Контакт

Свет

Тинејџер планирал масакр во неговото училиште

Објавено пред

Осумнаесетгодишник во Германија фрлил Молотови коктели при што повредил десетина соученици, а обвинителите тврдат дека планирал да убие што повеќе ученици и професори

dobivaj vesti na viber

Во нападот во германскиот град Ансбах тешко се повредени две девојки, а обвинителите изјавиле дека осомничениот нападот го планирал подолго време, па дури го запишувал и во својот дневник нарекувајќи го „Апокалиптичен ден“.„Тој своите мотиви ги објаснува со омразата кон човештвото воопштво, а особено кон училиштето“, рекла обвинителката Гудрун Лихнерберг на прес-конференција, повикувајќи се на текстови најдени во лаптопот на напаѓачот. Таа додала дека осомничениот напишал дека чувствува дека кон него во училиштето и во општеството се постапува нечесно, се чувствувал потценето и осамено.Тинејџерот вооружен со секира, ножеви и пет Молотови коктели, минатиот четврток предизвика пожар во две училници и по скалите во училиштето, напаѓајќи ги соучениците додека бегале од зградата.Полицајците го застрелале со три куршума откако со нож налетал на нив. Тој до понеделникот беше во кома, а се’ уште се наоѓал во критична ссостојба, пишуваат германските медиуми повикувајќи се на болнички извори.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Трамп го испрска сирискиот претседател со парфем: „Колку жени имаш?“

Објавено пред

Сирискиот претседател пристигна во Белата куќа низ спореден влез. На новинарите, кои подготвиле незгодни прашања за неговото џихадистичко минато, не им било дозволено да влезат во Овалната соба, пренесуваат медиумите за неговата посета.

dobivaj vesti na viber

Сепак, според написите, една снимка го открива топлиот пречек што американскиот претседател Доналд Трамп му го упатил на Ахмад ал-Шара.

„Ова е машки парфем“, рече Трамп додека го вадеше златното капаче од шишенцето со парфем и го испрска Ал-Шара.

„Ова е најдобриот парфем“, рече Трамп, забележувајќи дека има шишенце за сопругата, објавува Телеграф.

Потоа се пошегува: „Колку жени имаш? Една?“ Кога Шара се насмеа и потврди дека има само една сопруга, Трамп пријателски го потапка по раката и со насмевка рече: „Со вас, никогаш не знам.“

Прикажи повеќе...

Свет

Захарова: Велика Британија не избира, туку прави сè што може за да ги попречи преговорите за Украина

Објавено пред

Целта на неодамна објавената статија во „Фајненшл тајмс“ за средбата меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио на маргините на Генералното собрание на ОН во септември беше да се наруши процесот на преговори, изјави Марија Захарова, портпаролка на Министерството за надворешни работи на Русија, за радио Спутник.

dobivaj vesti na viber

„Оваа статија во „Фајненшл тајмс“ беше напишана со совршена прецизност.

Беше прилагодена на задачата што ја поставија.

А кои се тие? Британците, се разбира. И не британските новинари како такви, туку, се разбира, оние што стојат зад и над нив. И зошто?

Затоа што, според нив, мора да се направи сè за да се наруши процесот на преговори“, објасни таа.

Британците, потсети Захарова, ги нарушија и преговорите за 2022 година.

„Во тоа време, тие дејствуваа директно, бидејќи сè беше конечно, договорите веќе беа договорени. Ова не беа само нацрти, тие мораа да се финализираат и да се спроведат во пракса“, забележа Захарова.

Додаде дека тогашниот поранешен британски премиер Борис Џонсон отишол во Киев, каде што потоа, користејќи ги своите ресурси и на свое ниво, соработувал со Владимир Зеленски и неговиот тим.

Според неа, тие ги прекинале преговорите.

Зеленски дал наредба, односно му било наредено, а потоа ја делегирал понатаму – дека треба да се повлече од преговарачкиот процес, нагласи Захарова.

„А сега мораа да направат сè за да го расипат, некако да го спречат, да направат нешто – што било, сè – само за да ги спречат преговорите и, така да се каже, постигнувањето на некаков вид преговарачки моментум“, заклучи таа.

Претходно, „Фајненшл тајмс“ објави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио би можеле да се сретнат на 30 октомври во Будимпешта.

Захарова еднаш апелираше да не се учествува во медиумскиот циркус и додаде дека Министерството ќе ја информира јавноста за состанокот штом ќе има конкретни информации.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Стармер: Би-Би-Си мора да воведе ред во својата куќа

Објавено пред

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека поддржува силна и независна Би-Би-Си, но дека јавниот радиодифузен сервис мора „да си ја среди работата“ откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја тужи поради начинот на кој го уредил еден од неговите говори.

dobivaj vesti na viber

Би-Би-Си се најде во најголемата криза во последните децении откако нејзиниот генерален директор и извршен уредник на вестите поднесоа оставки поради критики за стандардите и обвинувања за пристрасност, вклучително и поради говорот на Трамп.

