Свет
Во Италија извлечен рекордниот џекпот од 146,9 милиони евра на „Супереналото“
Рекордниот џекпот од 146,9 милиони евра од италијанската лотарија „Супереналото“ конечно беше извлечен, соопшти италијанската телевизија РАИ
Среќниот добитник е од Бањоне, во провинцијата Маса Карара, во Тоскана, а добитната комбинација е 11, 27, 10, 79, 45 и 88.Џекпотот „падна” по повеќе недели лотариска треска, што натера туристи од цела Европа да си ја пробаат среќата во најголемата игра на среќа на континентот.Главната награда не беше извлечена уште од 31 јануари годинава.Најголемиот добитник од лотаријата, меѓутоа, е италијанската држава, бидејќи учесниците потрошија над две милијарди евра од почетокот на годината, а половината од оваа сума отиде во државната каса, забележаа агенциите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

