Свет
Објавен оглас кој повикува на убиство на Обама

Локален весник во Пенсилваниија објавил оглас во кој најдиректно се повикуван на убиство на американскиот претседател Обама
Весникот од северозападнито дел на сојузната држава Пенсилванија, The Warren Times Observer, со тираж од 11 илјади примероци, си извинил откако претходно го објавил огласот за убиство на американскито претседател Барак Обама. Во огласот меѓу другото пишувало „… нека Обама тргне по поатот на Линколн, Гарфиелд, Мекинли и Кенеди“. Спорниот повик бил објавен во четвртокот, но тиражот бил повлечен откако го забележал еден од уредниците, изјавил за американските медиуми, издавачот на весникот Џон Елхарт. Тој додал дека од страна на лицето што го примило огласот не била разбрана содржината на огласот, всушност дека станува збор за набројување на американските претседатели кои беа жртви на атентат – Абрахам Линколн, Џејмс Гарфиелд, Вилијам Мекинли и Џон Кенеди. Елхарт не кажал за медиумите кој го дал огласот, но потврдил дека случајот е даден на полицијата а потоа и на тајната служба.Портпаролот на американската тајна служба, Џим Мејкин, изјавил дека е отркиен човекот што го дал огласот и дека на случајот му е пристапено со голема сериозност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кина повика на итен прекин на огнот: „Ова особено важи за Израел“

Kина ги повика сите страни на Блискиот Исток, особено Израел, веднаш да престанат со борбите, пренесе АФП.
Изјавата доаѓа во време кога продолжува размената на оган меѓу Иран и Израел, а американскиот претседател Доналд Трамп размислува за можното учество на САД во конфликтот.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун рече: „Кина силно ги повикува сите страни вклучени во конфликтот, особено Израел, да ги стават интересите на народот во регионот на прво место, веднаш да го прекинат огнот и да го прекинат конфликтот“.
Тој додаде дека Пекинг се противи на секој чин кој го нарушува суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет на другите земји, како и употребата или заканата со сила во меѓународните односи.
Свет
Иран им се заканува на САД: Ако се вмешате, ќе им одржиме лекција на агресорите

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, издаде предупредување до САД, додека американскиот претседател Доналд Трамп размислува дали САД ќе се приклучат на израелските напади врз нуклеарните постројки на Иран.
„Доколку САД активно се вклучат во поддршката на Израел, Иран нема да има избор и ќе мора да ги искористи своите капацитети за да им одржи лекција на агресорите за да се одбранат“, рече Гарибабади, според иранските државни медиуми.
Тој препорача Вашингтон, ако не сака да ги запре израелските напади, барем да не се меша. Додаде дека воените команданти на Иран ги имаат сите опции на маса.
Свет
„Гардијан“: Откриено е зошто Трамп се двоуми за напад врз Иран

Според „Гардијан“, Трамп сè уште размислува за можен американски напад врз Иран бидејќи не е убеден дека таканаречената бомба „разбивач на бункери“ всушност ќе го уништи клучниот нуклеарен објект на Иран, Фордоу.
Според „Гардијан“, Трамп им рекол на претставниците на Пентагон дека воениот напад би имал смисла само ако има гаранција дека GBU-57, бомба од 13,6 тони, може целосно да го уништи објектот, кој се наоѓа длабоко под земја. Иако му било кажано дека нападот најверојатно ќе го елиминира Фордоу, претседателот сè уште не дал зелено светло, надевајќи се дека заканата од вмешаност на САД ќе го принуди Техеран да преговара.
Клучниот нуклеарен комплекс на Иран
Фордоу се смета за критичен дел од нуклеарната програма на Иран, особено откако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) утврди дека објектот збогатува ураниум до чистота од 83,7 проценти – многу блиску до границата од 90 проценти потребна за производство на нуклеарно оружје.
„Гардијан“ забележува дека уништувањето на Фордоу – или преку дипломатија или воздушен напад – во Вашингтон би се сметало за клучна цел во запирањето на нуклеарната програма на Иран.
За разлика од Соединетите Американски Држави, Израел нема капацитет да изврши таков удар: нема бомби со доволен потенцијал за пенетрација и нема авиони што би можеле безбедно да достават таков товар на таква длабочина. Затоа, евентуалниот напад врз Фордоу неизбежно би барал директна воена интервенција на САД.