Свет
Ден по изборите во Авганистан
И изборниот тим на претседателот Хамид Карзаи и тој на главниот противник Абдула Абдулах, објавувале победа на изборите, еден ден по храброто гласање на милиони авганистанци и покрај многубројните напади на талибаните
Првите официјални бројки се очекуваат најрано во сабота, но изборните тимови на кандидатите соопштувале неофицијални информации за победа. Според пребројувањето од штабот на Абдулах, неофицијално тој бил во убедлива предност, но таквите информации не се целосни, поради необјавените бројки од југ и исток на земјата, каде гласачкото тело на Карзаи било побројно.Тимот на Карзаи соопштил дека претседателот освоил повеќе од 50 проценти од гласовите на граѓаните. Овој резултат би значел дека нема да има втор круг гласање.„Ние веруваме дека Карзаи ќе има повеќе од 50 проценти од гласовите“, изјавил Седик Седики, претставник од тимот на Карзаи, додавајќи дека таквото верување се базирало на нивни првични сознанија.Ставот на Независната изборна комисија вели дека е премногу рано штабовите да слават победа.„Она што го тврди канцеларијата на Карзаи, не е точно. Резултатот е пред вас. Можете да видите дека Абдулах е во предност со 62 проценти, а Карзаи губи со 31 процент од гласовите“, изјавил Сајид Ага Хусеин Фазел Санхараки, претставник од канцеларијата на Абдула Абдулах.Додека кандидатите ги формираат очекувањата во престолнината, изборните комисии низ земјата ги броеле гласовите. Меѓународните набљудувачи повикале на тишина додека траело неизвесното чекање на резултатите. Иако првичните бројки ќе бидат објавени во сабота или во недела, официјалните резултати нема да бидат објавени до почетокот на септември. Заканите, насилствата и стравот допринеле да се намали излезноста на изборите, споредено со претходното гласање во 2004 г. Најмалку 26 луѓе загинале во изборните насилства, што сепак за експертите било помалку од она што се стравувало.Врвниот претставник на изборните комисии, Зекриа Баракзаи, за Associated Press изјавил дека според проценките само 40 до 50 проценти од 15-те милиони регистрирани гласачи излегле на гласање, што било далеку помалку од 70 процентната излезност на изборите во 2004г. Но, и покрај се’, повеќето Авганистанци гласале, дури по цена на животот. Некои чекале до попладнето за да видат дали ќе се остварат заканите на талибаните, кои рекле дека ќе ги разнесат изборните единици. Некои гордо го покажувале мастилото од маркерот на показалецот за да покажат дека гласале.Властите отвориле 6.202 изборни центри, што претставува 95 проценти од планираните, според изјавите на Баракзаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.
Свет
Фицо ѝ се закани на Украина: Ако не добиеме нафта до понеделник, ќе ви ја исклучиме струјата
Словачкиот премиер, Роберт Фицо, упати ултиматум до Киев, со кој најавува дека Словачка ќе ги прекине итните испораки електрична енергија за Украина ако до понеделник не се обнови транзитот на нафта кон земјата. Со ова се дополнително заоструваат веќе напнатите односи меѓу двете држави.
„Ако украинскиот претседател до понеделник не го обнови снабдувањето со нафта за Словачка, истиот ден ќе побарам од надлежните словачки компании да ги запрат итните испораки електрична енергија за Украина“, изјави Фицо.
Тој го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека се однесува злонамерно кон Братислава и дека не го цени мировниот пристап на Словачка. Фицо истакна дека Украина најпрво ја запрела испораката на гас, што, според него, предизвикало штета од 500 милиони евра годишно, а потоа и испораката на нафта, создавајќи дополнителни економски и логистички проблеми.
Премиерот нагласи дека Словачка од почетокот на војната ѝ помага на Украина, прифаќајќи околу 180.000 украински државјани, обезбедувајќи хуманитарна помош и организирајќи заеднички состаноци на владите.
„Словачка прави многу повеќе од некои други земји“, рече Фицо.
Тој додаде дека односите не можат да бидат еднострана улица и дека Словачка како суверена и горда држава не може да прифати однос од кој единствено Украина има корист.
Свет
(Видео) Експлозија на камион со гас во Сантјаго, има загинати и повредени
Камион кој превезувал течен гас експлодирал во Во Сантјаго, Чиле, при што загинале четири лица, а 17 се повредени.
Меѓу жртвите е и возачот на камионот, кој според извештаите, изгубил контрола пред експлозијата.
📌 Deadly gas truck blast rocks Chile’s capital
💥 Gas truck explodes on highway in Renca district of Santiago, killing at least four people and injuring 17 others
🎥 Moment of explosion shows massive fireball engulfing roadway pic.twitter.com/axPSHzf5WA
— Anadolu English (@anadoluagency) February 20, 2026
Силната експлозија создала огромен облак чад, а ударот се почувствувал на растојание од 150 до 200 метри.
Во несреќата биле оштетени најмалку 50 возила.
Јавниот обвинител во Чиле отвори истрага за случајот.

