боледување.Легендарниот рокер ќе почива во родниот Чачак, што му беше и последна желба.
Роден е на 1 ноември 1952 година.
Свет
Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж
Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж во пустината во Ново Мексико, со што заврши тримесечната пробна мисија отежната од технички проблеми.
Вселенското летало доцна синоќа самостојно го почна своето шестчасовно патување до Земјата, а астронаутите Буч Вилмор и Сани Вилијамс, првиот екипаж што леташе со Старлајнер, останаа на Меѓународната вселенска станица (МВС).
Беше одлучено Вилмор и Вилијамс да останат на МВЦ до февруари 2025 година, бидејќи Старлајнер се врати на Земјата користејќи маневри премногу опасни за екипажот.
Леталото повторно влезе во атмосферата на Земјата околу 5 часот утрово по средноевропско време, со орбитална брзина од приближно 27.400 километри на час.
Вилмор и Вилијамс ќе продолжат да спроведуваат научни експерименти додека се во вселената, а се очекува да се вратат на Земјата во февруари 2025 година со вселенско летало на компанијата СпејкИкс.
Свет
Регистриран прв случај на детска парализа во Пакистан по 16 години
Пакистан планира итна акција за вакцинација следната недела, откако беше пријавен првиот случај на детска парализа во главниот град во последните 16 години, во услови на пораст на болеста во другите делови на земјата, соопштија денеска властите.
Повеќе од 33 милиони деца на возраст под 5 години ќе бидат вакцинирани од врата до врата почнувајќи од понеделник, рече шефот за полио Ајеша Раза, затоа што вкупниот број на нови случаи годинава се искачи на 17.
Ширењето на вирусот во регионот кој претходно беше прогласен за област без детска парализа претставува нов предизвик за програмата за искоренување финансирана заеднички од ОН и Фондацијата Гејтс, пренесува ДПА.
Случаите со детска парализа во Пакистан го достигнаа врвот од 147 болни во 2019 година, но се намалија на само шест минатата година.