Контакт

Свет

Русија не е поврзана со наводниот воен преврат во Грузија

Објавено пред

Дека Руската федерација е замешана во обидот за воен преврат во Грузија претставува налудничава бесмислица вели извор од руските специјални служби за ИТАР-ТАСС

dobivaj vesti na viber

“Ова е блебетење и агонија на режимот на Саакашвили, други зборови едноставно нема“, вели соговорникот на агенцијата за информациите од Грузија.  Грузиското Министерство за внатрешни работи, како што претходно пренесоа агенциите, тврди дека открило заговор за воен преврат во земјата и ја обвини Русија за соучесништво. “Податоците покажуваат дека заговорот е организиран од поранешни високопозиционирани воени лица,“ изјави Шота Утиашвили, портпарол на грузиското МВР. Имено, во базата Мухровани, воени лица објавија непослушност и организираа бунт, кој беше окарактеризиран како обид за воен прерат помогнат од Русија, од грузиските власти. “Денеска за време на одморот, воени лица од тенковскиот баталјон во базата Мухровани, што се наоѓа на 30 километри од Тбилиси, објавија непослушност и организираа бунт,“ изјави Давид Сихарулидзе, министер за одбрана на Грузија, пренесува ИТАР-ТАСС. Тој соопшти дека во базата има надворешни лица, вклучувајќи и цивили. Сите команданти, замешани во бунтот, се симнати од должноста. Претставници на грузиските власти преговараат со учесниците во превратот и настојуваат бунтот да биде прекинат. Превратниците не поставуваат конкретни барања, како што соопштува министерот, пренува ИТАР-ТАСС. Министерот за одбрана е во базата Мухровани и прави обид лично да преговара со старешните, но не успеал да влезе во објектот. “Бунтовниците јавно го усогласиле својот со планот на Русија, а тој предвидува минимум да се спречи воената вежба на НАТО во Грузија, а максимум да се изведе воен преврат,“ рече портпаролот на МВР на Грузија. Натовската вежба Кооператив лонгбов-09 (Кооперативен лансер-09) е закажана за 6 мај  и треба да трае до 1 јуни. Штом вежбата беше најавена, Русија ја оцени како „отворена провокација, која може да има негативни последици“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Мал авион се сруши на пат во Италија – загинаа две лица

Објавено пред

Тешка авионска несреќа се случила вчера во италијанската покраина Бреша, кога ултра лесен авион се срушил во местото Ацано Мела, близу сообраќајниот јазол Корда Моле, кој ги поврзува автопатите А4 и А21. Двете лица кои биле во авионот починале на лице место, пренесе RaiNews.

dobivaj vesti na viber

Авионот полетал од Пјаченца, а по неколку часа властите ги идентификувале жртвите – се работи за 75-годишен маж од Милано и неговата 60-годишна партнерка.

Во несреќата индиректно учествувале и двајца возачи на автомобили. При падот, авионот се запалил, а автомобилите во тој момент поминувале низ местото на несреќата и минале низ пламенот.

Снимка од падот на авионот се прошири на социјалните мрежи.

Еден од возачите, 56-годишен маж, бил пренесен во болницата Полиамбуланца во Бреша како мерка на претпазливост, иако немал видливи повреди. Другиот возач, стар 49 години, бил прегледан на лице место и не било потребно да биде хоспитализиран.

Јавното обвинителство во Бреша побарало помош од воздушната полиција од Милано за да се утврдат сите околности околу падот. Истрагата е во тек и има за цел да ги разјасни причините и динамиката на оваа трагична несреќа.

Прикажи повеќе...

Свет

Русија и Украина почнаа мировни преговори во Истанбул – Кремљ: Ќе бидат тешки

Објавено пред

Русија и Украина денеска ја почнаа третата рунда директни мировни преговори во Истанбул, јавува руската новинска агенција ТАСС.

dobivaj vesti na viber

Делегациите на двете земји веќе пристигнаа во главниот град на Турција, но и двете страни предупредуваат дека разговорите нема да бидат лесни.

Од Кремљ порачаа дека процесот ќе биде сложен, а украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговите очекувања не се високи, бидејќи разговорите за прекин на огнот не се на дневен ред.

Според Зеленски, денешната средба треба да се фокусира на теми како враќањето на украинските воени заробеници и децата кои, како што тврди Киев, биле одведени од Русија. Покрај тоа, ќе се разговара и за можноста за организирање лидерска средба на претседателско ниво.