Стармер, кој изгради солиден однос со Трамп, беше прашан во парламентот дали би побарал од американскиот претседател да ја отфрли заканата да ја тужи Би-Би-Си.

Потезите на Трамп би можеле да доведат до тоа Би-Би-Си да мора да користи пари од гледачите во Велика Британија за да му плати отштета на американскиот претседател, дополнително влошувајќи ја кризата во јавниот радиодифузен сервис и критиките со кои се соочува.

„Да бидам јасен: верувам во силна и независна Би-Би-Си. Некои би сакале Би-Би-Си да не постои. Некои од нив седат таму горе“, рече тој, покажувајќи со прст кон пратениците од опозицијата, конзервативните пратеници.

„Јас не сум еден од нив. Во ерата на дезинформации, аргументите за непристрасна британска новинска служба никогаш не биле посилни“, додаде тој. Но, тој исто така рече дека Би-Би-Си мора да се држи до највисоките стандарди.

„Кога се прават грешки, тие мора да си го средат домот“, рече тој. Програмата Панорама на Би-Би-Си, емитувана една недела пред претседателските избори во САД, го прикажа говорот на Трамп во кој два дела беа неприродно комбинирани, создавајќи впечаток дека тој отворено повикува на немирите што се случија на Капитол Хил во јануари 2021 година.

Адвокатите на Трамп рекоа дека тоа било „лага и клевета“. Би-Би-Си во понеделникот призна дека станува збор за „погрешна процена“. Портпарол на Би-Би-Си објави дека радиодифузерот „ќе одговори директно во соодветно време“ на заканата од Трамп.

Трамп денес изјави дека има „обврска“ да ја тужи јавната компанија за искривување на неговите коментари. Неговите адвокати рекоа дека Би-Би-Си мора да го повлече својот филм до петок или да се соочи со тужба за „најмалку“ 1 милијарда долари.

Тие, исто така, побараа Би-Би-Си да се извини и да го обештети Трамп за она што го нарекоа „огромна штета на угледот и финансиска штета“, според писмото до кое увид имал Ројтерс.

Пратеникот од Конзервативниот парламент и поранешен министер за медиуми, Џон Витингдејл, за Ројтерс изјави дека ќе има „вистински гнев“ ако Би-Би-Си мора да користи пари од лиценцата за да финансира тужба што е резултат на сопствениот неуспех.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија. „Москва...

Македонија6 часа

Стареењето на населението и иселувањето на младите – предизвици со кои се соочува Фондот на ПИОМ

Реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но предизвици има сѐ уште, изјави директорот на...

Македонија8 часа

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер...

Македонија8 часа

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почетокот на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 отсто

До крајот на месецот или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата...

Македонија11 часа

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата што примале плата, а не оделе на работа, но и оние што им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија11 часа

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура12 часа

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија12 часа

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...

Свет12 часа

Украина го разреши министерот за правда поради корупциски скандал

Украинската влада привремено го разреши од функцијата министерот за правда Герман Галушченко, објави УНИАН. Премиерката на Украина, Јулија Свириденко, ја...

Македонија12 часа

(Видео) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколницата кај Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка....

Свет13 часа

(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време...

Свет13 часа

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во Газа од почетокот на примирјето

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во областите на Газа што ги контролира од почетокот на прекинот на огнот со...

Свет14 часа

Кинескиот претседател и шпанскиот крал Фелипе ги зајакнуваат врските, Мадрид сака кинески инвестиции

Кинескиот претседател Кси Џинпинг му соопшти на шпанскиот крал Фелипе VI дека втората по големина економија во светот сака да...

Европа14 часа

Британец намамувал девојчиња преку „Снапчат“ и ги силувал: осуден на 28 години затвор

Висок раководител на британскиот здравствен систем, опишан од судија како „лукав, интригантен и манипулативен“, е осуден на 28 години затвор...

Свет14 часа

(Видео) Тајфунот Фунг-вонг донесе поплави во Тајван, илјадници евакуирани

Тајван евакуираше повеќе од 8.300 луѓе пред доаѓањето на многу ослабениот тајфун Фунг-вонг, кој донесе обилни дождови на планинскиот источен...

Свет15 часа

Лавров до Трамп: Наместо во Венецуела, треба да се реагира во Белгија, таму е поопасно

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не спровела нуклеарни тестови, отфрлајќи ги тврдењата на американскиот претседател...

Македонија15 часа

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле

Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија1 ден

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200...

Топ1 ден

Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката

Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои...