Свет
Потврдено е дека остатоците се од „Ербасот“
Главниот воен штаб во Париз и бразилскиот министер за одбрана оценија во среда дека веќе нема сомнение оти остатоците пронајдени во Атлантикот му припаѓаат на авионот на Air France. Една теорија е дека е можно да се судрил со воен или со авион на шверцери на дрога
Сепак тврдењата на бразилскиот полковник Хорхе Антонио Амарал, не е и официјално потврдено дека остатоците му припаѓаат на исчезнатиот „Ербас А330-200“, иако бразилското Министерство за одбрана е упорно дека станува збор за делови од францускиот авион. Остатоците биле пронајдени 650 километри северозападно од островот Фернандо де Нороња. „Иако се’ уште е потребна официјална потврда, откако ќе се направи техничка анализа, нема сомнение дека тоа се делови од авионот“, изјавил полковникот Кристоф Празук од штабот.Францискиот авион „Атлантик 2“ надлетувал последните неколку часа над зоната во која бразилските воени авиони открија отстатоците на „Ербас“-от. Како што кажал Амарал, воен бразилски авион открил електронски сигнали на метални и неметални материјали околу еден часот по полноќ и подоцна ги лоцирал остатоците. Се проценува дека потрагата по т.н. „црна кутија“ на авионот ќе биде многу тешка, бидејќи најверојатно остатоците од авионот потонале на длабочина од шест илјади метри во води каде има силни морски струи. Денеска треба да полета и францускиот „Авакс“ кој треба да направи мапа на местата од пронајдените остатоци по кои ќе се одредува местото на несреќата и локациите каде би можеле да се бараат „црните кутии“, затоа што тие емитуваат сигнал само 30 дена од пад на воздухоплов. Што се однесува до причините за падот, еден поранешен пилот на Air France, Седрик Мание, изјавил за француските медиуми дека причината за исчезнувањето може да биде што и да е, па така дури и судар со воен авион или со лесен млазен авион, какви што употребуваат шверцерите на дрога, односно авион чие исчезнување никој нема да го пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош
Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од студ поради тешките зимски услови и го повика Израел да ја ублажи блокадата на хуманитарната помош, додека, како што наведуваат, воените дејствија продолжуваат и покрај примирјето.
МСФ соопшти дека во јужниот дел на Газа, во Кан Јунис, од тешка хипотермија починало прерано родено бебе на 29 дена, истакнувајќи дека зимата во комбинација со исклучително лошите животни услови значително ги зголемува здравствените ризици, пренесе Ал Џезира.
Според податоците на Министерството за здравство на Газа, бројот на смртни случаи поради екстремните временски услови достигнал 13, додека претходно оваа недела од студ починало и двонеделно бебе поради недостаиг на соодветно засолниште и облека.
Шефот на педијатриско-акушерското одделение во Медицинскиот комплекс „Насер“ Ахмед ал-Фара предупреди дека хипотермијата е исклучително опасна за новороденчињата и дека доколку на семејствата во шаторите не им се обезбедат средства за греење и соодветно сместување, бројот на смртни случаи ќе расте.
МСФ наведува дека бележи висок пораст на респираторни инфекции, кои во текот на зимата би можеле дополнително да се шират, особено загрозувајќи ги децата под пет години.
Во последните недели Газа се соочува со обилни врнежи, силни ветрови и ниски температури, при што повеќе од 53.000 шатори, кои служат како привремено сместување за раселените лица, се оштетени или уништени.
Поради уништената инфраструктура, улиците брзо се поплавуваат, а канализацијата се излева, додека семејствата се принудени да се засолнат во делумно урнати објекти.
Обединетите нации наведуваат дека Израел и натаму спречува испорака на шатори, ќебиња и други основни потреби, додека околу 55.000 семејства претрпеле штета за време на невреме, а оштетени се и просторите наменети за деца, што погодило околу 30.000 деца.
Организацијата „Refugees International“ оцени дека хуманитарната помош во Газа пристигнува во минимални количини, делумно поради списокот на „контролирани предмети“, кој, според наводите, вклучува и основни потреби како пелени, завои и шатори.
Свет
Брз патнички воз уби седум слонови на пруга во Индија
Седум диви азиски слонови загинаа, а еден мал е повреден кога брз патнички воз се судрил со крдо кое ја преминувало пругата во североисточната индиска сојузна држава Асам, соопштија локалните власти.
Машиновозачот забележал крдо од околу 100 слонови и ги употребил сопирачките за итни случаи, но возот сепак удрил во дел од животните, изјави портпаролот на Индиските железници, Капинџал Кишор Шарма.
Пет вагони и локомотивата излетале од шините по сударот, но немало човечки жртви.
Ветеринари извршиле обдукција на угинатите слонови, кои дополнително треба да бидат погребани.
Местото на несреќата е шумско подрачје на околу 125 километри југоисточно од главниот град на Асам, Гвахати.
Возот „Раџдани експрес“, кој сообраќал од Саиранг во државата Мизорам која се граничи со Мјанмар, бил на пат кон главниот град Њу Делхи со 650 патници кога удрил во слоновите.
Сударите на возови и диви слонови не се ретки во Асам, каде што живеат околу 7.000 диви азиски слонови, што претставува една од најголемите концентрации во Индија. Од 2020 година, најмалку десетина слонови биле убиени на овој начин.
Свет
Италијанската полиција конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 луѓе
Во голема операција против илегалната трговија со дрога италијанската полиција откри и конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 лица.
Во операцијата 655 лица се ставени под истрага, од кои 39 малолетни, а конфискувани се 35 килограми кокаин и повеќе од 40 парчиња огнено оружје.
Полицијата изврши контроли и во 312 продавници за канабис, при што привремено се затворени пет продавници во три града откако биле извршени 312 контроли. Конфискувани се 296 килограми производи од канабис.
Италија во јуни одобри безбедносен декрет со кој се забранува така наречениот „легален“ канабис и трговијата со „лесен канабис“ или коноп се прогласува за нелегална трговијата, кој, за разлика од марихуаната, нема психоактивни ефекти.

