Свет
Во експлозија на хемикалии 18 загинати Кинези

Експлозијата се случила при истоварување на хемикалиите од камион во градот Линјиџу, во кинеската покраина Шандонг
Покрај 18-мината загинати, потешко се ранети уште десетина лица, пренесува BBC, повикувајќи се на државната новианска агенција New China. Камиионот кој пренесувал хемикалии бил паркиран за истоварување пред складиште на фабрика за хемикалии, при што од засега непознати причини дошло до експлозијата.Кинеската полиција се’ уште нема информации за каква супстанца станува збор и што е причината за инцидентот, ја дополнува истата вест постарата државна агенција Xinhua.Од податокот дека седум лица веднаш загинале, а единаесет починале од здобиените тешки повреди подоцна во болница, се смета дека во прашање е опасна хемикалија која довела до многу силна експлозија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Фото) Распукаа патиштата во Мјанмар по разорниот земјотрес

По двата разорни земјотреси што го погодија Мјанмар, распукаа патиштата.
Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 17 километри западно од Мандалеј, на длабочина од 10 километри.
По 12 минути е регистриран втор земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала. Беше на длабочина од 12 километри, 28 километри јужно од Мандалеј.
Свет
Кралот Чарлс ги откажа сите обврски поради здравствени проблеми

Британскиот крал Чарлс Трети вчера беше кратко примен во болница поради „привремени несакани ефекти“ по планираниот третман на ракот, соопшти Бакингемската палата.
Според официјалната изјава, кралот бил отпуштен по краток престој под медицински надзор и се вратил во својата резиденција
„Неговото Височество се врати во Кларенс Хаус и како мерка на претпазливост, утрешниот распоред на ангажмани ќе биде променет“, се вели во соопштението.
На кралот Чарлс ракот му беше дијагностициран минатата година, а деталите за видот на болеста не се објавени.
Свет
(Видео) Прогласена вонредна состојба во Бангкок, десетици заробени под урнатините на облакодер

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, соопшти Американскиот геолошки институт. Стотици луѓе во тајландската престолнина Бангкок во паника излегоа од зградите откако почувствуваа дека земјата се тресе, јавува Ројтерс.
Облакодер во изградба во Бангкок се урна за време на земјотресот, соопшти полицијата. На социјалните мрежи кружат драматични снимки на кои се гледа како облакодер со градежен кран на врвот се урива во облак од прашина. Полицијата изјави за АП дека се на лице место, во близина на популарниот пазар Чатучак во Бангкок.
Additional footage showing the collapse of an under construction skyscraper in Bangkok, during today’s 7.7 magnitude earthquake on the border between Thailand and Myanmar. pic.twitter.com/NX3o5XbJtA
— OSINTdefender (@sentdefender) March 28, 2025
Службите за итни случаи известија дека 50 лица се наоѓаат во зградата што се урна во паркот Чатучак во Бангкок. Националниот институт за итна медицина соопшти дека 43 лица се заробени во зградата, додека други седум се повредени.
Тајландскиот премиер Паетонгтарн Шинаватра прогласи вонредна состојба во Бангкок.