Свет
Бан Ки Мун:Бројот на напди врз новинарите е шокирачки
Во обраќањето по повод утрешното одбележување на Светскиот ден на слободата на печатот, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун изрази жалење дека во светот продолжуваат убиства, заплашувања и испраќање во затвор на новинари
„Бројот на напади врз новинари е шокирачки“, се вели во изјавата на Бан. Во неа се посочуваат податоци на Комитетот за заштита на новинарите, дека 41 новинар биле убиени во 2008 година, додека ја вршеле својата професија и оти 11 новинари се убиени од почетокот на годината.Во изјавата се истакнува дека 125 новинари кон крајот на 2008 година се наоѓаат се уште во затвори. Некои од нив се приведени веќе десет години, рече Бан, цитирајќи ги одново податоците на Комитетот за заштита на новинарите.Генералниот секретар на ОН во изјавата истакнува дека три земји – Куба, Кина и Еритреја, носат одговорност за половина од тие случаи на уапсени новинари. Бан ги оцени како неприфатливи обидите за заплашување на новинарите.Во изјавата генералниот секретар на ОН обрнува особено внимание на убиството на новинарот од Шри Ланка Ласанта Викрематунга. Тој беше убиен во јануари годинава. Посмртно беше прогласен за лауреат на Меѓународната награда за слобода на печатот, на УНЕСКО.
Македонија во медиумски „делумно слободни“-те држави
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