Претходните две рунди преговори, одржани во Истанбул на 16 мај и 2 јуни, не донесоа напредок во однос на прекин на огнот. Единствен резултат од тие средби беше договор за размена на заробеници и враќање на телата на загинатите војници.

Мировниот процес, според дипломатски извори, бил поттикнат и од американскиот претседател Доналд Трамп, кој неодамна јавно го критикуваше Кремљ за недоволен ангажман околу прекинување на војната, најавувајќи и нови санкции доколку нема резултати.

Украина бара итен и безусловен прекин на огнот како основа за натамошни разговори. Русија, пак, и натаму стои на своите барања – вклучувајќи целосно повлекување на украинските сили од источните територии што Москва ги анектираше.

Руската делегација повторно ја предводи претседателскиот советник и поранешен министер за култура, Владимир Медински. Од украинска страна, делегацијата ја води поранешниот министер за одбрана Рустем Умеров, кој сега е на чело на Советот за национална безбедност и одбрана.

Прикажи повеќе...

Свет

Страшни сведоштва од болница во Сирија: „Пукаа во пациентите додека спиеја“

Објавено пред

Силите на сириската влада се обвинети за масакр во болница во јужната провинција Суеида, за време на судирите што почнаа пред нешто повеќе од една недела. Новинар на „Би-би-си“ ја посети Националната болница во Суеида, каде што медицинскиот персонал тврди дека војници ладнокрвно убивале пациенти во болничките оддели.

dobivaj vesti na viber

„Тоа беше масакр“, изјави д-р Висам Масуд, неврохирург во болницата.

„Војниците дојдоа со тврдење дека носат мир, а убија десетици пациенти, од најмлади до најстари.“ Докторот споделил и снимка што наводно го прикажува моментот по нападот – на видеото се гледа жена која се движи низ болницата, додека на подот лежат тела на пациенти, завиткани во крвави чаршафи.

Сите – лекари, медицински сестри и волонтери – ја раскажуваат истата приказна. Тврдат дека минатата среда навечер, владините сили на Сирија насилно влегле во болницата, насочени кон верската заедница на Друзите, и таму извршиле масовни убиства.

„Кој е нивниот грев? Само тоа што се малцинство во демократска земја?“, прашува волонтерката Кинес Абу Мотаб.

„Тие се криминалци. Тие се чудовишта. Немаме ни трошка доверба во нив“, рече Осама Малак, наставник по англиски, пред влезот на болницата.

„Му пукаа во глава на осумгодишно дете со инвалидитет. Болниците според меѓународното право треба да бидат заштитени, но тие не поштедија никого – влегоа и почнаа да пукаат на сите. Пукаа во луѓе додека спиеја во креветите.“

Сите вклучени страни во овој конфликт се обвинети за злосторства – и бедуинските и друзиските борци, како и сиријската армија. Се зборува за убиства на цивили и егзекуции без судење. Сѐ уште нема независно потврдена слика за тоа што точно се случило во болницата. Неформални проценки велат дека бројот на загинати минатата среда надминува 300, но овие бројки засега не се официјално потврдени.

Сириското Министерство за одбрана објави дека е запознаено со извештаите за „шокантни прекршувања“ од страна на лица во воени униформи во Суеида. Министерот за управување со катастрофи, Раед Салех, изјави дека сите обвинувања за злосторства ќе бидат темелно истражени.

Пристапот до Суеида е строго ограничен, што го отежнува прибирањето директни докази. Градот е речиси под опсада, со тоа што владините сили го контролираат влезот и излезот. Новинарската екипа на „Би-би-си“ морала да помине бројни контролни пунктови. На влезот во градот, сведочеле за уништени продавници и згради, како и автомобили здробени од тенкови – доказ за жестоки борби меѓу друзиските и бедуинските борци.

Иако владините сили повторно презедоа контрола над неколку друзиски села, самиот град Суеида, со над 70.000 жители, и натаму останува под целосна контрола на Друзите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Русија и Украина почнаа мировни преговори во Истанбул – Кремљ: Ќе бидат тешки

Русија и Украина денеска ја почнаа третата рунда директни мировни преговори во Истанбул, јавува руската новинска агенција ТАСС. Делегациите на...

Македонија10 часа

(Видео) Акција во мотел во Тетово: Приведено лице за проституција, повреден е полицаец

Полициски службеници од СВР Тетово спречија трагичен крај на млада девојка и истовремено приведеа маж под сомнение за посредување во...

