Свет
САД се’ повеќе се потпираат на странските тајни служби
Вашингтон многу почесто од претходно се потпира на тајните служби на други држави кои апсат, испитуваат и затвораат лица осомничени за тероризам фатени надвор од Ирак и Авганистан, донесува последното издание на New York Times
Угледниот њујоршки весник кој има доверливи и добро информирани извори, пишува дека поранешни и актуелни американски функционери тврдат дека домашните тајни служби се интересираат само за лицата од најголем ранг во хиерархијата на терористичките организации. Како што пишува New York Times, минатите десет месеци шест финансиски стручњаци значајни во давањето логистика кои соработувале со Ал Каеда биле уапсени и затворени од припадници на тајните служби на блискоисточните држави. САД во овие акции учествувале со доставување информации кои ги овозможиле апсењата, рекол за весникот поранешен функционер во службите за борба против тероризмот.Изворот навел и примери кога во Пакистан со помош на американските агенти биле уапсени Саудиец и Јеменец кои се осомничени дека работат за Ал Каеда. Тоа се двајца највисоки оперативци на Осама бин Ладен, кои се уапсени откако Барак Обама ја презема должноста американски претседател, додал изворот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

