Свет
Свинскиот грип стивнува?
Вирусот од типот А(H1N1) станува се’ помалку заканувачки за здравјето на луѓето, сметаат американски епидемиолози. Некои од нив сметаат и дека нема причина да се размислува дека новиот вирус е поопасен од сезонскиот грип?!
Според последните објавени податоци на американскиот Центар за следење и превенција на болестите (CDC), во петокот имало 141 потврден склучај на заразени лица со новиот вирус во 19 сојузни држави н САД. „Се’ повеќе заедници се зафатени и се’ повеќе луѓе директно се излоѓени на новиот вирус А(H1N1), рекла др. Ен Шукхар, заменик на директорот на CDC на прес-конференцијата во Атланта. Ненси Кокс, раководитеклката на одделот за грип, пак, рекла дека има добри вести за природата нан новиот вирус.Според Кокс, прелиминарните анализи на овој тип вирус покажале дека му недостасуваат некои вирулентни карактеристики, заради кои во 1918 г. ткн. шпански грип бил многу смртоносен. Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, изјавил дека од петокот не е забележано дека грипот се проширил надвор од ученичката популација во гиманзијата „Сент Френсис Препатори“, чии 11-мина ученици по одморот во Мексико го донесле вирусот на свионскито грип. И од Мексико има информации многу малку роднини на заболените со грипот се заразиле. Министерот за здравство Хозе Ангел Кордова изјавил дека забележуваат намалување на бројот на нови случаи. Кордова додал дека се очекувала геометриска прогресија во поглед на ширењето на заразата, но тоа засега не се случило„Може да се се случи вирусот А(H1N1) да мини како обичен грип, за што сме подготвени и не се потребни други подготовки, но сепак на заразата и’ приоѓаме сериозно“, рекол др Пирет Пејлис, главниот истражувач за грип на Медицинскиот факултет во њујоршката болница Маунт Синај. Тој додал дека новиот вирус е многу сличен на другите обични типови вируси на грип, па најверојатно сите веќ имаме создадено некој вид имунитет кај себе. Новата американска министерка за здравство Кетлин Себелиус во петокот дала налог да се купат дополнителни 13 милиони дози антивирална терапија а во Мексико биле испратени 400 илајди дози по барање на мексиканската влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ЕУ ги укинува санкциите за Косово и ја отклучува финансиската помош
Европската Унија е подготвена да ги укине санкциите што ги воведе против Косово во 2023 година поради тензиите на северот на земјата и ќе ја отклучи финансиската помош, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Земјите од ЕУ воведоа казнени мерки против Косово откога владата на премиерот Албин Курти не одговори на повиците на ЕУ и САД за смирување на немирите на северот со мнозинско српско население по најлошото насилство за повеќе од една деценија.
Мерките вклучуваа суспендирање на посетите на косовски претставници на ЕУ и задржување голем дел од економската помош на ЕУ.
„Добри вести за Косово“, рече Фон дер Лајен во објава на X. „Планираме 216 милиони евра финансиска помош и имаме намера да ослободиме 205 милиони евра на почетокот на следната година“, напиша таа.
Насилството избувна во северно Косово во 2023 година откога градоначалниците од етничките Албанци ја презедоа функцијата со победа на локалните избори. Изборите беа бојкотирани од Србите барајќи спроведување договор стар десет години, со кој им се дава поголема автономија.
30-ина мировници на НАТО, кои ги чуваа градските собранија, беа повредени во судирите со српските демонстранти, а повредени беа и 52 Срби.
Фон дер Лајен рече дека ЕУ одлучила да ги укине мерките откога српските градоначалници ја презедоа функцијата по локалните избори во октомври.
Косово треба да одржи нови парламентарни избори на 28 декември бидејќи не успеа да формира влада по изборите во февруари.
фото/депозитфотос
Свет
„Тажен кактус“: Норвешка се брани по бранот критики за новогодишната елка во Лондон
Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Ајде одговори на бранот критики што се појавија во британската јавност во врска со елката што Норвешка традиционално му ја донира на Лондон и која беше поставена на плоштадот Трафалгар.
Во некои британски медиуми и на социјалните мрежи изгледот на елката беше оценет како разочарувачки, со иронични споредби со тажен кактус и тврдења дека елката изгледа како да е зафатена од торнадо. Сепак, Ајде нагласи дека станува збор за симбол, чија вредност далеку ги надминува естетските впечатоци.
Тој потсети дека елката е непроценлив подарок и дел од традицијата што трае од 1947 година кога Норвешка првпат ѝ ја подари елката на Велика Британија како знак на благодарност за нејзината поддршка за време на Втората светска војна. Според него, елката е исто така симбол на долгорочно партнерство и пријателски односи меѓу двете земји.
„Многу се гордееме на нашата елка и на оваа традиција“, рече Ајде нагласувајќи дека значењето на овој гест не може да се мери само со визуелни впечатоци.
Фото: депозитфотос
Свет
Зеленски: Украина нема да се повлече од регионот Донецк
Украина не е подготвена да се повлече од регионот Донецк, а Русија се стреми целосно да го преземе Донбас, изјави денес претседателот на Украина Володимир Зеленски наведувајќи дека Соединетите Американски Држави во моментот бараат компромисно решение.
„Сите ја знаеме позицијата на Русија. Тие сакаат да го окупираат целиот Донбас, а сега сакаат ние да се повлечеме од Донбас. Ова е нивниот отворен став. Нашиот став е исто така отворен – ние не сме подготвени да преземеме такви чекори, а Соединетите Американски Држави бараат компромис“, рече Зеленски како одговор на прашања од новинари, објави „Укринформ“.
Зборувајќи за разговорите за мировниот план од 20 точки и безбедносните гаранции, Зеленски рече дека украинските и американските преговарачки тимови ќе одржат серија состаноци во САД в петок и в сабота.
Според него, темите на разговорите ќе бидат мировниот план, безбедносните гаранции, договорот за обнова на Украина и други можни чекори.
Тој додаде дека украинскиот тим веќе е на пат кон САД и дека американската страна очекува нивно пристигнување, а можно е и присуство на европски претставници.
Претходно, Зеленски изјави дека следната рунда украинско-американски преговори ќе се одржи во САД по консултациите меѓу Вашингтон и Москва наведувајќи дека состаноците би можеле да се одржат веќе во текот на викендот, објави „Танјуг“.
Фото: депозитфотос

