Свет
CIA распнала на крст затвореник од Абу Граиб
Новинарите на весникот New Yorker направиле репортажа од затворот Абу Граиб, каде откриел дека еден затвореник умрел од задушување, со дупки на рацете и искршени ребра
Американската Централна разузнавачка агенција неодамна под притисок на јавност аи на администрацијата на претседателот Барак Обама, се согласи дека веќе нема да спроведува заострени мерки на испитувања кон осомничените за тероризам, деновиве се дозна за уште еден случај на убиство на затвореник. Весникот донесе репортажа во која тврди дека еден затвореник на озлогласениот затвор Абу Граиб бил подложен на невидена тортура, при што бил распнат на крст. Новинарите се повикале на форензичкиот наод, во кој според нив било забележано дека затвореникот бил распнат и дека умрел од задушување, дека рацете му биле заковани за крст и бил со скршени ребра. Тие не прецизирале кога се случил инцидентот, иако написот е објавен минатата седмица. Организацијата Хјуман рајтс, смета дека најмалку стотина затвореници умреле како последица на тортурата вршена врз нив во затворите во Ирак и Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

