Свет
Подобрена состојбата на девојчето заболено од свински грип во Англија
Британските здравствени власти соопштија дека е подобрена здравствената состојба на 12-годишното девојче од местото Пејтон во англиската област Девон, за кое вчера беше потврдено дека е заболено од свински грип, пренесуваат светските медиуми
Девојчето се наоѓа во изолација дома и покажува дека организамот добро реагира на терапијата на лекот „Тамифлу“, претходно создаден за одбрана од птичјиот грип, што вирусолозите го оценуваат како многу поопасен од болеста со која сега се соочува светот.Заболеното девојче било на одмор во Мексико и три дена по враќањето доаѓало на училиште без да покаже некаков знак на заболеност. Влошувањето дошло речиси наеднаш и брзо потоа болеста се развила, што е карактеристика на свинскиот грип.Училиштето веднаш по откривањето дека 12-годишната ученичка е заболена од овој тип грип е затворено и така ќе остане најмалку една недела. Сите 290 ученици се на третман со „Тамифлу“, а здравствените власти ја надгледуваат состојбата на седум други лица, кои биле во контакт со заболеното девојче, но проверка се прави и на сите во училиштето во Пејтон и во поширокиот дел од областа Девон во југозападна Англија.Епидемиолошки експерти утринава изјавија дека тие се загрижени од можноста болеста да продолжи да се шири низ Велика Британија, не само кај оние што биле во Мексико и сега се вратени дома, туку и меѓу луѓето кои не биле никаде подалеку од своите домови, затоа што свинскиот грип лесно се пренесува меѓу луѓето.Досега е потврдено дека вкупно петмина Британци се заболени од свински грип. Сите пет случаи се луѓе кои биле во Мексико на одмор. Здравствените власти во Шкотска соопштија дека осум лица, од оние чие здравје се надгледува затоа што биле во контакт со првите двајца заболени, на тестовите покажале дека не се заразени со опасната болест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Обилни дождови во Бразил: Најмалку 14 загинати, 440 раселени
Најмалку 14 лица загинале, а 440 се раселени откако обилни дождови го погодиле југоисточниот бразилски град Жуис де Фора, соопштија локалните власти.
Дождовите предизвикале поплави и свлечишта, а наставата во општинските училишта е прекината. Властите мобилизирале специјализирани тимови за помош и потрага по исчезнати лица. Градот, кој се наоѓа во сојузната држава Минас Жераис, прогласил состојба на катастрофа.
Локалните власти наведуваат дека ова е најврнежливиот февруари во историјата на градот, со двојно повеќе врнежи од очекуваното. Националниот институт за метеорологија издал предупредувања за обилни дождови во делови од 14 сојузни држави, вклучително и Рио де Женеиро.
Свет
Трамп сака до Денот на независноста да ја запре војната во Украина
Американскиот претседател, Доналд Трамп, се обидува да постигне договор за прекин на војната во Украина пред 4 јули, кога ќе биде домаќин на одбележувањето на 250-годишнината од американската независност, пренесува „Блумберг“, повикувајќи се на високи американски функционери.
За време на претседателската кампања, Трамп повеќепати ветуваше дека ќе ја заврши војната во рок од 24 часа по преземањето на функцијата. Сепак, околу 400 дена по почетокот на неговиот втор мандат, тристраните разговори не довеле до договор.
Трамп сега, според „Блумберг“, има цел војната да заврши во рок од четири месеци. Но, Кремљ денеска, на четвртата годишнина од почетокот на војната, порача дека борбите ќе продолжат сè додека не се остварат руските цели во Украина.
Свет
ОН ги повикаа САД да го подмират долгот од над четири милијарди долари
Претседателката на Генералното собрание на Обединетите нации, Аналена Бербок, ги повика САД целосно и навреме да ја подмират својата членарина кон светската организација, откако Вашингтон уплатил само дел од долгот.
Како што пренесе „Ројтерс“, САД уплатиле околу 160 милиони долари од вкупниот долг од повеќе од четири милијарди долари кон Обединети нации.
Генералниот секретар на ОН предупредил дека организацијата се соочува со „многу скор финансиски колапс“ поради неплатени членарини.
Баербок изјави дека „секојa земја членка мора да го плати својот придонес во целост и навреме“, додавајќи дека 160 милиони долари „очигледно не е целосниот износ“.
Минатата недела, американскиот претседател, Доналд Трамп, беше домаќин на состанок на својот „Одбор за мир“, иницијатива за која дел од експертите сметаат дека може да ги поткопа ОН. Баербок посочи дека за прашањата на мир и безбедност постои легитимно тело, односно Обединетите нации.

