Свет
Сомалија прогласи вонредна состојба
Сомалиската влада во саботата навечер прогласи вонредна состојба а претседателот на парламентот побарал помош од соседните држави за 24 часа да испратат воена помош за владата за да ги реши судирите во главниот град
Двајца сомaлиски пратеници се убиени во петокто и саботата при заострување на судирите меѓу владините сили и радикалните исламисти кои сакаат да ја урнат владата. Бунтовниците од организацијата Ал Шабаба уште во мајтргана во офанзива против властите во Сомалија, а во четвртокото го убија и министеорт за безбедност и друго 300 лица при еден самоубиствен напад. Владата во саботата издала соопштение во кое вели дека едногласно прогласила вонредна состојба.Уште вчера, етиопскиот министер за комуникации Беркет Симон изјавил дека Етипија нема да се вмеша во ситуацијата во Сомалија на страната на тамошната преодна влада без одлука на меѓународната заедница.„Секое натамошно дејстување на Етиопија во врска со Сомалија ќе бид епреземено во согласност со одлуката на меѓународнаа заедница. Овој апел не е испратен само до соседните држави туку и до целата меѓуанродна заедница која треба брзо да одговори на повикот на сомалиската влада и да направи се’ што е во нејзина моќ да воспостави траен мир и за протерување на терористите“., рекол Симон пренесува Reuters, додавајќи дека Етиопија секогаш ја поддржувал и ќе ја поддржува преодната влада во Сомалија.Во 2006 и 2007 г. Етиопија интервенираше во Сомалија за да ја поддржи преодната влада и ги симна од власт исламистите во Могадишу, со мандат на Меѓународната управа за развој (IGAD) која ја сочинуваат шест северноафрикански држави и со поддршка на Африканската унија.Исламистиките бунтовници последните денови ја засилија офанзивата против владата на претседателот шеикот Шариф Ахмер, умерен исламист. А етиопските тешко вооружени војски веќе се распоредиле во околината на сомалискиот град Беледвејн, 300 километри северно од Могадишу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

