Свет
19 убиени во мафијaшката војна во Мексико

Нов бран насилство во борбата меѓу мексиканските нарко-картели и безбедносните сили во петокот и саботата однесе 19 жртви
Повеќето од убиствата, односно 11, се случиле во градот Хуарез, кој е на границата меѓу Мексико и американската сојузна дражва Тексас. Новинските агенции одбележуват дека меѓу убиените е и 44-годишниот универзитетски професор Мануел Аројо Галван, кој бил убиен со шест истрели во главата. Неговите колеги протестирале пред обвинителството во Хуарез, барајќи од властите да го запрат насилството. Аројо инаку бил член на невладина организација и автор на книги за социјална мобилизација. Убиен е и еден полицаец, како и три момчиња.Од вкупно 5.300 убиства минатата година во Мексико, само во градот Хуарез се случиле 1.650, иако од 2006 г. се уапсени 573 функционери поради поврзаност со организираниот криминал.Претседателот Фелипе Калдерон ја ангажираше и војската во борбата против нарко-картелите, кои водат жестоки мафијашки војни за превласт врз териториите, особено во делот на границата со САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Блинкен: Загрижени сме дека ДНР ќе покрене обвинение против Хрват, Британец и Швеѓанец

Властите на САД се загрижени дека Врховниот суд на Народна Република Доњецк (ДНР) би можел да покрене обвинение против еден хрватски, тројца британски и еден шведски државјанин, напиша на Твитер американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.
Според руски извори, станува збор за членови на националистичкиот баталјон Азов или други „паравоени“ формации.
„Загрижени сме поради извештаите за обвинувања против британски, шведски и хрватски граѓани од нелегитимните власти во источна Украина. Русија и нејзините полномошници имаат обврска да го почитуваат меѓународното хуманитарно право, вклучувајќи ги правата и заштитата дадени на воените затвореници“ – напиша Блинкен.
We are concerned by reports of British, Swedish & Croatian nationals being charged by illegitimate authorities in eastern Ukraine. Russia and its proxies have an obligation to respect international humanitarian law, including the rights & protections afforded to prisoners of war.
— Secretary Antony Blinken (@SecBlinken) August 13, 2022
Регион
Ненад Калуѓеровиќ спречил уште пострашно сценарио на Цетиње, тој е убиецот на Вук Бориловиќ

„Новости“ дознава дека убиецот Вук Бориловиќ, кој вчера изврши незапамтен масакр во Цетиње (Црна Гора) немал криминално минато, а бил вработен како келнер во Националниот парк Ловќен и имал три деца. Бил страствен ловец.
По кавгата што ја имал со потстанарите, според информациите, отишол вооружен со ловечки карабин.
Бориловиќ бил подготвен на уште поголем масакр доколку не бил спречен од соседот Ненад Калуѓеровиќ. Ова го потврди и дежурниот обвинител.
Засега Калуѓеровиќ не е уапсен и се уште не е јасно како се ќе се квалификува неговото дело.
View this post on Instagram
На социјалните мрежи Црногорците во него заштитник кој не дозволил да се пролее уште крв на улиците во Цетиње.
Инаку, во Клиничкиот центар на Црна Гора се хоспитализирани четири лица, повредени во вчерашната трагедија во Цетиње, од кои едното е во критична состојба и е на интензивна нега.
Како што информираат од КЦЦГ, еден пациент е надвор од животна опасност, како и двајца други пациенти во болницата во Цетиње.
Соопштија дека еден од пациентите во е стабилен, надвор од животна опасност и е сместен на Клиниката за неврохирургија.
„Вториот пациент по приемот е третиран хируршки, има повреди на мозочните структури и коскените структури на главата и градниот кош, загрозен му е животот и се наоѓа на Централното одделение за интензивна нега. Третиот пациент има абдоминална повреда. хируршки е третиран орган, главно црн дроб и е под интензивна терапија и мерки за следење, кој исто така е сместен на одделението за интензивна нега.Четвртиот пациент има повреди на вратот, градниот кош, отворена фрактура на десната надлактица, исто така оперативно третирана и се уште бара лекување на одделението за интензивна нега“ – соопштија од КЦЦГ.
Свет
Поради тајфунот во Јапонија евакуација на 72.000 луѓе

На повеќе од 72.000 луѓе во јапонската префектура Шизуока им е наредено да се евакуираат поради наближувањето на тајфунот Меари, пишува Кјодо.
Метеоролошката служба соопшти дека тајфунот се очекува денеска да го погоди јапонскиот брег на Пацификот во близина на Токио и предупреди на можни поплави, излевање на реки, лизгање на земјиштето и силни ветрови, особено во регионот Токаи, во централниот дел на земјата.
Тајфунот моментално се наоѓа на 200 километри југозападно од Шизуока и се движи кон север со брзина од 20 километри на час.
Се очекува тајфунот да биде над североисточниот брег до недела наутро, а потоа да се движи североисточно во Тихиот Океан.