Свет
Почина Роберт Макнамара, архитектот на Виетнамската војна
Поранешниот министер за одбрана на САД, кој го сметаа за главниот човек на Виетнамска војна под претседатели Кенеди и Џонсон, почина во 93-та година од животот
Роберт Макнамара со нарушено здравје починал утрово во својот дом, соопштила неговата сопруга Дијана. Макнамара беше еден од најблиските соработници на подоцна убиениот американски претседател Џон Ф. Кенеди во текот на Кубанската криза во 1962 г., кога САД и тогашниот СССР беа на работ од нуклеарната војна. Тој беше критикуван од американската јавност заради неговата улога во Виетнамската војна, кога под негова сугестија и раководство американското учество во војната со помалку од илјада советници да се зголеми со повеќе од 500 илјади војници и околу 57 илјади загинати американски војници. Дури дел од американските медиуми таа војна ја нарекуваа „Војната на Макнамара“. Тој, пак, во 1996 г. во документарната серија на CNN, „Студената војна“ заклучи дека и администрацијата на Кенеди и на следниот претседател Линдон Џонсон страотно згрешиле продолжувајќи ги воените акции и по 1963 г. Според Макнамара, едноставно не можело да се обнови една пропадната држава, како што тогаш бил Виетнам, што не било препознаено од американска страна. Неговата кариера е многу интересна. Потекнува од Сан Франциско, студирал економија на Универзитетот Калифорнија, а магистрирал на Харвард на деловно управување. Во Втората светска војна бил офицер во штабот на воздухопловните сили, како аналитичар на резултатите од бомбардирањата врз Германија и врз Јапонија. По војната се вработил во автомобилската компанија Ford Motor Company, а во 1960 г. станал прв претседател на управата кој не е член на управувачкото семејство Форд. Истата година новоизбраниот американски претседател го повикува да ја заземе функцијата министер на одбраната.Во 1962 г. по откривањето дека Советите на Куба инсталираат нуклеарни проектили, станува најблискиот советник на Кенеди за Кубанската криза, кога се воведува поморската блокада на комунистичкиот режим на Фидел Кастро. По извонредно напнатиот период, на крајот е постигнат договор СССР да ги повлече ракетите, а САД да гарантираат дека нема да извршат инвазија врз Куба. Во текот на Виетнамската војна, Макнамара ја поддржуваше опцијата дека да биде воено помогнат Јужен Виетнам во војната против комунистичкиот Северен Виетнам зад кој повторно стои СССР, заради спречување на ширењето ан комунизмот. Подоцна тој признава дека го потценил виетнамскиот фанатизам и национализам, но не се согласуваше потполно дека САД извршија инвазија, дека туку поддржуваа една страна во, според него, војна со сите обелжја на граѓанска војна. Со зголемувањето на американските загуби во Виетнам и нерасположението во САД, Макнамара на Џонсон кон крајот на 1967 г. му советува дека нема рационален начин војната набрзо да биде завршена па САД да го ограничат своето воено присуство во Јужен Виетнам, а на тамошната влада да и’ го препуштат водењето на војната. На крајот од ноември истата година, претседателот Џонсон го сменува и го испраќа во Светска банка во чие раководство ги минува следните 12 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп повторно го тужи Харвард
Администрацијата на Трамп денес поднесе нова тужба против Универзитетот Харвард, обвинувајќи го дека не се придржувал до федералната истрага и барајќи документи поврзани со неговите практики за прием на студенти.
Во тужбата поднесена во федералниот суд во Бостон, адвокатите на Министерството за правда на САД изјавија дека бараните документи ќе помогнат да се процени дали Харвард се придржува до пресудата на Врховниот суд на САД од 2023 година, со која програмите за прием на колеџи базирани на раса се прогласени за неуставни.
Министерството за правда соопшти дека ја поднело тужбата „единствено за да го принуди Харвард да достави документи поврзани со какво било разгледување на расата при приемот“ и „не го обвинува Харвард за какво било дискриминаторско однесување, ниту бара парична отштета или укинување на федералното финансирање“.
Трамп, претходно овој месец изјави дека неговата администрација бара 1 милијарда долари од Харвард за решавање на истрагите за политиките на универзитетот, откако новинските извештаи објавија дека Трамп се откажал од барањето за исплата од престижниот универзитет.
Харвард е во фокусот на широката кампања на администрацијата за користење на федерално финансирање за да се поттикнат промени на американските универзитети, за кои Трамп вели дека се погодени од антисемитски и „радикално левичарски“ идеологии.
Администрацијата откажа стотици грантови доделени на истражувачи од Харвард врз основа на тоа што универзитетот не направил доволно за да го спречи вознемирувањето на еврејските студенти на својот кампус, што го натера Харвард да поднесе тужба.
фото/Depositphotos
Свет
„Што е спротивно на поредокот заснован на правила? Тиранија и војна“ – Калас остро на панел дискусија
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави на една панел-дискусија дека на меѓународниот поредок му недостига одговорност за прекршувањето на правилата.
„Сите се повикуваат на Повелбата на Обединетите нации. Начелата постојат. Но што се случува кога некој ќе ги прекрши? Очигледно е дека одговорноста не функционира“, рече Калас.
Таа смета дека Советот за безбедност не работи според замислата и дека Обединетите нации „не го одразуваат светот каков што е денес“.
„Повеќето држави во светот сакаат поредок заснован на правила, сакаат правила што ќе го регулираат начинот на кој комуницираме и соработуваме едни со други“, додаде Калас.
Истакна дека големите меѓународни кризи низ историјата го поттикнувале развојот на меѓународното право и дека сегашната криза е можност „овој свет да се развие“.
Коментирајќи го говорот на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој изјави дека „стариот светски поредок исчезна“, Калас заклучи:
„Која е спротивноста на светски поредок заснован на правила? Тоа се тиранија и војни. А очигледно таму се наоѓаме сега.“
Свет
Гувернерот на Калифорнија: Трамп е привремен, ќе замине за три години
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, жестоко го критикуваше Доналд Трамп, нарекувајќи го „најразорниот претседател“ во историјата на САД и обвинувајќи го дека „сѐ подлабоко тоне во глупост“.
„Никогаш во историјата на САД немало поразорен претседател од сегашниот жител на Белата куќа“, рече Њусом.
Тој смета дека Трамп „се обидува да нѐ врати во 19 век“, додека, како што истакна, Калифорнија успешно покажува дека може да спроведува политики, да се натпреварува и да доминира.
„Ако денес не запомните ништо друго, запомнете го ова: Доналд Трамп е привремен. Ќе замине за три години“, рече Њусом.
Коментирајќи ја климатската криза, тој нагласи дека таа директно ги погодува Американците: „Луѓето горат, се гушат и се варат од горештини; истовремено имаме суши и поплави, како и историски шумски пожари.“
Тој додаде дека во Калифорнија ова прашање одамна ги надминало партиските поделби:
„Калифорнија е голема сина држава, но тука живеат повеќе републиканци отколку во многу републикански држави. Ние одамна сме над партиските поделби, бидејќи нема републикански или демократски термометар. Постојат само реални температури.“
Инаку, Њусом се споменува како можен кандидат на демократите за претседателските избори во 2028 година.

