Свет
Се урна мал авион во Тексас, тројца загинати
Три лица загинаа кога мал авион се урна во езеро во американската сојузна држава Тексас, соопшти американската полиција.
Три лица загинаа кога мал авион се урна во езеро во американската сојузна држава Тексас, соопшти американската полиција. Во моментот спасувачките екипи ги извлекуваат остатоците од авионот од езерото, откако претходно ги извлекле телата на загинатите. Истражните органи започнаа истрага за утврдување на причините поради кои дошло до падот на авионот. /макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес го погоди Крит
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.
Земјотресот бил на длабочина од пет километри, а епицентарот на 73 километри од Ираклион.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Свет
Ердоган: Турција е подготвена да ги нормализира односите со Сирија
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција е отворена за иницијативи за нормализирање на односите со Сирија и дека нема причина да не се воспостават дипломатски односи меѓу двете земји.
„Нема причина зошто да не се воспостават дипломатски односи. Со други зборови, ќе дејствуваме заедно во развивањето на соработката со Сирија исто како што правевме во минатото. Не можеме да имаме проблем или да имаме за цел да се мешаме во внатрешните работи на Сирија“, рече тој, пренесува ТВ каналот ТРТ Хабер, пренесува Танјуг.
На почетокот на месецот турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер изјави дека Анкара би можела да размисли за повлекување на војниците од сириска територија. Тој истакна дека услов за тоа ќе биде безбедноста на границата на Турција.
На крајот на мај, весникот „Хуриет“ објави дека Вашингтон создава „мал Израел“ на границата со Турција со помош на милитантите на Курдистанската работничка партија (ПКК) во Сирија, додека меѓународната заедница е „преокупирана“ со конфликти во појасот Газа и Украина.
Турските власти сметаат дека ПКК и нејзините ограноци се главната закана за безбедноста на земјата. Конфликтот трае од 1984 година, а турските вооружени сили спроведуваат операции против курдските милитанти на границите со Ирак и Сирија.
Свет
Момче се запали во Италија: се полеал со бензин во бањата
23-годишно момче се здобило со изгореници опасни по живот откако се самозапалило по расправија со неговата девојка, јавија денеска италијанските медиуми.
Трагедијата се случила во Рим, по што младиот човек со изгореници по целата предна страна на телото бил пренесен во болницата Сан Еуџенио, пренесе „Месаџеро“.
Според првите резултати од истрагата, тој по расправија со својата девојка се заклучил во бањата и се полил со канистер бензин.
Неговата девојка повикала помош, по што полицијата и пожарникарите набрзо пристигнале на местото на настанот.