Свет
Грузиските лидери ќе бидат казнети заради Ј.Осетија, вели Медеведев
Рускиот претседател смета грузиските челници ќе бидат „строго казнети“ заради ланската војна со Русија затоа што сака да воспостават контрола врз Јужна Осетија.Грузискиот претседател, пак, тврди дека Путин сака да го ликвидира и тргне од власт
„Сигурен сум дека во свое време праведна и строга казна ќе ги стигне они екои ја исдале злосторничката наредба за напад врз Јужна Осетија“, изјавил на руската државна телевизија, Дмитриј Медведев. Рускито претседател предупредил дека не може да се исклучи и повторување на таков судир, имајќи го спооред него, однесувањето на Тбилиси последните седмици. Медведев притоа идниректно ги критикувал САД заради тоа што помага во повторното вооружување на Грузија. „Сигурен сум дека сие добро знаат кој ја вооружи и кој и натаму го вооружува режимот во Тбилиси“, рекол Медведев, при доделувањето на ордени во воена база на југот од Русија на границата со Грузија токму на годишнината од нивната ланска војна.Грузискиот претседател Михаил Сaакашвили вели дека рускиот премиер Владимир Путин е „решен да го убие“, што е дел од планот на Москва за обнова на Русија како некогашниот Советски Сојуз.Во интервју за лондонски Times по повод годишнината од руско-грузиската војна, Сaакашвили признава дека Грузија опстојува како независна држава и покрај постојаните руски закани и афирмацијата на „цврст владетел“, само поради продолжената поддршка на САД и на ЕУ. Тоа, според грузискиот претседател ја спречува руската армија да изврши уште една инвазија врз грузиската територија.„Владимир Путин сака да ја уништи независноста на Грузија за да ја обнови руската контрола врз регионот на Кавказ и врз патот на нафтата и гасот од Касипиското Море кон Европа“, вели грузискиот претседател, дополнувајќи дека доколку грузиските сојузници ја остават сама, таа „секако не ќе може да опстане“.Times открива дека настојувајќи да се спречи обнова на непријателставата, американскиот претседател Барак Обама му телефонирал на рускиот претседател Дмитриј Медведев и го испраќа во Тбилиси својот потпретседател Џозеф Бајден. Во исто време Европската Унија испрати предупредување до Москва за непреземање никакви акции против Грузија.Според проценките на грузиските безбедносни сили, на територијата на отцепените области Абхазија и Јужна Осетија сега се стационирани повеќе од 10 илјади руски војници. Лидерите на двете овие територии што Москва ги призна како независни држави изјавуваат дека никогаш повеќе нема да се вратат во составот на Грузија.Годишнината која ја одбележуваат и двете страни минува во напнати односи. Русија ја обвинува Грузија дека провоцира и војниците на границата со Јужна ОСетија ги стави во зголемена борбена подготвеност. СПоред податоците на Москва, 67 руски војници и 161 јужноосетиски цивил загинаа во војната што почна на 8 августи 2008 г. Грузија тврди дека нејзините загуби се 224 цивили, 161 војни и 11 полицајци. Според Аменсти интернешенел, околу 30 илајди лица, претежно Грузијци живеааткако бегалци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва
Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на градското собрание Крокус во Москва на 22 март, соопшти денеска за „ТАСС“ портпаролот на полицијата.
„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја испитуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.
Полицијата уапсила државјанин на Таџикистан. Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.
Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.