Свет
Нови неволји за Лисабонскиот договор
Чешките сенатори кои се противат на Лисабонскиот договор би можеле да го одолговлечат неговото прифаќање за неколку месеци, пренесува BBC
Ова го изјавил портпаролот на чешкиот уставен суд, Властимил Гетингер, кој за BBC рекол дека целосната ревизија на Лисабонскиот одговор, од кого зависи натамошното функционирање на Евроспката Унија, може да трае девет месеци. Имено, во чешкиот горен дом Сенатот, 17 пратеници веќе потпишале петиција против договорот и имаат намера до крајот на септември да му ја предадат на Уставниот суд. „Сепак, претпоставувам дека ревизијата ќе трае четири месеци, зависно од самата петиција“, додал Гетингер.Чешкиот претседател Вацлав Клаус, инаку евроскептик, изјавил дека нема да го потпише Лисабонскиот догвор додека судот не донесе одлука за петицијата на сенаторите. Неговиот потпис ианку е неопходен за целосна ратификација на договорот.Претходно чешкиот уставен суд имаше донесено пресуда дека Лисабонскиот догвор не е во спротивност со чешкиот устав. Меѓутоа, таа пресуда зафаќаше многу широк дијапазон прашања, а не поединечни одредби од договорот. Оттаму, многумина во Чешка сметаат дека може да се случи Уставниот суд да мора да направи целосна ревизија на документот.Меѓутоа, дополнителни проблеми за Лисабонскиот договор можат да се јават доколку дражвите-членки на Европската Унија не го ратификуваат до април или мај 2010 г. Тогаш во Велика Британија се закажани парламентарните избори, на кои сите шанси за победа беспоговорно и’ се даваат на Конзервативната партија, а тие најавуваат дека договорот ќе го стават на референдум пред граѓаните, доколку не биде ратификуван кога ќе ја преземат власта. Во Ирска повторениот референдум за прифаќање на Лисабонскиот договор ќе се одржи на 2 октомври. Претходниот Ирците го отфрлија и со тоа го запреа процесот на негово стапување во сила. Унијата даде гаранција дека договорот нема да ги зафаќа важните елементи на ирската независност, но тие гаранции се’ уште не се ставени во текстот на договорот, забележуваат ирските противници на Лисабонскиот договор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Експлозии пријавени низ Иран
Неколку експлозии се пријавени нво Иран денеска, во услови на зголемени стравувања од војна во регионот, јави ДПА.
Во пристанишниот град Бандар Абас, на Персискиот Залив, едно лице загина, а 14 се повредени во експлозија, соопшти новинската агенција Тасним, која е блиска до Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).
Очевидци пријавиле и најмалку една експлозија во близина на главниот град Техеран. Иранските медиуми, повикувајќи се на официјален извор, наведоа дека се запалила трска во корито на река.
Во југозападниот дел на Иран, онлајн-порталот Нур њуз, повикувајќи се на шефот на противпожарната служба во градот Ахваз, објави дека експлозија на гас усмртила четири лица.
Тасним ги демантираше гласините дека експлозијата во Бандар Абас била обид за напад врз командантот на морнарицата на ИРГЦ, Алиреза Тангсири.
Државната новинска агенција ИРНА објави фотографија од делумно уништениот преден дел на повеќекатна станбена зграда. Државната телевизија соопшти дека експлозијата била предизвикана од истекување гас.
Наскоро треба да започне тридневна поморска воена вежба на ИРГЦ во Персискиот Залив, во која се очекува да учествуваат и Кина и Русија.
Маневрите се најавени во период кога американскиот претседател Доналд Трамп распореди флота, вклучително и носачи на авиони, во регионот.
Трамп во повеќе наврати ѝ се закануваше на власта во Техеран со интервенција, поради, како што наведе, бруталното задушување на протестите од страна на иранскиот безбедносен апарат.
Свет
Во Белград се урна напуштен двокатен објект
Дел од напуштен двокатен објект се урна попладнево во Белград и според службите за справување во итни случаи, нема повредени.
Шефот на Одделот за вонредни ситуации, Лука Чаушиќ, изјави дека стар напуштен двокатен објект се урнал на улицата „Џорџ Вашингтон“ во Белград околу 13:30 часот и дека е урнато градежно скеле што било наслонето на објектот.
Тој додаде дека според моментално достапните информации, нема повредени, ниту жртви.
При уривањето уништени се четири возила паркирани пред двоспратниот објект.
Во моментот се уште се врши пребарување на теренот каде се урнал објектот.
Опозициски партии упатија критики до градските власти и побараа оставка од градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.
Свет
Прекинот на струја во Киев го запре железничкиот сообраќај
Прекинот на електричната енергија во Киев го запре железничкиот и метро сообраќајот и ескалаторите низ целиот град, соопштија градските власти на социјалните мрежи.
Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, подземните метро станици сега функционираат како засолништа.
– „Во Киев, како и во многу градови во Украина, имаше итни прекини на електричната енергија. Сообраќајот во метрото беше запрен поради низок напон во електричната мрежа. Подземните метро станици моментално можат да работат само како засолништа, на резервна електрична енергија, соопшти Кличко на Телеграм.
Технички прекини на два далноводи што ги поврзуваат Украина, Молдавија и Романија денеска доведоа до прекин на електричната енергија на украинската мрежа, соопшти украинското Министерство за енергетика и потврди дека во најмалку три региони и главниот град Киев имало итни исклучувања.

