Свет
Кој е преживеаниот од урнатиот Ербас?
Според последните информации, тоа е 14-годишно девојче, кое во вторник е спасено од остатоците на авионот кој падна обидувајќи се да слета на Коморските острови. Претходно новиснките инфорамции говореа деа станува збор за петгодишно момченце
Во секој случај детете било извлечено од Индискиот океан меѓу остатоците од Ербасот 310.Мухамед Абдул, шефот на јеменскиот одел за авијација, првично изјави дека момченцето е најдено како плута на десетина милји од брегот. Тоа било веднаш одведено во болница во Комора. Истата информација дека преживеаниот патник од урнатиот Ербас 310 е петгодишно момче, ја дал и Хаџи Мади Али, директор на аеродромот во Морони.Подоцна попладнево, Саид Бакир ги демантираше претходните изјави и за телевизијата Ал Џазаира изјавил дека – мисли дека 14-годишното девојче е едиснветниот прешивеан од авионската катастрофа. „Лекар од воената амбулана на еден од спасувачките бродови ја повикал болницата во Микамули ијавил дека е спасено едно дете“, изјавил за Reuters, Халид Ахмед Абду, лекар во медицинскиот центар отворен за прифаќање на преживеаните. Ибрахим Адбуразак, претставник на кризниот центар отворен на Коморите по повод несреќата, за Reuters потврдил дека 14-годишно девојче е единствениот засега преживеан. Три други безживотни тела беа пронајдени, заедно со делови од авионот, но досега нема пронајдени други прежвеани.Ербасот на „Јеменија ер“ се сруши со 142 патници и 11 членови на екипажот во реонот на градот Мицамиули, кој се наоѓа на главниот остров на Архипелгот – Гран Комори.Извори од компанијата велат дека е многу рано да се шпекулира за причините за несреќата додавајќи дека црната кутија не е сеуште пронајдена.„Времето беше многу лошо, а вететор беше многу силен“, додава тој.Францускиот претцедател Николас Саркози го изрази своето длабоко сочувство за падот на авионот и најави помош од француската војска во спасувачката мисија. Во однос на екипажот и патниците поголемиот број од нив се од француска и јеменска националност, притоа имало и Мароканци, Индонезијци и Етиопјани.Имињата на патиците нема да бидат објавени за да се заштитат семејствата на загинатите.
Пронајден еден преживеан од авионската несреќа во ЈеменНема преживеани во падот на јеменски Ербас 310?
Се урна ербас со 150 патници
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

