Свет
Трет бомбашки напад за 12 часа во Ирак, 19 загинати
Во средата и четвртокот се чини почнува нова кампања на терористите во Ирак. Подоцна утрово во градот Курк, во напад на бомбаш-самоубиец загинаа 19 лица
Ирачките власти се’ уште немаат потврда и други информации за нападот во северниот град Курк. Се знае само дека самоубиецот го активирал експлозивот во елекот што го носел меѓу припадници на еден дел од Сунити кои се ангажирани во антибунтовничките единици кои чекале да бидат исплатени. Малку порано утринава во одвоен напад на пазар во багдадскиот реон Дура, беа убиени 12 лица и ранети 25-мина. Од загинатите, тројца се американски војници. А вечерта по македонско време во нападот со паркиран автомобил-бомба во сиромашната шиитска населба Шула во Багдад, загинаа 41 цивил и уште 82 беа ранети. Ирачките власти велат дека сигурноста е многу подобрена во однос на минатата година, но априлските напади го направија најкрвавиот месец, наместо ланскиот ноември откако е извршена американската инвазија.Ова според аналитичарите го отвора, пак, прашањето за тоа дали ирачката власт е навистина доволно подготвена да се справи со безбедносните закани и целосно да ја преземе безбедноста во свои раце, а што треба да се случи до 2001 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп со писмо до израелскиот претседател бара помилување на Нетанјаху
Израелскиот претседател, Исак Херцог, доби писмо од американскиот претседател, Доналд Трамп, во кое го повикува да размисли за помилување на премиерот Бенјамин Нетанјаху, објави денес неговиот кабинет.
Нетанјаху се соочува со три одделни судења за корупција веќе неколку години, а Трамп постојано бара негово помилување.
„Иако апсолутно ја почитувам независноста на израелскиот судски систем и неговите барања, верувам дека овој ‘случај’ против Биби, кој долго време се бореше заедно со мене, вклучително и против многу моќниот непријател на Израел, Иран, е политички мотивиран, неоправдан прогон“, напиша Трамп во писмо до израелскиот претседател.
Канцеларијата на Херцог соопшти дека секој што бара претседателско помилување мора формално да го побара тоа, во согласност со постојните процедури, објави „Ројтерс“.
Трамп, исто така, побара помилување за Нетанјаху за време на неговата посета на Израел во октомври, во говор пред израелскиот парламент.
Лидерот на израелската опозиција, Јаир Лапид, одговори на повикот на Трамп со потсетување дека израелскиот закон предвидува дека првиот услов за помилување е признание на вина и изразување на каење.
Порано оваа година, Лапид, „со должно почитување кон Трамп“, нагласи дека „никој не треба да се меша во правниот процес на независна држава“, и ја нарече иницијативата на американскиот претседател „компензација“ за Нетанјаху за притисокот врз него да ја запре војната во Газа.
„Тоа е типично за Трамп“, рече Лапид во тоа време.
Фото: ЕПА
Свет
Тужба против „Гугл“: Дали Gemini следи сè што пишувате во Gmail и Chat?
„Гугл“ се соочува со нова тужба во која се обвинува дека го користи својот асистент за вештачка интелигенција Gemini за нелегално следење на приватните комуникации на корисниците на Gmail, Chat и Meet.
Во колективната тужба поднесена во федералниот суд во Калифорнија се тврди дека технолошкиот гигант тајно ја активирал алатката за сите корисници во октомври, давајќи му пристап до приватни податоци без нивно знаење или согласност, објавува Bloomberg.
Додека корисниците претходно имаа можност сами да ја вклучат програмата за вештачка интелигенција на Google, во тужбата се тврди дека компанијата во сопственост на Alphabet еднострано ја променила практиката. Иако Gemini може да се исклучи, корисниците мора да се движат низ комплицирани поставки за приватност за да ја пронајдат опцијата.
Доколку корисниците не го преземат тој чекор, Google наводно го користи Gemini за „пристап и експлоатација на целата снимена историја на приватните комуникации на своите корисници, вклучувајќи ги и практично секоја е-пошта и прилог испратена и примена во нивните Gmail сметки“, се наведува во тужбата.
Тужителите тврдат дека „Гугл“ го крши Законот за нарушување на приватноста на Калифорнија, закон од 1967 година кој посебно забранува тајно прислушување и снимање на доверливи комуникации без согласност на сите вклучени страни.
„Гугл“ сè уште не ги коментирал обвинувањата.
Регион
Грција истражува криминална шема со учество на Бугарија за увоз на половни автомобили
Независната агенција за јавни приходи откри даночна измама поврзана со увоз на половни автомобили во Грција преку бугарска компанија. Грчките трговци увезувале преку бугарска фиктивна компанија со лажни документи и избегнале даноци наметнати при увоз меѓу земјите во Европската Унија.
Бугарската компанија ги купила автомобилите од Германија според вообичаениот даночен систем. Потоа ги препродала на грчки дилери со лажни фактури и ја прикрила шемата за оданочување на маржа во Европската Унија, пренесе бнр.бг
Врз основа на лажните бугарски документи, грчките трговци не го платиле увозниот данок на царина.
Според Независната агенција за јавни приходи, досега се откриени прекршоци кај 19 луксузни автомобили во вкупна вредност од 890 илјади евра. Избегнати се даноци во вредност од 212 илјади евра.
Истрагата за активностите на автомобилите увезени од Бугарија продолжува веќе неколку години. Се користи дигитално следење и вкрстена проверка, известуваат царинските службеници. Увозниците на автомобили кои го прекршиле законот ќе бидат гонети и ќе ги платат износите во буџетот, известуваат инспекциските тимови.

