Свет
Авганистанците бесни на НАТО
Постојат страхувања дека ќе има реакции против силите на НАТО откако утрово американски борбени авиони на повик на германските трупи нападнаа цистерни со бензин при што загинаа околу 90 лица
Од НАТО прво изјавија дека веруваат оти сите жртви се талибаснки борци, но подоцна призна откако се виде дека голем број од ранетите се цивили кои биле згрижени во болниците. Селаните од областа изјавиле дека нивните роднини црпеле бензин од цистерните и дека биле живи изгорени во огромната огнена топка што се создала при експлозијата. Некои од пациентите примени во болниците биле со целосно изгорени тела. Кабинетот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи потврди дека станува збор за 90 загинати. Тој изјави дека е длабоко натажен од инцидентот и дека испратил истажители. „Цивилите не треба да бидат вмешувани во воени операции. Целењето во врз цивилни лица во никој случај не може да биде прифатливо“, стои во соопштението на Карзаи. Се претпоставува дека инцидентот кој се случи во северната провинција Кундуз блиски до границата со Таџикистан, ќе ги поткопа мерките што меѓународните сили кои под новата команда од пред два месеца ги преземаа за избегнување на цивилните жртви. Службеници од Кудуз рекле дека биел убиени и талибани и цивили. И провинцискиот гувернер Мохамед Амар смета дека половината од убиените била вооружени, додека полицискиот началник Абдул Разак Јакуби додал дека 55 од 90-те мртви биле борци. Мохамед Сарвар, влијателен племенски старешина во провинцијата изјавил дека талибанските борци ги грабнале цистерните и пред толпата црпеле од нив гориво, кога тие биле бомбардирани. „Ние ги обвинуваме и талибаните и владата“, додал Сарвар. Портпаролката на НАТО, Кристин Сајденстрајкер изјавила дека авганистанските власти дале информација дека се грабнати две цистерни, кои авионите на НАТО ги забележале на брегот. „Откако се увидело дека само бунтовниците се во тој регион, локалниот командант на ИСАФ наредил воздушен напад со кој е уништено горивото во цистерните и се убиени голем број бунтовници“, изјавила Сајденстрајкер.Америкаското министерство за одбрана потврди дека нападот бил извршен со американски авион од типот F-15, а германското потврди дека наредбата за отворање оган ја издал германски командант на теренот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

