Свет
Германците во недела излегуваат на парламентарни избори
Канцеларката Ангела Меркел, на последниот предизборен митинг во Берлин апелираше гласачите масовно да зилезат на утрешните парламентарни избори
„Запаметете дека правото на глас е прекрасно право“, рекла Ангела Меркел пред своите сопартијци од Христијанско-демократска унија (CDU), додавајќи дека такво право немала цели 35 години кога живееше во комунситчката Германска Демократска Република. Се очекува на утрешните избори најмногу гласови да освои нејзината владејачка паритја , но тамошните медиуми забележуваат дека една третина од избирачите се’ уште се неопределени. Германскиот претседател, Хорст Келер, исто така ги гласачите масовно да зилезат на утрешните избори. „Гласањето на изборите покажува дека ви е грижа за тоа овие избори реално да ја одразат волјата на народот. Кој нема да гласа на изборите, нема да е претставен во парламентаот. Ако не гласате, нема да има никој, кој би можел да ги претставува вашите интереси во парламентот. При тоа, дури е можно да ги заврстите позициите на оние, кои дејствуваат не како што вие би сакале. Нема ниту една паметна причина да се презема таков ризик“, пишува Келер во предизборното обраќање обајвено во германските интернетски страници.Според анкетата направена за магазинот Stеrn, Меркел и нејзината конзервативна Христијанско-деморкатска унија (CDU) има девет отсто поголем рејтинг отколку нејзиниот најголем ривал Социјалдеморкатската партија (SPD), со која во последниот четиригодишен мандат ја сочинува големата владејачка коалиција. Според резултатите CDU би освоила 35 отсто од гласовите, а FDP 13 отсто, додека кај левите партии SDP води со 26, а Левата партија има 10 отсто.Директорот на агенцијата Forsa која го извршила истражувањето на рејтингот на париите, изјавил дека на неделните избори ќе има тесна трка. Сепак, аналитичарите предупредуваат и дека можеби анкетите и не го даваат најточното расположение на гласачкото тело, давајќи го примерот со анкетите пред парламентарните избори во Германија во 2002 и 2005 г. Имено, во последните два дена пред изборите пред четири години, конзервативците загубија шест отсто од рејтингот. Според аналитичарите, тоа се должи на фактот што голем број гласачи се одлучуваат за кого ќе гласаат на самиот изборен ден. А нивната бројка се движи меѓу 20 и 24 проценти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Фински политичар до малите држави: Приклучете се кон ЕУ, тоа ви носи заштита
Во рамки на дискусијата за глобалната трговија и иднината на државите во новиот светски поредок, финскиот политичар Александар Стуб даде јасен совет за обезбедување стабилност. Според него, најдобриот рецепт за помалите држави е членство во Европската унија, додека директорката на Светската трговска организација (СТО), Нгози Окоњо-Ивеала, истакна дека и покрај критиките, постоечкиот систем покажува отпорност.
На прашањето како другите земји би требало да постапат за да си ја обезбедат иднината, Стуб полушеговито одговорил: „Приклучете се кон Европската унија – тоа ви носи заштита“, изјавил тој.
Како што посочил дека важноста на ваквите сојузи станала уште поочигледна по заканите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Гренланд.
Стуб објасни дека царини не може да се воведат само за некои членки, бидејќи „тогаш царина од 25% би важела за целата Европска унија“. На малите и средни сили кои не се членки на ЕУ им препорача активно да се вклучат и да ги поддржат мултилатералните трговски организации, за да обезбедат одредено ниво на заштита.
Претходно, на иста тема се осврна и директорката на СТО, Нгози Окоњо-Ивеала, која изјави дека иако не се согласува со едностраните потези на САД, се согласува со многу од нивните критики кон трговскиот систем.
„Системот не се развиваше, не се менуваше брзо и не реагираше соодветно на светските промени. Некои од критиките дека не функционира добро се основани“, призна таа.
Сепак, таа нагласи дека:
„И покрај огромните пореметувања и најголемото поткопување на глобалните трговски правила во последните 80 години, системот покажува отпорност.“
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.

