Свет
Поради 24 песни казнета со 1,92 милиони долари
Дека нелегалното симнување песни од интернет е казниво, најдобро на своја кожа осети Џејми Томас-Расет.Наводно, судот на Минесота ја прогласил 32-годишната Американка за виновна
Збунетата Американка е казнета со речиси 80 илјади долари по песна, а откако симнала 24 музички записи, вкупната казна достигнала 1,9 милиони долари.Ова е првиот случај на кршењето на авторските права во САД кој завршил на суд.Адвокатот Џо Сибил, кој во текот на судењето бил застапник на несреќната “сурферка“, изјавил дека Џејми, која е инаку мајка на четири деца, ќе се жали на пресудата на судот.Исто така, ги пренел и зборовите на обвинетата која веднаш по пресудата изјавила дека “нема шанси никогаш да ги добијат парите“.„Задоволни сме што поротата ги прифатила доказните материјали од страна на тужителството, и врз основа на нив ја казнила госпоѓа Томас-Расет“, објаснила Кара Дакворт, портпаролката на американското здружение на дискографи (РИАА).Инаку, ова е второ судење за Џејми.Првото, од 2007 г., е поништено.Тогаш била казнета со 220 илјади долари.Џејми од интернетската страница на за разменување на музика Казаа симнала песни на групата Линкин Парк и изведувачката Шерил Кроу, што на крајот ја чинеше многу повеќе отколку да ги купи оргиналните ЦД-а.За својата казна од 1,9 милиони долари можела да купи дури 159 илјади ЦД-а.Меѓувремено во светот ја разбранува веста за освоеното едно пратеничко место во Европарламентот, од страна на шведската партија на пиратите чија основна цел е дерегулирање на системот за заштита на авторските права и намалување на контролата на интернетот.Дури 48 илјади членови јавно се залагаат за оваа идеа.Секојдневно сведоци сме на актуелизирање и популаризирање на желбата за слободно симнување на содржини на интернет, особено откако во април четворица администратори на страница Pirate Bay беа прогласени за виновни за здружување при повреда на авторски права. Тие беа осудени на затвор од траење по една година и висока парична казна. Дали шведската партија ќе успее во својата намера или се’ повеќе ќе бидеме сведоци на настани како случајот на Џејми Томас-Расет?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