Македонија11 часа

Ангелов ги замоли газдите на викендички да се заштитат од пожари: Со мотокултиватор или трактор нека изораат мек појас околу дворовите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, апелира сопствениците на викендички и куќи надвор од градските средини да...

Македонија12 часа

Околу 500 невработени се пријавиле да гаснат пожари за 24.000 денари месечно, огласот истекува денес

Денес истекува огласот за владината мерка за справување со пожарите на кој се бараат 400 невработени за помош при гаснењето...

Македонија12 часа

Грција ја повтори поддршката за ЕУ интеграцијата, со порака за почитување на Преспанскиот договор

Поддршката од Грција за европскиот пат на Северна Македонија останува силна, но придружена со порака за целосна имплементација на Преспанскиот...

Македонија13 часа

Гаши имал интестинална опструкција на тенкото црево, неговата состојба е стабилна, соопшти МЗ

Министерството за здравство информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба. Тој околу полноќ бил хоспитализиран...

Македонија16 часа

(Видео) Талески: Одбиени сите амандмани на СДСМ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заложници на Тошковски

На денешната седница на собраниската комисија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги одбија сите амандмани поднесени од страна на СДСМ на измените...

Македонија16 часа

Претседателот на Советот за надзор на ревизијата од државни пари плаќал хотели, ресторани и патувања во странство

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против едно лице, на кое му се става...

Топ16 часа

Уапсен 71-годишен маж, предизвикал два пожара во Демиркаписко

Полицијата уапси 71-годишен маж кој предизвикал пожари во Демиркаписко. Според информациите на МВР, вчера во 18 часот полициски службеници го...

Македонија19 часа

„Компании за техника наводно нудат модерни телефони преку внатрешна програма поради оштетена амбалажа, ова е лажна објава“, МВР предупредува за измама на социјалните мрежи

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во последните денови актуелна е лажна објава на социјалните мрежи во која...

Македонија21 час

(Фото) Пронајдени автомобилски гуми, картон и суви гранки подготвени за палење: спречен уште еден обид за подметнување шумски пожар

Вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на...

Европа23 часа

Рускиот парламент усвои закон со кој се казнуваат корисниците за пребарувања на интернет

Русија сè повеќе го ограничува слободниот пристап до интернет, а медиумскиот регулатор „Роскомнадзор“ неодамна го блокира пристапот до 56.000 веб-страници,...

Свет23 часа

Трамп го објави трговскиот договор со Јапонија: ќе инвестира 550 милијарди долари

Американскиот претседател Доналд Трамп објави постигнување трговски договор со Јапонија, според кој, според него, Јапонија ќе инвестира 550 милијарди долари...

Европа23 часа

(Видео) Француски воен авион се урна во Украина, објавена снимка

Украинските воздухопловни сили во вторникот објавија дека француски борбен авион Мираж-2000 се урна во регионот Волин, објави Анадолија. „Вечерта на...

Свет23 часа

Трамп се сретна со Безос во Белата куќа, разговараа повеќе од еден час

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со основачот на Амазон, Џеф Безос, во Белата куќа минатата недела, дознава Си-ен-би-си. Средбата...

Македонија23 часа

Метеж на границите: се чека до 40 минути на Табановце за влез и на Богородица за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Денеска, во временски период од 08:00 – 17:00 часот поради обезбедување...

Македонија2 дена

Работа од далечина, ослободување за ранливите категории на граѓани: власта со препораки за работодавачите поради топлотниот бран

Министерството за здравство информира дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлотниот бран со температури над 40°C...

Македонија2 дена

13 обвинети признаа вина за случајот со измамите со инвалидските пензии и туѓата нега – пресудена затворска казна

Тринаесет обвинети во предметот „Синдром“ склучија спогодби со Обвинителството и врз основа на тоа Основниот кривичен суд Скопје изрече пресуди, при...

Економија2 дена

Линеарното покачување на пензиите од 1.000 денари ќе стигне во Собранието пред да се распишат изборите, вели Мицкоски

Владата, на денешната седница, ќе го разгледа предлог-законот со кој пензиите, место процентуално, наесен и следната пролет ќе се покачат...

Топ2 дена

Македонец почина на плажа во Драч

Турист од Македонија почина вчера на плажа во Драч, Албанија. Инцидентот се случил вчера околу 19 часот во близина на...