Свет
Свинскиот грип веќе не може да се запре, 152 жртви во Мексико
Смртоносниот вирус веќе не може да се сопре, тврди СЗО. Заменикот генерален директор Кеиџи Фукуда препорачува државите да се псоветат на санирање на последиците. За производство на вакцина треба да минaт 4 до 6 месеци
Светската здравствена органзиација утринава го покачи степенот на опасност од 3 на 4, што е само чекор до прогласувањето на пандемија. Степенот 4 значи дека вирусот покажува системска можност од преминување од човек на човек и брзо ширење. Оваа одлука на СЗО е донесена по вториот итен состанок на медицинските стручњаци свикан во врска со ширењето на свинскиот грип.Се додава дека вирусот многу се раширил и дека неговото запирање веќе не е задача, туку дека сите држави во кои се појавил треба да се насочат кон воспоставување мерки кои ќе го штитат населението. Бројката на починати во Мексико се искачи на 152 жртви, но СЗО вели дека официјална потвда има само дваесетина. САД, Канада, Велика Британија и Шпанија официјално ги потврдија поблагите облици на заболување кај нив.Во понеделник навеќер шпретставникот на Бордот на СЗО за итни состојби, Грегори Хартл изјавил дека веќе е почнато да се работи на создавање вакцина, но дека за нејзино производство се потребни најмаклу четири до шест месеци. Америакнскито ценатр за превенција и следенње на болестите (CDC) издвоил примерок на H1N1 и произвел сопствен вирус за вакцина и сега го одлгедуваат во јацје клетки што е прв степен за добивае вакцина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД започнаа моќен и смртоносен удар на ИСИС во Нигерија, објави Трамп
САД извршија воздушни напади врз милитантите на Исламска држава (ИСИС) во северозападна Нигерија, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека групата ги напаѓа христијаните во регионот.
„Вечерва, по моја наредба како врховен командант, САД започнаа моќен и смртоносен удар врз терористичката ИСИС во северозападна Нигерија, која ги таргетира и брутално убива, првенствено, невини христијани, на нивоа невидени со години, па дури и векови!“, рече Трамп во објава на Truth Social.
„Претходно ги предупредив овие терористи дека ако не го спречат колењето на христијаните, ќе платат висока цена, а вечерва го сторија тоа“, рече Трамп.
Африканската команда на САД објави дека нападот е извршен на барање на нигериските власти и дека се убиени неколку милитанти на ИСИС.
Трамп почна да предупредува кон крајот на октомври дека христијанството се соочува со „егзистенцијална закана“ во Нигерија и се закани со воена интервенција во западноафриканската земја поради, како што рече, нејзиниот неуспех да го спречи насилството насочено кон христијанските заедници.
Нигериската влада изјави дека вооружените групи ги напаѓаат и муслиманите и христијаните и дека тврдењата на САД дека христијаните се соочуваат со прогон не претставуваат сложена безбедносна ситуација и ги игнорираат напорите за заштита на верските слободи. Сепак, се согласи да соработува со САД за зајакнување на своите сили против милитантните групи.
Населението на земјата е поделено меѓу муслимани, кои живеат првенствено на север, и христијани на југ.
фото/депозитфотос
Свет
Ким Јонг Ун објави дека Северна Кореја ќе продолжи да развива производство на ракети
Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, за време на посетата на погон за производство на муниција објави дека Северна Кореја ќе продолжи да работи на развој на ракети во следните пет години, објавија државните медиуми.
Ким рече дека „секторот за производство на ракети и гранати во земјата е од најголема важност за зајакнување на одвраќањето од војна“, според KCNA.
Ким ги ратификуваше нацрт-документите за модернизација на големите претпријатија за производство на муниција што ќе бидат доставени до клучниот партиски конгрес на почетокот на 2026 година, кога ќе биде претставен планот за развој на Северна Кореја за следните пет години, објави KCNA.
Тој нареди проширување на капацитетот за производство на ракети и гранати, истакнувајќи дека плановите за изградба на нови фабрики за муниција ќе бидат одлучени на претстојниот партиски конгрес, според KCNA.
„За да се задоволат идните потреби на ракетните и артилериските сили на Корејската народна армија, потребно е континуирано да се зголемува нивото на модернизација на муницијата преку основање нови фабрики како што е планирано“, рече Ким.
Извештајот следеше по извештаите дека Ким ја надгледува изградбата на нуклеарна подморница од 8.700 тони и пробното лансирање на ракета земја-воздух со долг дострел.
фото/депозитфотос
Свет
Руски активист и критичар на Путин осуден на шест години затвор
Руски суд вчера го осуди Сергеј Удалцов, истакнат провоен активист и критичар на Владимир Путин, на шест години затвор за оправдување на тероризмот. Удалцов, лидерот на движењето Левичарски фронт поврзано со Комунистичката партија, беше уапсен минатата година, пишува The Guardian.
Според рускиот независен портал Медиазона, обвинувањата произлегуваат од статија што Удалцов ја објави на интернет во поддршка на друга група руски активисти обвинети за основање терористичка организација. Овие активисти беа осудени претходно овој месец на казни од 16 до 22 години затвор.
Удалцов ги отфрли обвинувањата како измислени. Вчера, тој ја нарече пресудата срамна и рече дека штрајкува со глад, објави Медиазона. Според одлуката на судот, активистот ќе ја отслужи казната во казнено-поправна колонија со максимална безбедност.
Удалцов беше истакната опозициска фигура за време на масовните протести во Русија во 2011 и 2012 година, предизвикани од извештаите за наместени парламентарни избори. Во февруари 2012 година, тој учествуваше на состанок што тогашниот претседател Дмитриј Медведев го одржа со разни опозициски личности.
Тој претходно беше затворен во 2014 година и осуден на четири и пол години затвор по обвиненија поврзани со неговата улога во организирањето на протестите против Путин во 2012 година. Тој беше ослободен во 2017 година. Руските власти ги засилија своите репресии врз неистомислениците откако Кремљ испрати војници во Украина, насочени кон групите за човекови права, независните медиуми, членовите на организациите на граѓанското општество, ЛГБТК+ активистите и некои религиозни групи.
Стотици луѓе се затворени, додека илјадници други избегаа од земјата. Во декември 2023 година, московскиот суд го осуди Удалцов на 40 часа принудна работа за обид да развее знаме со ликот на советскиот диктатор Јосиф Сталин на Црвениот плоштад, според руската државна новинска агенција Тас.
фото/депозитфотос

