Свет
Обама ја брани својата реформа во здравството

Американскиот претседател Барак Обама ги обвини денеска неговите критичари дека прибегнуваат кон „гласините од надвор“ и кон „лажни информации“ со цел да се поткопаат неговите напори за реформа во здравството
„Додека се приближуваме кон завршување и усвојување на реформите на здравственото осигурување на тоа се почесто се противат оние кои заговараат статус кво и собираат политички бодови во Вашингтон“, рече Обама во рамки на неговото неделно обраќање преку радио и интернет.„Дозволете ми да ви објаснам што реформата ќе значи за вас. Ќе почнам со отфрлање на гласините од надвор дека реформата ќе ја промовира еутаназијата…или ќе доведе до владино преземање на здравството. Тоа едноставно не е вистина“, истакна Обама.Опозициските републиканци, конзервативните здруженија, како и дел од здравствената индустрија, започнаа широка кампања против реформата во здравството.Еден од клучните елементи од реформата е воведувањето на државен фонд за здравствено осигурување, попристапен за граѓаните со помала имотна моќ, на што одлучно се противи осигурителната индустрија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Поранешен советник на Путин: Русија стравува од едно сценарио во прекинот на огнот

Владимир Путин најверојатно планира да одговори на предлогот за прекин на огнот со свое барање, изјави неговиот поранешен советник Сергеј Марков.
Зборувајќи за SkyNews, Марков рече: „Русија стравува дека периодот на прекин на огнот ќе се искористи за целосна милитаризација на украинското општество од страна на НАТО“.
Поради ова, тврди тој, Путин најверојатно ќе бара ембарго за испорака на оружје на украинската армија од други земји.
Но, кога еден новинар го прашал за можноста за испраќање мировници од европските земји, Марков се насмеал.
„Британските и француските трупи се дел од војната“, рече тој, додавајќи дека мировниците обично се од неутрални земји.
„Сите војници од европските земји би се сметале за окупатори, а руските војници би ги убиле сите бидејќи дошле да ја ослободат Украина.
Тензиите се зголемија кога беше прашан дали Русија ќе ги смета британските мировници за непријатели и учесници во војната.
„Да, затоа што Британија е учесник во војната“, одговори Марков, мислејќи на воената помош што Обединетото Кралство и ја дава на Украина.
Свет
Трамп: Никој нема да ги протера Палестинците од Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ниту еден Палестинец нема да биде протеран од опколениот Појас Газа, иако тој продолжува со својот план за преземање и обнова на палестинската енклава.
„Никој не ги протерува Палестинците“, рече Трамп одговарајќи на новинарско прашање додека беше домаќин на ирскиот премиер Мајкл Мартин во Овалната соба.
Коментарите на американскиот претседател доаѓаат откако израелскиот екстремно десничарски министер за финансии Безалел Смотрич во неделата изјави дека Тел Авив ќе отвори нова канцеларија за „администрација за емиграција“ во Министерството за одбрана за да управува со принудното раселување на Палестинците од Газа, според повеќе медиумски извештаи.
Свет
Пленковиќ: Американските царини не би требало да имаат значително влијание врз Хрватска

Премиерот Андреј Пленковиќ изјави денеска дека американските царини за увоз на челик и алуминиум од Европската унија не треба значително да влијаат на Хрватска и дека во овој момент овој потег „не е толку загрижувачки“ за трговските односи меѓу Хрватска и САД.
Тој додаде дека „подетално треба да се анализира поврзаноста на бројни хрватски компании со поголеми европски компании, кои многу повеќе извезуваат во Европската унија и врз чии економии ќе имаат поголемо влијание овие мерки.
„Во овој момент, овој потег не е толку загрижувачки за трговските односи меѓу Хрватска и САД, но секако, треба да бидеме внимателни со сите сектори, Хрватската стопанска комора, стопанството, да внимаваме што се случува и евентуално да ја прилагодиме ориентацијата на овие компании на други извозни пазари или на домашните пазари“, рече Пленковиќ.