Контакт

Свет

Северна Кореја ја зголеми борбената готовност

Објавено пред

Севернокорејската армија ја подигна борбената готовност во пресрет на денешните заедничка американско-јужнокорејска воена вежба

dobivaj vesti na viber

„Целата армија и народот се во состојба на специјална борбена готовност. Ако американските империјалисти или јужнокорејските марионети извршат и најмала воена провокација и посегнат по суверенитетот на Северна Кореја, нашата револуционерна армија ќе им нанесе удар на агресорите, вклучувајќи ги сите офанзивни и дефанзивни средства, вклучително и нуклеарното оружје“, се наведува во соопштението на севернокорејските власти, пренесено од државната новинаск аагенциаја KCNA.Оваа американско-јужнокорејска воена вежба во која учествуваат 56 илјади војници од Јужна Кореја и 10 илјади војници од САД ќе трае десет дена. Заедничките воени вежби кои вклучуваат компјутерски симулации и увежбување на комуникациите.Маневрите, како што се забележаа некои западни медиуми, доаѓаат во период кога од Пјонгјанг пристигнуваа ретки помирувачки тонови, а во тој контекст се наведува неодамнешното ослободување на двете американски новинарки Лора Линг и Еуна Ли, по интервенцијата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата средба во Пјонгјанг со комунистичкиот лидер Ким Јонг Ил.Пјонгјанг во неделата се закани дека ќе употреби нуклеарно оружје ако биде загрозена нејзината безбедност а инаку, кконстантно одржува воени вежби на кои се симулира извршување инвазија и нуклеарна војна.„Ако американските империјалисти и бандата на Ли Мунг Бак (претседателот на Јужна Кореја – з.н.) ја нападнат Корејската Народна Демократска Република со атомски бомби, тоа ќе  предизвика одговор кон нив исто така со нуклеарно оружје. Ним треба да им биде јасно дека тоа е челичната волја на решителноста на корејската народна армија во секое време да Тие треба јасно да разбере“, стои во вчерашната информација на KCNA во која се цитира изјава на висок офицер во армијата на Северна Кореја.САД во Јужна Кореја имаат стационирано 28.500 војници, како поддршка на нејзината армија која брои 670 илјади. Северна Кореја, пак, има во нејзините вооружени сили 1,2 милион војници, но аналитичарите сметаат дека се вооружени со застарено оружје.Двете Кореи, практично се’ уште се во војна, откако нивниот оружен конфликт од 1950 до 1953 г.  заврши со потпишување  прекин на огнот а не мировен договор.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Шпанија ги осуди нападите врз Иран, Санчез повикува на деескалација

Објавено пред

Шпанскиот премиер Педро Санчез остро ги осуди нападите на САД и Израел врз Иран, предупредувајќи дека тие би можеле да ги зголемат тензиите во регионот и да придонесат за „понесигурен и непријателски расположен меѓународен поредок“. Одговорот на Мадрид беше подиректен од многу други светски лидери, кои најчесто повикуваа на воздржаност и почитување на меѓународното право без директно да ги критикуваат САД или Израел, објави Euronews.

dobivaj vesti na viber

„Ја отфрламе едностраната воена акција на САД и Израел, што претставува ескалација и придонесува за понесигурен и непријателски расположен меѓународен поредок“, напиша Санчез на социјалната мрежа Икс.

Неговата изјава дојде по серијата напади од страна на САД и Израел низ Иран. Целите наводно вклучувале објект во центарот на Техеран за кој се верува дека е резиденција на 86-годишниот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи.

Прикажи повеќе...

Свет

Иран тврди дека 201 лице загинало во нападите; САД: Нема американски жртви

Објавено пред

Американската војска не претрпе жртви во борбените дејствија откако Иран одговори на американско-израелските напади со стотици ракети и беспилотни летала, соопшти во саботата Централната команда на САД.

dobivaj vesti na viber

Во исто време, иранските медиуми, повикувајќи се на Црвената полумесечина, објавија дека 201 лице загинале во израелските и американските напади во 24 провинции.

Американската команда соопшти дека иранските контранапади предизвикале минимална штета на американските инсталации и дека тоа не влијаело на операциите.

Според војската, целите на нападите биле командни пунктови на иранската армија и Револуционерната гарда, како и објекти за лансирање ракети и беспилотни летала.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во генерација“ да го соборат режимот таму. Тој рече дека нападите на Израел ќе им помогнат „да се ослободат од тиранијата“.

dobivaj vesti na viber

„Излезете масовно на улиците и завршете ја работата“, рече тој. „Крајно време е да се обединиме во историска мисија“, додаде Нетанјаху.

Нетанјаху, исто така, тврди дека „постојат многу знаци дека тиранинот Хамнеи повеќе не е жив“.

Тој не понуди докази за тоа тврдење.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет21 минута

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет30 минути

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет4 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија5 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет5 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет10 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет11 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија12 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет12 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет13 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет13 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија1 ден

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија1 ден

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ1 ден

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија1 ден

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија1 ден

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ1 ден

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија1 ден

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет1 ден

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...