Свет
Клинтон во ненајавена посета на Ирак

Државната секретарка на САД, Хилари Клинтон денеска наутро, ден по самоубиствените бомбашки напади во кој загинаа повеќе од 60 луѓе ненајавено замина во ирачката престолнина, Багдад, јавуваат светските медиуми.
Клинтон која слетала синоќа во Кувајт, на репортерите со кои се сретнала им рекла дека планира да се сретне до американскиот командир за Ирак – генерал Реј Одирено, за да добие изворни информации за неодамнешните бомбашки напади во Ирак.„Сакам да ја чујам неговото мислење што оваа форма на отпор значи. И што може да се направи за да се заштитата и ирачката влада и силите на САД во Ирак“, изјавила Клинтон.Таа додала дека не гледа знаци за повторување на секташките напади.„Мислам дека самоубиствените бомбардирања кои предизвикуваат фатални и страшни начини за загуба на човечки животи, како и многу повредени, за жал се еден трагичен начин на сигнализирање дека отпорот оди во една вистинска насока“, рекла Клинтон.Самоубиствените бомбаши вчера имаа два напади во кој загинаа околу 60 луѓе во Багдад и седум во Дијала, според официјалните информации од медицинските и безбедносните служби. Повеќе од 125 луѓе пак беа повредени кога двете жени самоубијци се разнесоа во вчерашните напади
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Индонезија, Азербејџан и Пакистан – три земји во преговори за мировна мисија во Газа

Американски официјален претставник изјави дека Индонезија, Азербејџан и Пакистан разговараат со САД за можноста да испратат војници во идната меѓународна мисија за стабилизација на Пojaсот Газа, објави американски функционер од одбраната, кој побарал да остане анонимен поради чувствителноста на преговорите, јавува „Политико“.
Ова е дел од планот во 20 точки за мир предложен од Доналд Трамп, кој предвидува привремени сили за обука и поддршка на палестинската полиција и соработка со Египет и Јордан.
САД нагласуваат дека американски војници нема да влегуваат во Газа, туку ќе дејствуваат од координативен центар северно од Израел. Египет, Катар и ОАЕ ќе имаат свои официри таму. Досега нема официјални потврди од трите земји.
Целта на мисијата е привремено да се обезбеди обука на палестинските безбедносни структури и да се овозможи разоружување на Хамас. Аналитичари и дипломати ја доведуваат во прашање изводливоста на планот, а формирањето на силите може да трае неколку месеци од моментот на одлуката.
Свет
„Борбата не е завршена“ – Нетанјаху решен да ги врати сите тела на заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел е решен да ги врати сите тела на заложниците што сè уште се во рацете на Хамас.
Тој ја повтори својата порака за време на одбележувањето на втората годишнина од нападот на Хамас велејќи:
„Борбата уште не е завршена, но едно е јасно – секој што ќе крене рака против нас, ќе плати висока цена“.
Израел го обвини Хамас за прекршување на договорот за примирје, според кој сите заложници – живи и мртви – требало да бидат предадени до понеделник. Хамас предаде 20 живи заложници и девет тела, но тврди дека за другите му е потребна специјална опрема за пребарување под урнатините.
Министерот за одбрана Израел Кац порача дека ако Хамас не го почитува договорот, Израел во координација со САД ќе ја продолжи офанзивата до целосен пораз на организацијата.
Свет
Мерц предлага заем од 140 милијарди евра за Украина, обезбеден со рускиот замрзнат имот

Германскиот канцелар Фридрих Мерц најави дека на претстојниот самит на ЕУ ќе предложи Украина да добие заем од 140 милијарди евра, гарантиран со замрзнатиот имот на Руската централна банка.
Средствата би биле наменети исклучиво за финансирање на одбраната, а Киев би ги вратил дури по добивањето репарации од Русија.
Планот е усогласен со иницијативата на Урсула фон дер Лајен за користење на руските средства како гаранција, без директно задирање во нив.