Свет
Четврта жртва на грипот А во САД
Жена од Аризона почина од новиот грип А (Х1Н1),, соопштија синоќа властите во оваа американска сојузна држава.
Здравствените власти наведоа дека жената (40) имала тешко белодробно заболување и починала како последица на новиот грип.Станува збор за прва жртва во Аризона од смртоносниот грип и вкупно четврта во Соединетите Американски Држави (САД).Вкупно 65 лица, од кои 60 во Мексико, починаа досега од вирусот, додека бројот на заразени се искачи на 6,500 во 33 држави
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Поранешна портпаролка на Зеленски: Јермак е многу опасен, се плашам
Јулија Мендел, поранешна портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, го опиша поранешниот шеф на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, како „многу опасна личност“ и рече дека се плаши за својот живот поради него.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отпушти Јермак, кој се сметаше за втора највлијателна личност во земјата, минатиот петок. Јермак остана без работа откако антикорупциските власти извршија рација во неговиот дом под сомнение за проневера во државната компанија „Енергоатом“, случај што ја преокупира украинската јавност со недели.
„Во моментов, додека го кажувам ова, сум исплашена и секој ден се молам и му благодарам на Бога што сум жива, бидејќи Андриј е многу опасна личност. Тој е многу опасна личност. И оние што го познаваат ќе разберат“, изјави Мендел за Радио Слободна Европа.
„Тој има влијание врз спроведувањето на законот“
Кога ја прашаа од што точно се плаши, Мендел одговори дека Јермак има „многу можности“, објави Украинска правда.
„Од основната кампања за клевета со користење на политички средства, фрлање секакви обвинувања против секој што е против него, нарекувајќи ги проруски, предавници и така натаму, до фактот дека тој има одредено влијание врз спроведувањето на законот, каде што кривични случаи се отвораат од никаде“, објасни таа.
„Една службеничка, кога си заминуваше, пушеше цигара и се тресеше. Ме погледна и рече: ‘Јулија, не се третираат луѓето така’. И верувајте ми, многу луѓе си заминале така и многу животи се уништени поради Андриј“, продолжи таа.
Мендел тврди дека во 2019 година, Јермак прашал еден американски политички стратег како би можел да стане претседател.
„Од 2019 година, Андриј гради своја структура на моќ. Знам дека во 2019 година, Андриј Јермак, додека бил во Соединетите Држави, разговарал со политички консултант и го прашал како би можел да стане претседател на својата земја. Значи, амбициите на Јермак се огромни“, тврди таа.
Таа забележала дека Јермак често го мамел претседателот, искривувајќи ги информациите што му ги пренесувал на Зеленски или презентирајќи ги на начин што му бил поволен. Таа нагласила дека тој бил оној што го убедил Зеленски дека нема да се случи целосна инвазија.
Европа
ЕУ воведува целосна забрана за руски гас, регулативата го блокира течниот природен гас (ЛНГ) и гасоводот
Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за регулатива со која се воведува правно обврзувачка, фазна забрана за увоз на руски течен природен гас (LNG) и гас преку гасовод, со целосна забрана од крајот на 2026 година и есента 2027 година, соодветно.
Договорот што го постигнаа пратениците доцна синоќа за краткорочни договори склучени пред 17 јуни 2025 година предвидува забрана за увоз на руски течен гас од 25 април 2026 година и од 17 јуни 2026 година за гас испорачан преку гасовод. За долгорочните договори за увоз на течен гас, забраната ќе стапи на сила на 1 јануари 2027 година, како што е предвидено во 19-тиот пакет санкции против Русија.
Европа сака што поскоро да ја прекине зависноста од руските фосилни горива
Што се однесува до долгорочните договори за увоз на руски гас преку цевководи, забраната ќе стапи на сила на 30 септември 2027 година, под услов капацитетите за складирање на гас да бидат доволно пополнети, а најдоцна до 1 ноември 2027 година. По агресијата на Русија врз Украина, лидерите на ЕУ се согласија на самитот во Версај во март 2022 година што поскоро постепено да ја укинат зависноста од руските фосилни горива.
Како резултат на тоа, увозот на гас и нафта од Русија во ЕУ значително се намали во последните години. Сепак, додека увозот на нафта падна под 3% во 2025 година благодарение на сегашниот режим на санкции, рускиот гас сè уште сочинува околу 13% од увозот на ЕУ во 2025 година, во вредност од над 15 милијарди евра годишно.
„Ова е голема победа за нас и за цела Европа. Треба да ја прекинеме зависноста на ЕУ од рускиот гас, а трајната забрана за увоз е голем чекор во вистинската насока“, рече данскиот министер за енергетика Ларс Агард, чија земја претседава со Советот на ЕУ.
Политичкиот договор за регулативата сè уште треба да биде потврден од двете законодавни институции, Советот на ЕУ и Европскиот парламент, што се смета за формалност.
Европската комисија предложи регулатива за забрана на увозот на руски гас наместо санкции, бидејќи регулативата може да се усвои со квалификувано мнозинство, додека за санкции е потребна согласност од сите земји-членки. Со ова се заобиколува евентуалното вето од Унгарија или Словачка. Се очекува Комисијата да предложи забрана за увоз на руска нафта во Унгарија и Словачка до крајот на 2027 година во наредните месеци.
Свет
Висок функционер на НАТО: Путин блефира, не верувам дека е подготвен за војна со Европа
Висок функционер на НАТО верува дека рускиот претседател Владимир Путин блефира за неговата подготвеност за војна против Европа.
Зборувајќи со новинарите под услов да остане анонимен пред министерскиот состанок на НАТО, функционерот рече дека иако алијансата е свесна за неодамнешните изјави на Путин, не ги толкува како знак на вистинска намера, објави „Европска правда“.
„Путин може да каже дека е подготвен за војна. Но, кога Путин ќе каже нешто – тоа често се покажува дека не е вистина. И во секој случај, не верувам дека Владимир Путин е подготвен за војна со Европа“, рече функционерот.
Претставникот на НАТО призна дека воените капацитети на Русија остануваат значајни, особено со оглед на искуството што Русија го стекна во војната во Украина. Сепак, ова не ги прави заканите на Путин веродостојни, според алијансата.
„Тој не е подготвен. Но, не велам дека Русија не произведува доволно воена опрема и не велам дека на Русија ѝ недостасува воена способност или економска основа за таква кампања. И секако, ова не значи дека Русија не сака да ја промени европската безбедносна архитектура“, објасни функционерот.
„Причината е што тој знае дека НАТО ќе се брани – и дури и да има способност да води војна, нема способност да победи. И најважно – верувам дека Путин разбира дека НАТО сега е неверојатно обединет во одбраната на своите сојузници“, заклучи високиот функционер.
фото/ЕПА

