Свет
Француски војник и тројца американски маринци убиени во Авганистан
Американските војниц биле жртви на уште една мобма поставена крај пат додека вршеле патрола, додека францускиот војник загинал во директна пресметка на север од Кабул
Американците биле убиени во саботата во јужната авганистанска провинција Кандахар, потврди мирнаричкиот офицер Брајан Нарањо. Тој не соопштил детали за инцидентот, додаваќи дека тие ќе им бидат соопштени на семејстваа на загиантите војници.И со вчерашниот напад се покажа дека крајпатните бомби се најубиственото оружје кое авганистансктие милитанти го избраа во борбата со меѓународните сили. Бројката загинати американски војници од ваквите експлозии е огомен и е најголем во однос на другите смртни случаи во Авганистан. Во јули, на пример, кој беше насмртоносниот месец за странските војски во Авганистан од 2001 г. , од вакви напади загинаа вкупно 74 странски војници, од коу дури 43 беа американски. Францускиот војник, пак, бил убиен а други двајца биле ранети во судир со бунтовниците северно од главниот град на Авганистан. Воени извори изјавиле дека загинатиот француски офицер бил припадник на 230-члената мешовита единица составена од дранцуски и авганистански војници, која се судрила со талибаните. Не биле соопштени податоци за тоа колку бунтовници и војници учестувале во престрелката и колкави се загубите на талибаните, но е соопштено дека битката трале повеќе од час и половина. Од 2001-та, Франција во Авганистан загуби 29, а таму учествува со вкупно 2.900 војници. Во Париз, кабинетот на претседателот Николас Саркози излезе со соопшение во кое се осудува убиството на францускито војник и се вели дека „Франција ја потврдува својата решеност да се бори заедно со авганистанскиот народ протув реакцинерстовото и теоризмот“. Сега во Авганистан има 62 илајди американски и 39 илајди војници од други држави, меѓу кои и повеќе ид стотина од Република Македонија, кои ги предводата 175-те илјади авганистански војници. Америакнскиот претседател Барак Обама, од своето доаѓање на фунцкијата, пред помалку од една година, го зголеми присуството на восјакта на САД за 21 илајда кои се распоредувани до крајот на годинава. Некои од државите челнки на НАТО, планираат во следните години сосема да ги повлечат своите војници од Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

