Свет
Многу неправилности на авганистанските избори
Многу изборни измами ги одбележаа авганистанските претседателски и покраински избори, соопшти главната независна органзиација на изборни набљудувачи FEFA
На самиот ден на изборите, во четвртотоко 20-ти август, Free and Fair Election Foundation of Afghanistan имаше распоредено 6.968 набљудувачи, меѓу кои 2.488 беа жени, на 6.200 избирачки места. На прес конференцијата во сабота попладне во Кабул, претседателот на FEFA, Недер Недири изјавил дека биле забележани бројни неправилности меѓу кои најбројни биле гласачи со повеќе различни лични документи за различни избирачки места и појава на семејно гласање, односно гласање во името на жените. На некои места вооружени лица им се заканувале на членовите на изборните комисии. Организацијата ја критикувала изборната комисија, бидејќи чесстопати била искористувана и неписменоста на избирачите спротивно од нивната волја. FEFA исто така го критизираше и недостиго од непристрасност, како што рекол Надири, и непостоење на внатрешна контрола на персоналот комисијата..Многу од избирачките места не биле отворени на време а некои и воопшто не биле отворени, а посебно во Орузган каде биле отворени само шест од 36 биле отворени. Воопшто не биле отворени 650 изборни канцеларии кои биле резервирани само за жени. Посебен проблем на изборите што го забележала организацијата е насилството во првите часови по отворањето на избирачките места што ги изведоа талибаните за да го заплашат населението да не излегува на избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Државната дума на Русија го именуваше Михаил Мишустин за премиер
Државната дума на Русија на пленарниот состанок усвои предлог за резолуција за именување на Михаил Мишустин за премиер.
За овој предлог гласаа 375 пратеници, 57 беа воздржани, додека ниту еден од пратениците не гласаше против, пренесува РИА Новости.
Новиот премиер треба да поднесе предлози за структурата на федералните извршни тела до претседателот на Русија најдоцна една недела по неговото именување.
Свет
Стинг и „Колдплеј“ бараат ослободување на иранскиот рапер осуден на смрт
Активистите за човекови права, заедно со 100 музичари, вклучувајќи ги Стинг и „Колдплеј“, бараат ослободување на иранскиот рапер Тумај Салехи, осуден на смрт поради поддршка на масовните протести во Иран есента 2022 година. „Смртната пресуда на Салехи е кулминација на три години судско вознемирување вклучувајќи апсење, затворање и тортура“, се вели во петицијата на лондонската организација Index on Censorship.
Во многу од неговите песни пејачот го привлече вниманието на состојбата со човековите права во Иран. Во октомври 2023 година на Салехи му беше доделена наградата за слобода на изразување од страна на Index on Censorship.
„Мора да се дозволи уметноста да критикува, провоцира, преиспитува и предизвикува авторитет“, велат потписниците.
„Ниту еден уметник не треба да биде подложен на каков било вид судско малтретирање поради остварување на своето право на слобода на изразување, а камоли да биде осуден на смрт“.
Смртната казна за Салехи беше објавена на крајот на април. Оваа вест предизвика незадоволство во Иран и други земји во светот. Властите донесоа одлука во врска со поддршката на Салехи за масовните протести во Иран во есента 2022 година. Во минатото раперот со своите текстови ги критикува социјалните и политичките проблеми во земјата.
Свет
Папата ги повика владите на демографски политики: „Не недостигаат кучињата и мачките, туку децата“
„Владите мора да спроведат сериозни и ефективни политики за благосостојбата на семејствата за да се спротивстават на падот на наталитетот и стареењето на населението“, рече денеска папата Франциско и ги повика младите да имаат верба во иднината.
Говорејќи на конференцијата за сè потешката демографска криза, папата рече дека бројот на првите раѓања е показател за надежта на луѓето и дека Европа сè повеќе се претвора во „стар, уморен и резигниран“ континент.
„Потребни се ефективни политики, храбри, конкретни и долгорочни одлуки. Потребна е поголема посветеност на сите влади за помладите генерации да ги остварат своите легитимни соништа“, рече папата.
Стапката на наталитет во Европа минатата деценија падна на 1,5 раѓање на жена. Ова е повисоко од најниските нивоа, како оние во источна Азија, но многу помалку од 2,1 потребни за одржување на населението.
„Постои факт што ми го кажа еден демограф. Моментно, инвестициите со најмногу приходи се оние во фабриките за оружје и контрацепција. Едниот го уништува животот, другиот го спречува. Каква иднина имаме? Тоа е лошо“, вели папата.
Бројот на раѓања во Италија падна на рекордно ниско ниво во 2023 година и се намалува веќе 15-та година по ред.
„Домовите се полни со предмети, но без деца, стануваат многу тажни места. Не недостигаат мали кучиња, мачки. Нема недостиг од тоа. Има недостиг од деца“, рече папата.
Тој предложи политики што нема да ги принудуваат мајките да избираат помеѓу кариерата и грижата за децата и кои на младите парови ќе им обезбедат стабилни работни места и можност за купување недвижен имот.
„Знам дека за многумина од вас иднината изгледа неизвесна и дека поради падот на наталитетот, војните, пандемиите и климатските промени, не е лесно да се одржи надежта жива. Но, не откажувајте се, имајте верба “, им рече тој на младите.