Свет
Кина незадоволна од однесувањето на јапонскиот премиер

Кина денеска изрази длабока загриженост и незадоволство откако јапонскиот премиер Таро Асо упати подарок до светилиштето Јасукуни.
„Кина по дипломатски пат ја извести Јапонија за својата длабока загриженост и незадоволство“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Јианг Ју.Асо, кој светилиштето не го посетил од доаѓањето на власт во септември, испратил растение „сакаки“, кое традиционално се положува на местата на шинтоистичкиот култ во Јапонија, на денот кога почнува годишниот фестивал на пролетта во Јасукуни.Светилиштето е познато по фактот што имињата на 14 воени злосторници осудени од страна на сојузниците на крајот на Втората светска војна, во 1978. година тајно се додадени покрај имињата на загинатите јапонски војници.Односите меѓу Кина, Јужна Кореја и Јапонија во периодот од 2001. и 2006. година ги наруши однесувањето на тогашниот јапонски премиер Јуничиро Коизуми, кој го посетуваше светилиштето Јасукуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Првиот коментар на Кремљ откако Зеленски се согласи на преговори со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа се согласи на директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин.
„Нема смисла убиствата да продолжат. И ќе го чекам Путин во Турција во четврток. Лично. Се надевам дека овој пат Русите нема да бараат изговори“, напиша Зеленски, кој повторно спомена дека чека „целосен и траен прекин на огнот“ што почнува денес.
Украинскиот претседател ја даде оваа изјава откако американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ѝ порача на Украина „веднаш да се согласи“ на разговори бидејќи по нив Западот „барем ќе знае каде стои“, иако самиот изјави дека „почнува да се сомнева“ дека е можен договор со Путин.
„Општо земено, ние сме посветени на сериозна потрага по начини за постигнување долгорочно мирно решение“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Моментално нема потврда дека Путин ќе се појави на разговорите во четврток, но Песков потсети дека Путин „во изјавата во која ги сумираше резултатите од прославата во чест на 80-годишнината од Победата и бројните средби со странски колеги, јасно и недвосмислено го искажа ставот на Москва за продолжување на директните преговори со Киев без никакви предуслови“, анализираат светските медиуми.
„Овој пристап наиде на разбирање и поддршка од лидерите на многу земји, вклучително и партнерите во ЗНД и БРИКС“, додаде Песков.
Тој истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, го повикал Киев веднаш и без никакви услови да учествува на предложениот состанок.
Турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, исто така, ја потврди својата подготвеност да стори сè за да организира преговори во телефонски разговор со Путин, додаде Песков.
Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Свет
Кина го поддржува 30-дневното примирје предложено од Украина, Европа и од САД

Кина го поддржува 30-дневното примирје предложено од Украина, Европа и од САД, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти: „Ги поддржуваме сите напори што придонесуваат за мир и се надеваме дека релевантните страни ќе продолжат да го решаваат проблемот преку дијалог и преговори“ повикувајќи на обврзувачки мировен договор што ќе биде прифатлив за сите страни.