Свет
Убиена вчера грабнатата чеченска активистка за човекови права

Активистка за човекови права и нејзиниот сопруг денеска се пронајдени мртви во Чеченија, јавија руските агенции. Ова е второ убиство на борец за човекови права во северен Кавказ, откако на сличен начин во средината на јули беше убиена чеченската активистка Естемирова
Зарем Абдулаева Садулаева и нејзиниот сопруг во понеделникот попладне беа киднапирани од нејзината канцеларија, а денеска се пронајдени мртви во близината на чеченската престолнина Грозни. Полицијата молчи за овие убиства, а организациите за човекови права тврдат дека чеченскиот претседател Рамзан Кадиров дозволува еклатантни кршења на човековите права во немирната руска република на Кавказот.Активистка на невладината хуманитарна организација „Да ги спасиме идните поколенија“ е киднапирана во понеделникot од непознати вооружени напаѓачи во Грозни, главниот град на Чеченија.„Непознати напаѓачи попладнето влегоа во нејзината канцеларија и насилно ја ставиле во автомобил. Оттогаш не се знае што се случило со неа“, изјави поранешен колега на киднапираната.Според Александар Черкасов од руската организација за заштита на човековите права „Меморијал“, киднапираната е Зарем Абдулаева, а со неа како заложник беше земен и нејзиниот сопруг.Минатиот месец исто така во Грозни беше киднапирана од пред својот дом и подоцна во близина на границата си Ингушетија ликвидирана активистка на организацијата „Меморијал“, Наталија Естемирова.Претседателот на оваа организација Олег Орлов за нејзиното убиство го обвини чеченскиот претседател Рамзан Кадиров. Рускиот претседател Дмитриј Медведев остро го осуди убиството на Естемирова и побара доследна и сеопфатна истрага од страна на чеченските власти.„Републичкото министерство за внатрешни работи и другите безбедносни структури ги проверуваат информациите за грабнувањето на Садулаева и нејзиниот сопруг. Во овие структури не е регистрирана поднесена пријава за киднапирањето“, изјави вчера извор на агенцијата РИА Новости. Преtставник на Истражната управа на Руската Федерација за Чеченија исто така изјави дека „… со информација или пријава за киднапирање на соработник на невладината организација ’Да ги спасиме идните поколенија’, досега никој не се обратил“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Албанија активни се 14 пожари, горат големи површини

Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу потврди дека во земјата 14 пожари се уште се активни и зафаќаат големи површини.
Во објава на социјалните мрежи, наведува дека во гаснењето на неколкуте големи пожар на југот на земјата, освен противпожарни единици, армиски, полициски сили и доброволци, вклучени се и хрватски и шведски авион „Канадер“.
Венгу додава дека се очекува пристигнување на два хеликоптери од воздухопловните сили на Обединетите Арапски Емирати, уште еден „Канадер“ од Грција и два хеликоптери од европскиот механизам од Чешка и Словачка.
Свет
Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа, предупредува Советот за безбедност на ОН

Спроведувањето на израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа на истоимената палестинска територија, каде што Израел војува речиси две години, се заканува да предизвика нова катастрофа што би се почувствувала во целиот регион, предупреди денеска високиот функционер на ОН Мирослав Јенча.
Јенча, заменик-генерален секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка, на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН во врска со овој план изјави дека во Појасот Газа се одвива хуманитарна катастрофа од големи размери.
Тој рече дека преземањето контрола врз градот Газа може да предизвика нова катастрофа во целиот Појас, предизвикувајќи понатамошно присилно внатрешно раселување и убивање цивили.
Израелскиот план беше остро осуден од претставникот на Словенија во Советот за безбедност и поранешниот министер за надворешни работи, Самуел Жбогар.
Во говорот во име на Данска, Грција, Франција и Словенија, тој рече дека секој обид за анексија, проширување на воените операции и кршење на меѓународното право дополнително ќе ги изложи на опасност сите цивили во Газа, вклучувајќи ги и преостанатите Израелци, заложници на милитантното исламистичко движење Хамас.
Свет
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени е регистриран денеска во западна Турција во регионот Баликесир, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД).
Земјотресот е почувствуван и во Истанбул и низ целиот регион на Мармара и Егејот.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри, на 52 километри од градот Баликесир.