Свет
Најдени пет милиони долари во вештачко ѓубриво

Мексиканската војска во пратка со амониски фосфат кој се користи како вештачко ѓубриво нашла најмалку пет милиони долариво едно простаиште на Тииот Океан
Како што пренесуваат агенциите, точниот износ е 5,4 милиони долари, но тоа според сомневањето на мексиканските власти не е и конечната бројка на сокриени пари.Заплената ја зивршиле војници кои ги отркиле врзопчињата со банкнотите во гоелми кеси со хемикалии кои се употребуваат за правење вештачко ѓубриво. Пратката била откриена во пристаништето Манзанило во два контејнера кои требале да стасаат во Колумбија, а во откривањето помогнале и власите на САД и на Колумбија.Во слична пратка од Мексико на почетоткот од седмицата во Колумбија беа откриени 11,3 милиони долари, соопштија тамошните полициски власти. Тие велат дека ваквите пратки не се ретки, бидејќи мексиканските шверцери со дроги колмумбискито кокаин најчсто го купуваат во готовина па па прибегнуваат кон најразлични методи за да ја платат дрогата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Сијарто: Унгарија нема да го поддржи пристапувањето на Украина во ЕУ

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денес изјави дека Унгарија нема да го поддржи пристапувањето на Украина во Европската Унија без оглед на, како што изјави, заканите на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Коментирајќи го говорот на Зеленски на состанокот на амбасадорите претходниот ден, Сијарто на прес-конференцијата рече дека украинскиот претседател одржува „непријателски став кон Унгарија, и унгарската нација“, пренесува МТИ.
„Јасно е дека тој се однесува кон Унгарија и Унгарците како кон непријатели“, рече Сијарто.
Регион
(Видео) Голем пожар во Грција: наредена итна евакуација

Поради големиот шумски пожар што избувна денес во Грција, властите на таа земја наредија евакуација на неколку села западно од Атина, објави противпожарната служба, пренесуваат медиумите во регионот.
Повеќе од 180 пожарникари, 15 авиони и 12 хеликоптери се вклучени во гаснењето на шумскиот пожар што ја зафати боровата шума во планините во близина на Коринт, пренесува АП.
Massive fire in Corinthia Greece . Villages evacuted.
Seen firefighters battle major blaze today.
115 firefighters including three commandos unit, with 25 aircraft assisting . pic.twitter.com/5X4DECwXUp— Samiran Datta (@SamiranDatta5) July 22, 2025
Временските услови се особено тешки за пожарникарите, со оглед на тоа што Грција беше погодена од топлотен бран што донесе температури до 40 степени Целзиусови во многу делови од земјата.
Порано денес, противпожарен хеликоптер се урна во морето и потона додека се обидуваше да се наполни со вода за да се справи со друг пожар во близина на Атина.
Тројца членови на екипажот на хеликоптерот беа спасени и однесени во болница, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Почина Ози Озборн: легендата на хеви металот и фронтмен на групата Блек Сабат

Британската хеви метал легенда Ози Озборн, фронтмен на бендот Блек Сабат, почина на 76-годишна возраст, соопшти денес неговото семејство.
„Со неопислива тага мораме да објавиме дека нашиот сакан Ози Озборн почина утрово. Тој беше опкружен со семејство и љубов“, напишаа неговата сопруга Шерон и децата, објавија медиумите.
Пејачот, кој го доби прекарот „Принц на темнината“, страдаше од Паркинсонова болест неколку години.
Озборн, чие вистинско име беше Џон Мајкл Осборн, беше вокалист на хеви метал бендот „Блек Сабат“ по заминувањето на големиот Рони Џејмс Дио, тогаш популарен соло музичар.
Од 2002 година, тој е ѕвезда на реалното шоу „Озборнови“, кое прикажува секојдневни сцени од животот на неговото семејство.
Фото: принтскрин