Свет
Се урна ербас со 150 патници
Авион Ербас 310 со 150 патници и членови на екипажот на компанијата Јемениа Ер се урна рано денеска на подрачјето на островите Комори во Индискиот океан.
„Не знаеме дали некој од 150-те патници го преживеал падот на авионот“, изјави Иди Надхоим, потпретседател на островската државаТамошни полициски извори, како што пренесува Макфакс, веруваат дека авионот се урнал во море, 15 минути пред планираното слетување во градот Морони.Ербасот 310 бил на лет од јеменскиот главен град, а повеќето патници биле коморски иселеници на пат од Париз.Островската држава Комора ја сочинуваат три вулкански острови сместени во Мозамбичкиот канал, 300 километри северозападно од Мадагаскар и исто толку од африканскиот брег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел објави фотографии од убиените војници во Либан
Армијата на Израел објави фотографии од своите осум војници кои беа убиени во јужен Либан.
Израел вчера потврди дека е убиен еден војник, а подоцна и веста за смртта на уште седуммина од нив.
Сега ги објавија своите фотографии и имиња.
Војниците беа идентификувани како Харел Етингер, Назар Иткин, Итаи Ариел Гиат, Ноам Барзилај, Алмкен Терефе, Идо Броер, Иџак Остер и Ор Манцур.
Свет
Снег падна во Словенија
Во Словенија почна да врне снег бидејќи, по навлегувањето на студениот воздух од северот на Европа, дождот се претвори во снег.
Kамерите ги снимија снежните сцени на Кредарица, словенечка планина висока 2.515 метри.
Во текот на денот и в петок се очекува згуснување на снежната покривка на словенечките планини.
Свет
Си-ен-ен: Русија го зазеде клучниот град Вугледар во источна Украина, војници мавтаа со руско знаме над урнатините
Русија го зазеде клучниот источноукраински град Вугледар ставајќи крај на повеќемесечниот отпор, а снимките потврдени од Си-ен-ен покажаа војници како мавтаат со руско знаме над урнатините на градското собрание во разурнатиот град, во кој неговото население се намали од 14.000 на помалку од 100.
Вугледар, град изграден околу рудник за јаглен (неговото име доаѓа од украинскиот збор за јаглен), се наоѓа на 50-ина километри јужно од Покровск, кој во последните месеци се смета за главен фокус на руските напади на исток.
Иако не е транспортен и логистички центар како Покровск, Вугледар беше силно утврден и се сметаше за клучен бастион на раскрсницата на источниот и јужниот фронт на Украина.