Свет
Бомбашки напади во Пакистан

Убиени се 8 полициски и владини службеници, а бројот на повредени се зголемува по последниот напад на Пакистан, во борбите со талибанските бунтовници блиску границата со Афганистан
Бомбаш-самоубиец кој возел моторцикл се судрил во автобус кој превезувал службеници од министерството за одбрана, убивајќи повеќе од шест луѓе и повредувајќи уште 25 други, потврди Рана Шахид, официјален полициски службеник. Асошиејтед прес дознава дека во автобусот имало вработени во пакистанскиот воен оддел за изработка на оружје.„Во моментот кога го проби патот до автобусот, се слушна голема експлозија“, раскажува Мохамед Ејаз, таксист кој е сведок на настанот, објаснувајќи дека се работело за млад човек кој носел црн шал околу вратот и го возел моторциклот настрана од патот.Друг напад се случил во близина на Пешавар, каде бомба поставена на патот убила двајца полицајци, а повредени биле уште петмина.Сеуште никој не ја презеде одговорноста за обете несреќи, но серијата напади во последните месеци поврзуваат со исламските милитанти вкотвени во дивите погранични региони близу Афганистан. Таму се водат најжестоките битки со бунтовниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп го поминува својот последен ден во Белата куќа

Во речиси напуштената Бела куќа, опкружен со голем број припадници на безбедносни служби, досегашниот претеседател на САД, Доналд Трамп го поминува својот последен ден.
Времето го поминува издавајќи бројни помилувања. Се очекува Трамп да помилува околу 100 луѓе, а меѓу нив ќе се најдат и лица кои целосно се непознати на јавноста, но поминале долги години во затвор.
Според сознанијата на АП од извори блиски до Белата куќа, Трамп ја снимил својата проштална порака, која ќе биде емитувана во пресрет на утрешниот собир во воената база Ендрјуз, на Флорида.
Исполнет со лутина и жалење поради поразот на претседателските избори, Трамп не се појавил во јавноста од минатиот вторник, кога отпатува во Тексас и таму им дозволи на медиумите да го фотографираат и снимаат за време на посетата на граничниот ѕид кон Мексико.
Западното крило на Белата куќа, каде се наоѓа Овалната соба, Рузвелтовата соба и други претседателски кабинети, како и врвот на администрацијата на претседателот на САД, денеска е целосно испразнето.
Свет
Германија воведува уште построги мерки до 14 февруари

Германија ќе воведе уште построги мерки на заклучување и нивно продолжување до 14 февруари. Канцеларката Ангела Меркел се состана со премиерите на федералните покраини, со кои договори нови мерки по 31 јануари.
Меркел и лидерите на покраините се договорија да воведат мерки за задолжително носење на високо квалитетни медицински заштитни маски во продавниците и во јавниот превоз. Ова вклучува таканаречени хируршки маски и маски попознати по ознаките ФФП2 и Н95.
Според новите правила, на граѓаните ќе им биде забрането да носат маски од ткаенина или шалови како замена за маски во јавниот превоз, пренесуваат германските медиуми. Покрај тоа, документот со нови мерки предвидува Федералното Министерство за труд и социјала да издава регулативи за работа од дома.
Според неа, работодавците мора да им дозволат на вработените да работат од дома секогаш кога е можно. Ова ќе ги намали контактите на работа, но исто така и на патот кон работата, што треба да го забави ширењето на коронавирусот. Исто така, од работодавците се бара да воспостават флексибилно работно време за сите оние кои треба да одат на работа за да избегнат метеж во јавниот превоз во раните утрински и попладневни часови.
Една од најважните теми на состанокот е одлуката за отворање на училишта. Но, најверојатно засега ќе продолжат онлајн часовите. Канцеларката Меркел е за продолжување на ваквиот режим во образованието, додека некои покраински лидери се против, пренесуваат германските медиуми.
Свет
ЕУ очекува до лето да биде вакцинирано најмалку 70 проценти од населението

Земјите од Европската унија треба до лето да имаат за цел да вакцинираат најмалку 70 проценти од нивната возрасна популација, препорача Европската комисија.
Извршното тело на Европската унија, исто така, наведува дека ќе работи на зајакнување на производните капацитети на производителите на вакцини, преку мерки што може да вклучуваат инвестиции во производствени погони и побрзи регулаторни процедури за нивно одобрување, објави Ројтерс.
До март, најмалку 80 проценти од луѓето постари од 80 години и 80 проценти од здравствените работници, исто така, треба да бидат вакцинирани во секоја земја на ЕУ, соопшти Комисијата.
Секоја од 27-те влади на ЕУ управува со своите кампањи за вакцинирање, што вклучува темпо со кое сакаат да се вакцинираат и на кои групи сметаат дека треба да им се даде приоритет.
ЕУ нарача речиси 2,3 милијарди дози од одобрените вакцини против Ковид-19, но досега само два лека добиле регулаторно одобрување. Повеќето вакцини бараат две дози за да обезбедат целосна заштита.
ЕУ обезбеди 600 милиони дози вакцини развиени од „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „БиоНТех“ и покрај раните прекини во снабдувањето, очекува тие да бидат доставени до крајот на оваа година. Комисијата, исто така, ги повикува земјите од ЕУ да го зајакнат својот капацитет за следење на коронавирусот со цел побрзо да откриваат нови варијанти.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира